Среда, 12 Јуни 2024   
ПРОФ.ЏЕЈМ (ЏИМ) ЏУГЛОВ-ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ СЛАВИСТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ТОРОНТО (5)

1slav copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Џим Џуглов (James Jugloff) беше првиот Македонец-славист во Канада и беше претседателите на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Тој беше роден на 17 октомври 1938 година во Торонто каде што заврши гимназија, а во 1961 година дипломира на Универзитетот во Торонто и стана славист со титула „Почесен лигвист“. Во 1965 година се ожени со Олга – Шпањолка по потекло, но со македонски манири, која целосно го поддржуваше Џим и го зголеми македонскиот род со четири синови: Андреја, Вангел, Јован и Павле.

Професор Џим Џуглов беше три мандата претседател на управата на МПЦ „Св. Климент Охридски“ кога и започна другарувањето меѓу Џим и авторот на овие редови, кој во тој период живееше во Торонто и беше член на управата на црквата. Џим работеше како советник во Одделот за образование на Онтарио, каде што беше многу ценет и како човек и како стручњак. Исто така, тој беше директор на Институтот за избор на студенти, а во средините на македонските иселеници високо почитуван.

Големиот канадски Македонец беше одличен оратор, за што многумина му завидуваа, беше другар, патриот и вљубеник во македонскиот јазик, со посебен однос кон леринскиот говор. Меѓутоа, судбината сакала да си поигра и во мај 1978 година се случи несреќа. Џим загина многу млад, на фармата на своите родители, кога најмногу им беше потребен и на семејството и на македонската заедница.

При еден престој во Торното го посетимве познатиот центар „Канадско - македонско место“, познато како „Старски дом“. Целта на нашата посета беше да се сретнеме со Вангел и Елена Џуглови, една од постарите македонски иселенички брачни двојки, кои ги минуваа старските денови во таа хуманитарна македонско-канадска институција. Ги посетивме овие познати и признати Канаѓани од македонско потекло заедно со свештеникот Јован Босеовски, ѓаконот Александар Цандовски и нивниот зет Џорџ Поповски, во едно попладне во нивниот апартман, каде што тие ги поминуваа нивните пензионерски и старечки денови.

Средбата беше срдечна, присна и со емоции како меѓу стари познаници и пријатели што датира од пред многу години. Уште од првите мигови се виде дека времето си го прави своето. Тие беа во одминати години, исцрпени, изнемоштени... Меѓутоа, живо се сеќаваа на минатото, на почетните години од печалбарските денови, за многу интересни настани што нив ги врзува со македонската заедница во Торонто, со Македонија. Долго разговаравме за нивниот пензионерски живот, за нивното семејство во Егејска Македонија и во Канада, кое доживеало многу успеси и падови, радости и жалости, со многу бурни, интересни, среќни и тажни настани.

Во разговорот неодминливо беше да се зборува за нивниот сил Џејмс (Џим) Џуклов, за човекот кој беше сакан и почитуван во семејството, во македонската колонија и во канадското општество. Со човекот со кој семејството Џуглови се гордееше, живееше со успехот, постигнувањата и со спомените за Џим и Катерина, кој за зал погинаја во несреќен случај.

Неговиот татко Вангел Џуглов потекнува од македонското село В’мбел, во Беломорска Македонија. Тој бил роден токму на Илинден во 1903 година, што со гордост го истакнуваше. Исто така, со голема радост зборуваше за своето историско родно В’мбел, кое се наоѓа на самата грчко-албанска граница, на надморска височина од околу 1300 метри. Во ова убаво македонско село, во Егејска Македонија кое сега е избришано од географската карта, во минатото живеело исклучиво македонско население, но селото наполно настрадало во текот на Граѓанската војна во Грција и не е обновено, туку неговиот атар денес се користи како пасиште на доселениците - просвиги (Турци со православна вероисповед) во селото Смрдеш. Својот роден крај Вангел го напуштил во 1927 година и заедно со една поголема група Македонци од тој дел пристигнал во Торонто, каде што и останал да живее, речиси цели 65 години.

Елена Џуглова, пак, е родена во 1915 година во Торонто. Татко ù бил Македонец од селото Зелениче, Леринско, а бил трговец во Цариград. Се оженил со Австријка, со која среќно живееле во Торонто, каде што се родила нивната ќерка. Елена имаше завршено гимназија во Торонто, а потоа се запишала на колеџ да го изучува францускиот јазик. Во 1938 година се омажила за Вангел, со кого во бракот го родила синот Џим и ќерките Катерина и Џенет. Судбината си поиграла со семејството Џуглови: со длабока болка на душата ги загубиле Џим и Катерина, а Џенет живее и работи во Торонто. Таа беше една од првите Македонки-студентки која преку тогашната Матица на иселениците од Македонија студираше македонски јазик заедно со авторот на овој текст на Универзитето „Свети Кирил и Методиј“во Скопје.

Апартманот на брачната двојка Вангел и Елена Џуглови во „Домот за стари лица“, каде што го водевме разговорот, беше исполнет со безброј семејни и други фотографии од минатото и сегашноста. Доминираа фотографиите од нивната златна свадба, што на свечен начин се одржала во 1988 година, а во присуство на бројни членови од семејството, пријатели и почитувачи на ова семејство.

Инаку, според капиталната монографијата „В’мбел“ чиј автор е Сократ Пановски, за време на Илинденско востaние (1903), селото е изгорено до темел од страна на Отоманите. Потоа, за време на балканските војни и Првата светска војна, голем дел од популацијата на ова чисто македонско село се иселила во другите балкански држави и прекуокеанските земји.

Во периодот меѓу двете светски војни селото трпи присилна грцизација, во понатамошниот период на Втората светска војна како и Граѓанската Војна во Грција (1946-1949) селото загубило многу жители кои загинале во борбите против окупаторите.

Според податоците на вљубеникот во родното место, Пановски, на 13 јануари 1948 година во црквата на с. В'мбел, Костурско, бил одржан Првиот конгрес на македонската национално-ослободителна организација НОФ. За време на Граѓанската војна во Грција (1946-1949), пак, селото било изгорено и тотално опустошено. Населението било присилно иселено во источно европските земји, а голем дел од населението замина во Република Македонија за време на шеесетите и седумдесетите години од минатиот век.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Филипче и СДС се во паника – правда е само кога ним им одговар

  Изјавата на Филипче ја гледаме како дел од неговиот обид да биде присутен во јав...

Историја

News image

Џејмс Баучер во посета на Смилево по андарскиот колеж во 1906

Џејмс Баучер (James D. Bourchier - 18. XII 1850, Браф, област Лимерик, Ирска – 30. XII 1920, Софија,...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНИТЕ ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (29)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО ЛОНДОН – ЗНАЧАЈНАТА СВЕТСКА МЕТРОПОЛА (25)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.