|
|
МАКЕДОНСКИ СЕЛСКИ И ОКОЛИСКИ СОЦИЈАЛНО - КУЛТУРНИ БРАТСТВА И СПОРТСКИ АСОЦИЈАЦИИ (34) |
ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН Македонските селски и околиски социјално – културни братства во Канада ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото БИТОЛСКОТО ОКОЛИСКО СПОМАГАТЕЛНО-КУЛТУРНО ДРУШТВО “ПЕЛИСТЕР” било основано во 1960 година. Во својот состав ги собирало жителите од битолскиот регион. Првобитно се викало спомагателно-културно друштво “Битола”. Тоа развило бројни активности, меѓу кои и првиот пикник што го организирало во јуни 1960 година. Во 1969 година бил формиран фудбалскиот клуб “Битола”, кој постоел до 1985 година. Од таа година клубот настапувал под името “Македонија” и бил член на Македонско-канадската фудбалска лига. Во 1979 година од ова друштво се формирале четири друштва и тоа од селата: Велушина, Лажец, Граешница и Драгош. Денес овие четири друштва работат самостојно. Тие имаат свои управи и статути, но сепак настапуваат заеднички. МАКЕДОНСКОТО СПОМАГАТЕЛНО ДРУШТВО “ПРЕСПА” било основано во 1961 година, кога во Торонто се зголемил бројот на доселениците од Преспа. Во 1983 година, друштвото било регистрирано пред канадските власти под името “Македонско спомагателно преспанско друштво”, со свој статут. Во статутот, пак, името на друштвото гласи: Преспанско-ресенско добротворно друштво “Преспа”. Добротворното друштво “Преспа” во своите редови ги собира Македонците кои потекнуваат од преспанскиот регион, без оглед на тоа на кој дел од Преспа му припаѓаат. КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО И СОЦИЈАЛНО ДРУШТВО “ЗДРУЖЕНИ БРАНОВИ”. Во ноември 1980 година, бил формиран привремен управен одбор кој требало да пристапи кон формирање на друштво кое ќе ги собира жителите од охридскиот регион: Охридско, Струшко, Дебарско и Кичевско. Потоа, на 7 февруари 1981 година се одржало членско собрание на кое било донесена одлука за избор на званична управа и избор на името на друштвото. Културно-просветното и социјалното друштво “Здружени бранови”, активно учествувало во животот на иселеништвото во Торонто. Меѓу другото, во 1992 година активно се вклучило во акцијата за собирање на лекови за Македонија. ПРИЛЕПСКОТО КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО “Прилеп” било основано во 1990 година. Друштвото соработува со повеќе друштва од Торонто, а посебно со Мариовското и со Битолското друштво. Исто така, во Торонто постојат и следните друштва: “Полог”, “Граешница”, “Обединети Мариовци”, “Скопје”, “Брајчино”, “Љубојно”, “Евла”, “Велушина”, “Драгош”, “Горничево”, “Лажец”, “Болно”, “Арменско”, “Трнава - Прасино”, “Статица”, “Зелениче” и др МАКЕДОНСКА ФОНДАЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ДЕЦА. Оваа хуманитарна организација е регистрирана на 6 март 2002 година во Торонто. Таа ги помага сите деца, особено децата во Македонија кои настрадале во војната. МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ СОСТАВИ. Во Торонто постојат поголем број македонски музички состави. Меѓу познатите оркестри се: “Децата од Буф”, “Илинден”, “Изгрев”, “Бисер” и други. Исто така, поголемиот број играорни групи имаат свои оркестри. КАНАДСКО-МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА. На просторот на Канада во минатото и денес постојат повеќе македонски фудбалски клубови. Некои од нив им припаѓаат на селските спомагателни друштва, а некои на македонските црковни општини. Во повеќето случаи ваквите фудбалски клубови главно настапуваат за време на пикниците или пак на некои свечености. Во 1984 година била формирана Канадско-македонската фудбалска лига во Торонто, во чиј состав влегле следниве македонски фудбалски клубови: “Солун”, “Вардар”, “Мариово”, “Скопје”, “Победа”, “Охрид”, “Партизани”, “Брајчино”, “Здружени бранови” и “Македонија”. Во 1987 година, Канадско-македонската фудбалска лига се прошири со клубовите “Буф” и “Преспа”. Во последните неколку години фудбалските екипи на “Скопје”, “Вардар”, “Солун” и “Македонија” постигнувале добри резултати во лигите, а биле победници и на многу турнири организирани во Онтарио, како и во државата Њујорк. Оваа традиција ја продолжил и новоформираниот клуб “Македонски ѕвезди” составен од најдобрите играчи од Македонската фудбалска лига. “Македонски звезди” ги зазел првите места во лигата и во купот на лигата, а бил победник и на традиционалниот турнир во Бафало, САД.
