Среда, 04 Октомври 2023   
МАКЕДОНСКИ КЛУБОВИ И ДРУШТВА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА (37)

1klu1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Македонските селски и околиски социјално – културни братства во Европската Унија ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини,

Здружението на Македонците во Унгарија не добивата никаква помош од владата на Унгарија, така што сите манифестации тоа ги организира со средства на членовите и со помош на македонските иселеници во прекуокеанските земји. Нивната најзначајна манифестација е Средбата на Македонците во Унгарија, што традиционално се одржува на 24 мај. На средбата редовно присуствуваат по 200-300 Македонци од повеќе градови во Унгарија. Тој ден се пеат македонски песни, се играат македонски ора, се евоцираат спомени од најраното детство, се дискутира за нивните проблеми, а се тагува и се радува во исто време.

По започнувањето на демократските процеси во Унгарија, во периодот на транзицијата во оваа земја, се создадоа услови и Македонците да формираат свое здружение. Здружението на егејските Македонци во Унгарија, со седиште во Будимпешта, е формирано на 30 април 1995 година, а е регистрирано на 17 мај наредната година, во кое членуваат триесетина македонски патриоти. Здружението не добива никаква помош од Владата на Унгарија, така што сите манифестации тоа ги организира со средства од членовите и со помош на македонските иселеници во прекуокеанските земји.

Нивна најзначајна манифестација е средбата на Македонците во Унгарија, што традиционално се одржува на 24 мај. На средбата редовно присуствуваат по 200-300 Македонци од повеќе градови во Унгарија. Тој ден се пеат македонски песни, се играат македонски ора, се евоцираат спомени од најраното детство, се дискутира за нивните проблеми...

Една од позначајните активности на Здружението на егејските Македонци во Унгарија е и издавањето на весникот “Македонски извор”. Првиот број на овој весник излезе на 2 август 1993 година. Весникот се печати во тираж од 150 примероци, а излегува еднаш во месецот. Излегувањето на секој нов број на “Македонски извор” претставува празник за Македонците во Унгарија. Во весникот се објавуваат теми од историјата на македонскиот народ, како и инфорамции за поактуелните настани во Македонија. Весникот се печати со помош на спонзори.

Во овој значаен период од постоењето на “Македонски извор” се отпечатени триесетина броеви, обично на 16 страници, исполнети со прилози од историјата, јазикот, човековите права, црковниот живот, активностите на одборите на децата - бегалци од Егејска Македонија во Канада, Австралија, Грција и Република Македонија како и за други активности на Македонците во Унгарија и ширум светот. Објавени се и бројни новинарски текстови позајмени од други гласила на македонски јазик.

Бројните активности на Здружението на егејските Македонци во Унгарија не се “совпаѓаат” со намерите и политиката што ја води грчкото лоби во оваа земја. Македонските патриоти претставуваат трн во око за Грците, па затоа тие од поодамна ги имаат ставено во својата “црна листа”. Во оваа листа се наоѓа комплетното раководство на Здружението, како и Редкацијат на весникот “Македонски извор”.

Во Унгарија сите националности (официјално се признати 13) имаат училишта на мајчин јазик. Единствено училиште на мајчин јазик немаат Македонците. Последиците од тоа се познати: ниту едно нивно дете не го зборува мајчиниот македонски јазик. Кај нив постои голем интерес за отворање на училиште на македонски јазик, но немаат ни сила ни можности тоа сами да го сторат. Затоа и очекуваат помош од Република Македонија.

Исто така, Македонците во Унгарија имаат потреба од отворање македонска православна црква во која без никакви проблеми ќе ги извршуваат сите верски обреди и обичаи. Поради тоа тие заслужуваат во оваа богата и демократска земја да го добијат заслужниот третман и од унгарските и од македонските власти, како дел од народот кој припаѓа на една од најстарите европски цивилизации. Зашто Македонците кои останале да живеат во Унгарија ја одбрале оваа демократска земја за свој дом, во кој ќе се множат македонските поколенија.

Македонците во Полска се едни од најактивните во зачувувањето на името и вистината на Република Македонија. Тие ги одржуваат врските со дедовската земја Македонија во текот на овие педестина години. Со конституирањето на Република Македонија како суверена, независна и самостојна држава, врските со Македонците се проширија и продлабочија.

