Среда, 15 Ноември 2023   
ИЗЛАГАЊЕТО НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ НА ФОРМИРАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА (6)

2kir1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Роден сум и пораснат през најбурните и револуционерни времиња на нашиот македонски народ. Роден сум на 15 декември 1901 година во селото Д’мбени, Костурско, то е во југозападна Македонија.

Македонија во минатото создаде многу народни Македонци, кои обичае својот народ и жртвуваа свичко што може, многу жртвувае даже и својот живот за доброто на својот народ... За да б’дат тија такива ги правеше нејзиното народно сознание, добрите мисли и чувства кон својот македонски народ, да и тој народ биде слободен, да и тој народ заживее мирен и творечки живот.

Ние постарите Македонци, кои се родивме и пораснавме под тешкото национално, икономическо и политичко робство, ние оште когато станавне да разбираме, сос правото нешто којто нија требаше да се запознаеме, таква беше голотијата и тешкото национално и политическо робство.

Икономическиот и политически гнет, како и националното робство, не застави много од нас, оште на млади години да напустиме родниот ни крај, да се отделиме од мајка и от датко, да се отделиме од свичко мило и драго, и отидовме во далечна Америка, за да трсиме парче хлеб, за  да трсиме подобар и сносен живот; през месец декември 1920 година и јас отидов во Америка..

Оште во младите ни детински години нија вкусивме горчивините на емигрантскиот живот. Благодарение на добрите услови кои ни ги даваше нашето второ отечество Америка, и нија Македонците во Америка можевме да организираме наши македонски народни дружества, и през тија народни дружества нија развивавме нашето македонско, народно чуство и единство, през тија народни дружества нија развивавме нашите социјални и културни нужди. 

При све што отидовме во далечна Америка, нија не заборавивме дека оставивме наши братја и сестри, нија не заборавивме дека оставиме нашиот македонски народ... да биде под тешкото национално и политическо робство. Тија мисли и чувства нé правеа ошче повеќе да се приврземе кон нашиот нешчаствен македонски народ, това не накара некои от нас да се организираме во македонски народни организации, през тија народни организации да се бориме за национална, икономическа и политическа слобода на нашите народи во Македонија.

Како през Втората светска војна, така и след војната нашите прогресивни организации во Америка направие многу за доброто на нашите народи во Македонија; през Втората светска војна кога нашите народи во Македонија заедно сос свите братски југословенски народи се бореа за живот или смрт, против најголемиот враг на човештвото – германските и местни фашисти, нија бевме на страната на нашите прогресивни народи, и му помагавме сос свичко што можевме“, рече Атанас Близнаков.

Во своето излагање доблесниот донатор и истакнат иселеник Атанас Близнак рече: Нија верните и честни Македонци во Америка и Канада се боревме и ошче се бориме против фалшивите клевети и пропаганди на ренегатите и измениците на македонското национално, ослободително дело, кои ренегати со свои лични амбиции и интереси работат за интересите на чуждите шовинистически пропаганди и интереси, против интересите на македонскиот народ.

Драги братја и сестри Македонци, целиот мој живот јас го посветив на македонското национално ослободително движење, и во националните и политически борби на нашите народи. За да б’да таков ме правеа стремежите и идеалите на нашиот македонски народ, тешкиот робски живот кој и јас го чувствував, дека и јас заедно сос тој народ се родив и пораснав под тешкото национално робство, дека и јас заедно сос тој народ чувствував маките и страданиата; дека и јас се борев и мечтаев за слободата и правдата на македонскиот народ. Тоа ме правеше да го имам при срце мојот македонски народ. 

Ас сум шчаслив, дека доживеав за да вида македонскиот народ во тој дел на Македонија, да се радва на слобода и независност, да гради и создава своја народна историја, своја народна култура и прогрес, и да говори на убавиот македонски литературен јазик.

Драги братја и сестри Македонци, на таја прослава јас дојдов тука, да предам на мојот народ свичко којто јас со труд и достојанство можев да го спечала през мојот живот. Денес на таа прослава, нија турваме основите на Фондацијата при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, која Фондација ќе служи за да помага на студенти кои имаат желание и волја да учат, а немат можност, немат средства да се подржават.

2kir11

Атанас и Славка Близнакови на формираљњто на Фондацијата

Мили студенти, мојот скромен подарок не е голема помош, туку моите мисли и намерение, моите добри чувства кон нашиот мил македонски народ, нека да се вд’хнат во вашите души и срца, нека да се вд’нат и во душите и срцата на целиот македонски народ, да и вија како мене мислите и работате за општото добро на нашиот народ, само тогава ќе има љубов и единство между нашиот народ, само така ќе има оште поголем прогрес и напредок.

Мили студенти, иднината на македонската народна република, иднината на нашиот македонски народ, главно, зависи од вас – вие сте кои ќе го држите кормилото на прогресот и на напредокот на нашиот народ; мојот завет кон вас е да вија винаги мислите, а така да мисли и целиот македонски народ, шчо нија ќе можеме да направиме за обштото добро на нашиот македонски народ, шчо добро ќе можими да направиме за македонската народна република, а не да очекуваме шчо ќе направи македонската република за нас.

Драги Македонци, нашиот народ сос векови се борел за слободата и правдата на нашите народи, многу от тија Македонци дадое свичко шчо  имае, дадое и својот живот, затова драги братја Македонци, и нија треба да работаме и да помагаме за подобар прогрес и напредок во Република Македонија, така нија ќе исполниме заветите на нашите постари поколенија, така нија ќе подржаме стремежите и идеалите на нашите дедовци и татковци, на нашите братја и сестри, кои заедно сос нашите братја југословенските народи пролее својата крв, дадое својот живот за слободата и правдата на своите народи во Југославија.

Моите најголеми желби се да таа фондација б’ди подржана и од други македонски добродетели како мене, таа   Фондација да б’ди поддржана от нашите колективни претпријатија и задруги, за да можи Фондацијата да има поголем прогрес и напредок, ќе биде во полза на нашиот македонски народ.

Сос тоа јас завршувам драги братја и сестри и ви пожелувам свичко најубаво”, рече Атанас Близнаков.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“

Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој п...

Историја

News image

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и т...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 63 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сид...

Култура и туризам

News image

ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕТО ВО ВЕЧНИО РИМ ВО 1990 ГОДИНА – ДЕЛ I (44)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛ...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПРАВИЛАТА НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” (8)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.