|
|
МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО КАНАДА (30) |
ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН Етничките организации во новите средини на Македонците во Канада ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвот 2. КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ДОМ. Една од најзначајните македонски институции е, секако, Канадско-македонскиот дом. Првиот иницијативен одбор на овој дом бил формиран во 1969 година и прераснал во Управно тело - Борд на директори кој броел 15 члена и својата официјална дејност ја започнал во 1971 година. Ова тело кое било акционерско, секоја година преку избори доживува промени. Во аналите на Кандско-македонскиот дом е запишано дека во 1973 година било купено место со површина од над 3 хектари на кое е изграден домот, што е од интерес и потреба за сите Македонци кои живеат во Торонто и околината. Потоа на 7 мај 1978 година и официјално бил ставен камен темелникот, а на 24 септември 1978 година свечено била откриена резба во камен со натпис “CANADIAN - MACEDONIAN PLACE 1978”. Домот на свеченото отворање го нарекле “Цанадиан Мацедониан Сениор Цитизеннс Центре Ассоциатион”, а меѓу доселениците е познат како Канадско-македонски старски дом. Свеченото отворање на Домот било извршено на 17 јуни 1979 година. Тогаш бил отворен комплекс од модерни згради со 110 апартмани, станови, со сите помошни простории, со 1 спална, кујна, гостилница, приемна соба, балкон, купатило и др. На свеченото отворање настапиле: групата “Македонка” при црквата Св. Климент Охридски, охридскиот пеачки состав “Билјана”, португалското КУД “Назаре”, потоа јапонски, филипински, австриски и ирски играорци. Во Канадско-македонскиот центар, кој на 12 јуни 1994 година ја прославил 15-годишнината од отворањето, со успех работи женската секција “Ќерките на Македонија”. Таа е формирана во 1977 година и во неа учествуваат видни граѓанки на Канада од македонско потекло. Исто така, во состав на Центарот со успех работи Македонско-канадскиот пензионерски клуб, прв во Торонто, кој бил отворен на 15 јануари 1974 година, а официјално регистриран на 1 април 1977 година. Таму работи и Канадско-македонското историско друштво, кое има и своја библиотека во Домот. 3. МАКЕДОНСКИ АСОЦИЈАЦИИ ВО СОСТАВ НА ЦРКВАТА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ИГРАОРНАТА ГРУПА “МАКЕДОНКА” била формирана во 1959 година. Групата меѓу македонските доселеници во Торонто, првобитно била позната под името “Танец” и “Вардар”. Кога настапувала пред пошироката канадска публика се појавувала со името “Македонска фолклорна група”. Групата “Македонка” во 1959 година станала гранка на организацијата “Обединети Македонци”, која била основана истата година. Во 1964 година, групата се одвоила од “Обединети Македонци” и почнала да настапува самостојно. С# до 1968 година “Македонка” успешно настапувала на голем број концерти, главно пред македонската заедница во Торонто. Во 1969 година групата ¼ пристапила на црковната општина Св. Климент Охридски и станала нејзина членка. Во 1970 година го добила сегашното име “Македонка”. С# до најново време, оваа група била и е една од носителите на културниот и забавниот живот на македонското иселеништво во Торонто. Во своето долгогодишно постоење групата “Македонка” имала многубројни настапи и, се разбира, добиени признанија и награди. Во 1971 година “Македонка” гостувала во Македонија, како гостин на Матицата на иселениците од Македонија. Тоа било првото гостување на групата во Македонија. Била чест гостин на фестивалот “Илинденски денови” во Битола, каде што со свои концерти настапила во 1978, 1982 и 1989 година. Групата “Македонка” на канадската јавност ¼ е позната со учество на повеќе фестивали и турнеи низ разни делови на Канада. Скоро секоја година настапувала на меѓународниот фестивал во Торонто, познат под името ЧИН. За неколку настапи има добиено први награди, и тоа во 1980, 1986, 1989 и 1991 година. Во 1979 година била гостин на провинцијата Нова Скошија, во својство на најдобра група на провинцијата Онтарио. Во Саскачен групата “Македонка” престојувала во 1980 година. Во 1983 година “Македонка” ја претставувала Канада на Меѓународниот фолклорен фестивал во Порто Рико, Јужна Америка, а реализирала и успешна турнеја во Австралија. МАКЕДОНСКОТО НЕДЕЛНО УЧИЛИШТЕ е место каде се продолжуваат традициите и се негува мајчиниот македонски јазик. Тоа постои од самото формирање на црквата Св. Климент Охридски до денес. Во него се школувале голем број ученици и предавале бројни наставници кои придонеле во процесот на културата и образованието. ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО “БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” при црковната општина Св. Климент Охридски во Торонто било формирано на 6 март 1987 година. Првата литературна вечер, ја одржало во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на познатиот Зборник на браќата Миладиновци и во чест на формирањето на друштвото. Тогаш, за прв пат пред македонската заедница во Торонто членовите се преставиле со свои творби. Потоа на 1 јули 1989 година ја печателе првата публикација “Литературна мисла”. Во првиот број на ова списание се застапени сите членови на друштвото со по една песна. Вториот број на “Литературна мисла” излегол од печат следната година, а во него членовите на друштвото се застапени со по неколку песни. Третиот број се појавил во 1990 година, а во септември 1991 година, четвртиот број. Истата година излегла од печат книгата поезија на членовите на ова литературно друштво под наслов “Траги во времето”, а во 1993 година книгата под наслов “Глас од далечината”. Во 2001 година излегла од печат стихозбирката “Мостови”, во која сите членови се застапени со повеќе песни. Литературното друштво “Браќа Миладиновци” од 1989 година се јавувало и како организатор на “Деновите на македонската култура и литература” во Торонто. Оваа манифестација се одржува во мај, а се покануваат и гости од Македонија. ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА при црковната општина Св. Климент Охридски во Торонто, започнала да работи во 1984 година. Во текот на своето постоење, се појавила со шест драмски претстави. Драмската секција своите претстави, со ретки исклучоци, ги изведувала во просториите на црквата Св. Климент Охридски. Настапувала и во некои театри во градот, како и на приредбата “Оро македонско”, во организација на Македонско-канадската федерација. Настапила во градот Виндзор и во Република Македонија, на театарските денови “Војдан Чернодрински” во Прилеп и на други места. ЦРКОВНИОТ ХОР при црквата Св. Климент Охридски бил формиран во осумдесеттите години во помал состав и со скромни обиди. Денес тој претставува значаен фактор во црковното живеење и е еден од најдобрите македонски црковни хорови. Главно настапува за време на одржувањето на светите богослужби секоја недела и на големите христијански празници, а настапил и надвор од црквата. Во хорот членуваат дваесеттина љубители на македонското црковно пеење од различна возраст. ШАХОВСКИОТ КЛУБ при Св. Климент Охридски, е една од помладите секции на црквата. Во последно време постигнува забележливи резултати. Членовите на овој клуб редовно се натпреваруваат во Онтарио на повеќе важни турнири. Во просториите на клубот, во црквата Св. Климент Охридски во 1992 година, за прв пат бил одржан шаховски турнир на кој зеле учество околу 240 шахисти од провинцијата Онтарио. ДРУШТВОТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”, како гранка на црковната општина Св. Климент Охридски било основано во 1990 година. Тоа е официјално регистрирано влегува во склопот на “Обединетите пензионери на Онтарио”. Во него можат да членуваат лица со надминати 55 години. Друштвото во просториите на црквата Св. Климент Охридски има свој клуб, кој работи од понеделник до петок. Тоа е од отворен тип и во него можат да членуваат и припадници на други етнички групи. Секој четврток пензионерите организираат заеднички ручек. Прололжува
|