За време на илинденските прослави, во организација на “Обединети Македонци”, се одржува таканаречениот Илинденски фудбалски куп, на кој се натпреварувале сите македонски фудбалски клубови за освојување на Илинденскиот трофеј. Македонските фудбалски тимови учествувале и во натпреварите за време на одржувањето на македонските црковни собири, како и за време на пикниците, на селските и околиските друштва во Торонто. Фудбалската игра меѓу Македонците во Канада има големи традиции и е една од најпопуларните спортски игри. КАНАДСКО-МАКЕДОНСКА ХОКЕАРСКА ЛИГА. Еден од најомилените спортови меѓу младите Македонци во Канада е, секако, хокејот на мраз. Веројатно тоа е одраз на местото што хокеарскиот спорт го зазема во животот на Канаѓаните. Таму, подолго време постоела “Канадско-македонската хокеарска лига”, во чиј состав биле: “Обединети Македонци”, “Македонско сирење”, “Македонска ресторанска кооперација”, “Канадски федерии МФГ.”, “Наб хил фармс”, “Кристален мраз” и др. Притоа, Македонци - хокејари играат и во највисоките тимови на Канада. ОТВОРЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ГОЛФ ТУРНИР во Торонто постои од 1942 година, а бил основан од познат македонски иселеник и бизнисмен. На оваа спортско-рекреативна манифестација главно учествуваат канадски бизнисмени од македонско потекло, чии семејства биле дојдени во Канада пред Втората светска војна. Учесниците на турнирот од организаторот добиваат награди во вид на капи, кошули со македонското знаме и др. Победникот на турнирот добива специјален пехар. Турнирот се одржува во јули секоја година. Обединети Македонци во Хамилтон. Почетните активности за формирање на огранок на националната организација Обединети Македонци во Хамилтон биле присутни уште од формирањето на оваа организација во Торонто. Меѓутоа, иницијавата се покренала на 16 ноември 1968 година во Торонто, а се продолжило на состанокот одржан на 17 мај 1970 година во Хамилтон. Тогаш, всушност, се дало предлог за изградба на македонската православна црква св. Наум Охридски од Хамилтон. Обединети Македонци во Виндзор. Активностите за формирање огранок на оваа организација во Виндзор започнале на состаноците на 16 ноември година во Торонто и на 7 јни 1969 година во Детроит. По конституирањето огранокот покажал активности, особено на Конвенција во Торонто во септември 1970 година. Журналистичко друштво. Оваа единствена новинска асоцијација во иселеништвото била формирана во Виндзор од група вљубеници во новинарството. Таа постоела повеќе години и во неја членувале бројни македонски иселеници од Канада и САД кои се занимавале со новинарство. Буфско друштво. Ова селско друштво на доселеници од селото Буф, Леринско било формирано на 26 март 1944 гидина во Виндзор. Во него членуваат голем број буфчани кои имаат купено свое место кое се вика Буфско село. Тоа е на брегот на езерото и зафаќа простор од десетина хектари, каде е изградена куќа со кујна и им служи на буфчани кога организираат пикници и други собирања. Македонското друштво Преспа. Ова друштво било формирано во 1976 година од неколку ентузијасти од Преспа. Во него членуваат околу 7о семејства од сите делови на Преспа, кои организираат бројни манифестации. Така, ова друштво било организатор на банкети, вечеринки и музички средби кои се одржувале во црквата Св. Никола. Тетовското друштво Полог. Ова друштво било формирано во 1981 година во Виндзор и во него членуваат стотина тетовски семејства. Тоа органиџирало пикници и други организации. Во рамките на друштвото, во 1983 година бил формиран спортскиор клуб Тетекс кој се натпреварувал во потсојузната лига. Прололжува
|