Среда, 30 Август 2023   
ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО ДЕМОКРАТСКА КАНАДА (32)

1kir1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Етничките организации во новите средини на Македонците во Канада ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕЧКИ ПРАВА бил фор­ми­ран на 8 август 1986 година. На тој ден се одржал официјален состанок на гру­­пата активисти за човекови права, кои развиле широка активност на ме­ѓу­на­роден план. Така, една од првите задачи на Комитетот била да се запознае јав­­носта со не­­говите цели и задачи; со барањето на Комитетот за почи­ту­ва­ње на човечките права на Македонците во Егејска Македонија, а во прв ред, за признавање на македонското национално малцинство во Грција.

Ма­ке­дон­скиот комитет за човековите права деј­ствува надвор од границите на Македонија, со што македонското прашање добило светски размери, а посебно прашањето за заштитата на правата на мал­цин­ствата во Грција, Бугарија и Албанија.

МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Првата македонска сту­­дент­­ска организација била формирана во Торонто во 1987 година, на ис­тои­ме­ниот универзитет. Се проценува дека на универзитетот “Торонто” студираат околу 250-300 студенти од втората и третата генерација на македонското иселеништво. Посебна улога во организирањето и работата на македонската студентска организација одиграла Катедрата по македонски јазик.

Македонската студентска организација при универзитетот “Торонто” одржувала тес­на соработка со повеќе етнички студентски организации.

Втората македонска студентска организација била основана во рамките на универзитетот “Јорк” во Торонто. Овој универзитет е познат како етнички уни­верзитет, бидејќи во него студираат студенти од повеќе етнички групи.

Третата по ред македонска студентска организација постои во рамките на Политехничкиот институт во Торонто. Во тек на формирање се и други ма­­кедонски студентски организации на универзитетот во Скарборо и во Кингстон.

Исто така, во Торонто постојат и други македонски младински орга­ни­за­ции во чии редови била вклучена школската младина од средните учи­лиш­та и мла­дин­ската организација на вработените млади Македонци. Сред­но­школ­ската мла­динска организација била основана во 1992 година.

Во Торонто постои и организацијата “Децата на Александар Ма­ке­дон­ски”, која во своите редови, главно, ги собира новодојдените млади луѓе од Ма­кедонија.

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКОТО МЕДИЦИНСКО ДРУШТВО било основано во 1990 година, во главниот град на Канада, Отава. Група лекари ја иницирале потребата од организиран настап на лекари од македонско потекло, кои живеат во Канада и во САД. Тие во исто време ор­­ганизирано дејствуваат во зачу­ву­вањето и зацврстувањето на македонските корени, како и во одржувањето на тесни врски со Македонија.

Во почетокот друштвото се викало “Македонско-канадско лекарско дру­штво”, а во 1992 година го променило името во “Македонско-ка­над­­ско друштво за медицински стручњаци”.

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА била основана во август 1990 година во Торонто. Иницијаторите за создавање на федерацијата со писма и покани им се обратиле на сите македонски друштва и организации да учес­т­вуваат на заедничкиот состанок, на кој се донела одлука за основање на фе­дерацијата. На состанокот бил донесен статут на федерацијата, кој прет­­­ход­­но бил прифатен од канадските власти и изработен во согласност со за­ко­ните на Канада.

Канадско-македонската федерација покажала активност, во прв ред, во помагањето на македонското лоби во борбата за признавање на Република Македонија од Обединетите нации и од други меѓународни институции, како и во пружање материјална помош. Федерацијата го организирала “Македонско оро”, на кое биле присутни голем број македонски доселеници и претставници на канадските власти. За време на оваа културна манифестација биле собрани големи финансиски средства за помош на Македонија, кои, главно, биле наменети за купување лекови.

МАКЕДОНСКА КАТЕДРА. Основите на македонската катедра по маке­дон­ски јазик во Торонто биле поставени на Третата славистичка конфе­рен­ција во 1997 година. Таа била оранизирана со голема поддршка на уни­вер­зитетски професори и студенти од Канада и САД, како и од Македонци обе­ди­нети околу црквата Св. Климен Охридски и литературното друштво “Браќа Ми­ладиновци”. Денес Македонската катедра е една од најзначајните на север­но­а­­ме­ри­кан­скиот континент.

КАНАДСКОТО-МАКЕДОНСКОТО ИСТОРИСКО ДРУШТВО било ос­­­новано во 1991 година како непрофитна организација, а неговата главна цел била објективно да се регистрира и обработи историјата на македонското исе­леништво во Канада.

1kir11

 

Членовите на ова друштво се лица од најразлични професии и возраст, на кои историјата на иселеништвото и Македонија им претставува преокупација. Мисијата на друштвото е да ги проучува достигнувањата на канадските Македонци во времето и просторот, како и да го документира развојот и чувањето на на­цио­налните традиции, културата, религијата, јазикот и историските моменти од почетокот до денес.

Исто така, една од задачите на друштвото е да ја запознае канадската научна јавност со потеклото на Македонците и со нивниот придонес во развојот на Канада и на нејзиното општество. Тоа работи во просториите на Канадско-македонското место, каде има библиотека со соодветна опрема. Друштвото било организатор на разни предавања од областа на македонската историја, јазикот и културата.

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКА ДЕЛОВНА И ПРОФЕСИОНАЛНА АСО­ЦИЈА­ЦИ­ЈА. Таа била основана во 1992 година во Торонто. Иницијаторите за формирање на оваа деловна асоцијација биле бизнисмени, кои во септември 1992 година одржала основачко собрание, на кое била избрана и нејзината управа.

Целта на Македонско-канадската деловна и професионална асо­ци­јација би­ла да ги собере и меѓу себе да ги зближи бизнисмените од македонско по­текло во Канада; да им се помогне на помалите бизнисмени во из­диг­нувањето и про­ши­рувањето на нивната дејност; да ги помага македонските средства за јавно информирање и др.

Посебно место во програмата на Македонско-канадската деловна асо­ци­јација заземала помошта за Република Македонија, потоа зацвр­сту­ва­ње­то на контактите со македонските бизнисмени во Македонија.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Учество на Македонците во Романското востание

Почетокот на XIX век за поробените балкански народи означува и почеток на националните борби за осло...

Култура и туризам

News image

ЕДЕН КАМЕН - ЕДНА ЛИРА, Срцето на Марул е црквата Света Мала Богородица

Во марулскиот синор се познати две цркви и девет населби наречени девети марули. Населбите се на пов...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (35)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.