Среда, 27 Септември 2023   
РАЗЛИЧНИ МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (36)

1aci1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Македонските селски и околиски социјално – културни братства во САД ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини, особено во Детроит

КЛ ДРУШТВО “ЉУБОЈНО”. Покрај друштвото “Преспа”, доселениците од Љу­бој­но се организирани и во свое селско друштво “Љубојно”, кое е основано во 1992 година. Во градот Детроит живеат над 100 семејства од Љубојно, а, исто та­ка, ги има и во други американски градови, на пример, во Чикаго, околу 20 се­мејства, потоа во Охајо, во Калифорнија и во Канада. Се претпоставува де­ка на овие простори на Северна Америка има околу 300 семејства од селото Љу­бојно.

Посебна грижа друштвото води за селото Љубојно. Со негови сред­ства се одржуваат црквите, гробиштата и други комунални објекти. Во 1993 го­дина е спроведена посебна хуманитарна акција за собирање средства за ку­пување на лекови за амбулантата во селото. Истата година произлезе и иде­јата да се соберат пари и за изградба на патот од селото до манастирот Св. Петар.

Друштвото “Љубојно” еднаш годишно на празникот св. Атанас (летен), на 15 мај, (најблиската сабота или недела) организира пикник, како сеќавање на селската слава, која се одржувала во манастирот Св. Атанас. На тој ден се организира и игранка, на која се покануваат сите Македонци доселеници во Детроит, а исто така и љубанчани од другите делови на Америка.

ДРУШТВО “ПЕЛИСТЕР”. Тоа било формирано во 1989 година од група ма­кедон­ски доселеници од битолскиот крај. Во него членувале претежно би­тол­чани кои биле доста активни во периодот на формирањето на друштвото. Та­ка, тие биле организатори на пикници, игранки и друг вид другарувања, ко­га се собирале македонски доселеници не само од Битолско, туку и од други краишта од Македонија.

УБ “СКОПЈЕ”. Оваа асоцијација била формирана во ноември 1999 година од група новодојдени македонски доселеници од Скопје и Скопско и нивни пријатели. Тој е еден од помладите клубови во Детроит.

МЛАДО ДРУШТВО “ПОЛОГ”. Младинците од Детроит чии дедовски корени се протегаат во Македонија, во тетовскиот регион формирале свое друштво. Тоа било основано на 10 ноември 2001 година, кога и се организирала голема гру­па младинци, претежно ителектуалци. Младото друштво “Полог” било ор­га­низатор на бројни игранки и други собирања.

КЛУБ “ЛЕШЕК”. Еден од најмладите македонски клубови во метрополата Детроит е “Лешек”.Тој бил формиран во текот на 2001 година, а бил регистриран пред американските власти во јануари 2002 година. Овој клуб е собиралиште на доселениците од селото Лешок, Тетовско и е организатор на селската слава посветена на св. Богородица.

НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ИЗГРАДБА НА БОЛНИЦА. Во фев­руари 1946 година, на еден свечен банкет во Њујорк, Болничкиот иницијативен комитет на Македонците од САД, во неговата голема желба да помогне на својот народ и на новата македонска држава, покренал иницијатива за изградба на бол­ница во Скопје. Потоа во летото 1946 година се одржала конференција од прет­ставници на македонските организации од САД и Канада, како и делегати од повеќе македонски друштва, селски и црковно-спомагателни братства. Бил избран Национален комитет за изградба и екипирање на една модерна болница во главниот град на тогашна Народна Република Македонија, Скопје. Со средствата на македонските доселеници од САД, Канада и Австралија бил изграден и опремен болничкиот комплекс во рамките на Државната болница во Скопје и на 8 јули 1958 година бил свечено пуштен во употреба.

Исто така, во Њујорк првпат македонскиот радиочас започнал со ра­бо­та на 10 септември 1971 година и работи до денес. На програмата се зас­та­пени вести од Републиката, од македонската колонија во Њујорк и Њу Џерси, рек­лами, поздрави и желби, репортажи, историски осврти и други материјали од областа на културата и музичкото творештво.