Така, на 12 јуни 1989 година се одржа основачкиот Конгрес на Друштвото на Македонците во Полска во присуство на околу 50 лица. Пристигнале Македонци од разни градови на Полска, како и поканети гости, меѓу кои: првиот советник на некогашната амбасада на СФРЈ, претставник на Војводскиот уред во Гдањск, претставник на Бирото за регистрација на странците во Гдањск и др. Меѓу поканетите била и Амбасадата на Република Грција во Варшава, но таа не испратила свој претставник. Во текот на заседанието на Конгресот биле прифатени повеќе решенија, меѓу кои се следниве:      

        1klu11

1.Петиција, односно отворено писмо до грчката влада со барање за враќање на грчкото државјанство на Македонците од Егејска Македонија, како и поништување на дискриминаторските закони во однос на македонското малцинство;

        2. Петиција до Обединетите нации и други мегународни организации кои се занимаваат со проблематиката на човековите права - со повик за подигање на дејства против дискриминаторската политика на грчката влада во однос на Македонците;

        3. Отворено писмо до полскиот народ и Црвениот крст со благодарност за помошта укажана на прогонетите од граѓанската војна во Грција од 1948 година;

       4. Понуда за соработка со Друштвото на Грците во Полска врз основа на признавањето еднакви права на двете националности.

Во продолжение Конгресот ја одредил организационата структура на Друштвото. Во таа смисла бил избран Главен одбор и Контролна комисија од тројца членови, како и социјална секција, културно-јазична, секција за стопанска дејност, информативна и документациска секција.

Инаку, Статутот на Друштвото е регистриран од страна на војводските власти во Гдањск на 4 јуни 1989 година. Главна идеја за основање на Друштвото на Македонците во Полска се состои во активирањето на населението од македонско потекло за активно учество во преродбата и одржувањето на националните врски, културните и јазичните врски помеѓу Македонците кои живеат во Полска од времето на акцијата за помош дадена од Полска на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција во 1948 година.       

Отсекогаш Хрватска била интересна земја за Македонците, кои се доселувале времено или постојано. Така, еден од првите доселеници од Македонија во Хрватска е Константин Миладинов, од Струга, којшто се вработил како личен секретар на Човечкиот бискуп Јосип Јурај Штросмајер и со негова финансиска и морална помош, во 1861 година го издал прочуениот Зборник на македонски народни песни, преку кој македонското народно творештво му стана достапно на целиот културен свет и битно придонесе за афирмација на македонското творештво.

Меѓу двете светски војни Хрватска, како најразвиен индустриски и трговски дел на новосоздадената држава СХС, привлекла многу деловни луѓе од Македонија, како и луѓе кои барале можност за работа. Исто така, многу млади Македонци се упатиле на школување, на студии. Така, на загребските факултети биле запишани стотина студенти од Македонија, а Загреб станал центар на македонското револуционерно движење, преку студенскиот клуб “Вардар”.

Пред Втората светска војна во Загреб, престојувал и Кочо Рацин, од Велес, кој, во работничките весници, напечатил повеќе статии. Кон крајот на 1939 година, во Самобор, Кочо Рацин ја отпечатил и првата збирка песни “Бели мугри” на македонски јазик, која претставува голем придонес за македонскиот јазик и книжевност.

По ослободувањето во 1945 година, и формирањето на Народна Република Македонија, одреден број трговски и интелектуални фамилии од Македонија се преселија во Хрватска. Исто така, млади луѓе од Македонија се запишале во средните стручни школи, воените училишта и високите школи и факултети на Загребското светилиште. Така, се смета дека по војната во Загреб имало над илјада студенти од Македонија. Нивниот број, во наредните години, се смалувал, паралелно со отворањето на пооделните факултети во Скопје. И по скопскиот земјотрес, во 1963 година, од Македонија организирано во Хрватска дојдоа голем број Македонци кои останале се до денес.

Таму постојат Македонска заедница, во која се вклучени друштвата “Илинден” од Риека, “Македонија” од Сплит и “Браќа Миладиновци” од Осиек, кои се во рамките на Македонската заедница и претставуваат собиралишта и за млади и за стари, места каде се негуваат македонската песна и ора, традициите и обичаите донесени од Македонија.

По основањето на Заедницата на Македонците во 1992 година, на 24 мај 1993 година, на денот на светите браќа Кирил и Методиј, во Католичката (Унијатска) црква во Загреб, беше одржана и првата Богослужба на македонски јазик во Хрватска. За првпат во една од републиките на бивша Југославија, надвор од Македонија, тогаш се слушнаа молитви кон Господа на мајчин македонски јазик. На 11 декември 1993 година, беше формирана и Македонската православна црковна општина, што го доби името на светата великомаченица Злата Мегленска, како прва Македонска црковна општина на југоисточниот дел на Европа, надвор од Република Македонија.

Крај

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“

Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој п...

Историја

News image

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и т...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 63 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сид...

Култура и туризам

News image

ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕТО ВО ВЕЧНИО РИМ ВО 1990 ГОДИНА – ДЕЛ I (44)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛ...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПРАВИЛАТА НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” (8)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.