Среда, 01 Ноември 2023   
ДЕЛ ОД ДОНАТОРСТВО НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (4)

1dev1

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“  НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Во таа пригода Атанас Близнаков накусо ја опишал историјата на Македонската православна црква и нејзината улога во националниот, политичкиот и културниот живот на македонскиот народ и, меѓу другото, рекол:

,,Драги браќа и сестри Македонци, македонскиот народ со векови се борел за своја национална слобода и црква и денес неговите вековни стремежи се стварност. Македонската православна црква денес живее и работи како автокефална во слободниот дел на Македонија и таа дејствува во сите краишта на земјината топка, секаде каде што има македонски колонии. 

Новата македонска катедрална црква во Скопје ќе им служи не само за религиозните потреби на македонските луѓе, туку ќе биде и споменик и гордост на македонскиот народ, зашто Македонската православна црква е таа која ги удри темелите на славјанската писменост, култура и литература.

Драги браќа и сестри, во овој момент, кога приложуваме парична помош за изградбата на новиот црковен дом во Скопје, да покажеме дека сме достојни наследници на нашите просветители св. Кирил и Методиј; дека сме следбеници на св. Климен Охридски и на другите македонски апостоли на просветата и доброто на човекот, поклоници на верата, културата и прогресот.”

Потоа биле собрани доброволни прилози од многубројните гости на вечеринката, во износ од 3.335 долари, а Атанас дал 200 долари. Притоа, било одлучено комисијата за помош на Соборната црква во Скопје да работи во текот на целата година.

Со акцијата на Македонците во Гери, Индијана, членовите на комисијата, сакале да ги поттикнат и Македонците од другите длеови на светот, од Канада, Америка и Австралија, да го исполнат својот атриотски долг и да ја помогнат изградбата на новата црква во Скопје.

Атанас Близнаков финансиски го помагал и гостувањето на КУД „Мирче Ацев” од Скопје при посетата на САД и на Канада во 1975 година, за кое е објавен пригоден текст во списанието ,,Македонија” чиј автор е Атанас Близнаков.

1dev29

Играорки на КУД „Мирче Ацев”

По доаѓањето во Македонија, Атанас, се концентрирал на формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” за која како почетен влог подарил 350.000 долари, за во 1999 година, по период од 22 години, колку што тогаш се наоѓаа во ,,Прудентиал секуритѕ” во Чикаго, во САД.

1dev38Благодарницата од Македонската православна црква, за неговата донација на Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Се чини дека Атанас Близнаков бил најдобриот читател и вљубеник во списанието „Македонија”, на кое секоја година му подарувал од сто до петстотини долари. Тоа го правел со голема љубов и почит кон своето списание, како што често знаеше да рече.

Исто така, подарил одредена сум пари на Македонската православна црква, и тоа 500 американски долари на Соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” во Скопје и на други објекти.    

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била ...

Историја

News image

Св. Давид цар Македонски, братот на Самоил

„На 13 јануари 1833 година во пожар настрадал манастирот Св. Јован Рилски. Монасите започнале негова...

Иселеници

News image

УЧЕСТВО НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ИЛИНДЕНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА (35)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.