Телевизиската програма на македонски и на српско-хрватски јазик, пак, започнала 1975 година во Њујорк и се емитувала еднаш неделно во траење од 30 минути. Телевизискиот час бил еден од најгледаните меѓу доселениците од сите делови на Македонија, Југославија и Балканот, а обилувал со разни­ вид­ови програми од областа на културата, стопанството, историјата. Се из­др­жувал од бројните рекламно-пропагандни материјали на различни сто­пан­ски организации.

Исто така, во Њујорк, во осумдесеттите години се емитувал теле­ви­зис­ки час на кој биле застапени главно емисии од спортскиот живот во Ју-го­славија, а во тие рамки и во Македонија.

1aci11Женската група на ансамблот „Томов“

АНСАМБЛОТ “ТОМОВ”. Во градот Њујорк со успех работеше Ансамблот за народни игри и песни “Томов”. Ансамблот “Томов” е формиран 1974 година со цел да ги прикажува на американскиот кон­тинент богатите игри и песни од Бал­канот, посебно од Македонија. Тој е составен ис­клу­чиво од Американци, ен­тузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само умет­ничкиот директор и ко­рео­граф е Македонец. Тоа е единствен ансамбл во све­тот од ваков вид. По­го­лем број од членовите по за­нимање беа професори, инженери, научници, кои своето слободно време го по­светувале на убавите игри и песни од бо­гатата маке­донска фол­клор­на традиција. Оригиналните игри на ансамблот “Томов” и’ се познати на маке­донската јавност уште од 1979 година, кога првпат аме­ри­кан­ските играорци со успех гостувале во Република Македонија.

Ансамблот “Томов” во своето постоење има постигнато огромни ре­зул­тати околу ширењето на македонската култура. Секоја година одр­жу­вал од 6 до 14 концерти во најпознатите светски сали: Карнеги хол и Лин­колн цен­­тарот во Њујорк, во Бостон, Вашингтон, Чикаго и во многу други по­големи и помали градови во САД и во Канада; настапувал на повеќе те­ле­ви­зис­ки ста­­ници во САД; учествувал и на свеченото отворање и затворање на Зимски­те олим­писки игри во Лејк Плесид 1984 и на специјалистичкиот концерт за све­че­ното отворање на Елис Исланд 1990, но и на многу фолк фестивали во Аме­рика. Најпознатите весници: “Њујорк тајмс”, “Денс магазин”, “Дејли њуз”, “Ри­вердејл прес”, “Денс ривју”, “Балерт њуз”, “Д'тајмс хералд”, “Артс” и други без исклучок давале највисоки оценки за кореографијата, беспрекорната техника на изведување и одушевувањето  кое го предизвикува ансамблот со сите изворни ора и песни од Македонија, а посебно со “Невестинското”, “Калајџиското” и др.

Ансамблот “Томов” гостувал во Македонија, на сите фолклорни фести­ва­ли и пошироко на бившите југословенски простори, и тоа: 1974, 1975 и 1983 на Бал­канскиот фестивал во Охрид; 1976, 1977, 1979 на “Илинденските денови” во Битола; 1975 и 1976 на Смотрата на фолклорот во Загреб; 1975 на Ду­бро­в­ничките летни игри; 1981 и 1989 година на “Скопското лето” во Скопје и 1991 на Семинарот за фолклор во Струга. Неговата активност била активно следе­на и од македонските јавни медиуми.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС. Оваа асоцијација, која се бори и ја брани македонската вистина во земјата и во светот, е регистрирана во метрополата Њујорк на 25 мај 2000 година и има своја канцеларија. Исто така, Светскиот македонски конгрес има свој огранок во Њу Џерси.

МАКЕДОНСКИ СВЕТСКИ КОНГРЕС. Иницијатори на Македонскиот светски конгрес била група македонски доселеници од САД и Канада. Првата средба била одржана во март 1992 година во Њуварк, Њу Џерси. Потоа, на 20 мај 1992 година, како непрофитна асоцијацијата била регистрирана во државата Флорида. Првиот конгрес бил одржан на 3 и 4 јули 1993 година во Дирборн, Мичиген. Македонскиот светски конгрес има голем придонес, меѓу другото, за признавањето на Република Македонија.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“

Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој п...

Историја

News image

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и т...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 63 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сид...

Култура и туризам

News image

ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕТО ВО ВЕЧНИО РИМ ВО 1990 ГОДИНА – ДЕЛ I (44)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛ...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПРАВИЛАТА НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” (8)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.