Среда, 04 Септември 2024   
Д-Р АЛЕКСАНДАР ГЕОРГИЕВСКИ – ЦАНЕ – ПОЗНАТ ХИРУРГ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МПЦ „СВ, КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (18)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Александар Георгиевски, познат на неговите пријатели како – Цане, беше роден на 9-ти ноември 1926 година во Крстоар, во близина на Битола. Крстоар кое е познато и како Крстовар и Христофор е село во Општина Битола, во Република Македонија. Селото се наоѓа на надморска височина од околу 650 метри во областа Пелагонија, неколку километри јужно од Битола, недалеку од античкиот локалитет Хераклеа. Југозападно над селото е сместен Крстоарскиот манастир “Свети Кристофор”, а уште повисоко над него е Буковскиот манастир “Свето Преображение Господово”.

Геогравската положба на Крстоар е тесно поврзана со таа на Битола и на сите подпелистерски села. Затоа, ако се гледа Крстоар од Пелагонија ќе се забележи дека планината Баба како да го надгледува селото кое се распрострило во нејзинините пазуви. Ова прекрасна планина ја дели Пелагонија од Преспанското Езеро, а со своите две глечерски езера, со фауната и флората претставува вистинска реткост.

Во историските документи се вели дека Баба Планина, заедно со Националниот парк „Пелистер”, се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и, како член на Родопскиот ситем, ја претставува најјужната планина која има алпински карактерис-тики. Релјефот на планината Баба со врвот Пелистер го сочинуваат повеќе врвови, повисоки од две илјади метри од кои најимпресивен е Пелистер (2601м). За национален парк, уште на просторите на поранешна Југославија, „Пелистер” е прогласен на 30 ноември 1948 година. Со тоа се зголемува неговото значење во севкупната историја на македонската држава.

До 2004 година селото Крстоар припаѓало во Општината Бистрица, каде беше седиште на истоимената општина. Често се вели дека нема граница меѓу Крстоар и Бистрица. Тие двете приградски населби на Битола се наоѓаат на регионалниот пат Битола-Драгош кој води се’ до граничниот премин, каде Р Македонија граничи со Грција (Леринско). Тоа е регион каде покрај овоштарството, застапени се житните и градинарските култури, а помалку се застапени индустриските култури.

Според кажувањата и преданијата, се вели дека населбата своето име го добила по бистрата и чиста река. Таа претставува стара населба. Од сочуваните документи се забележува дека истата се среќава уште во 1468 година,

Токму тука е роден д-р Александар Георгиевски – Цане, кој по прекинот во средно училиште од една година, помината во партизани како секретар на СКОЈ на 9-тата ударна бригада. За време на Втората светска војна, тој студирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Скопје, а продолжи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Загреб каде дипломира во 1953 година. По дипломирањето работел како лекар во Битола на хируршкото и гинеколошкото одделение и бил во раководните структури на болницата во Битола. Во Торонто се преселил во 1958 година.

По нострификацијата, во 1960 година се стекнува со диплома од Медицинскиот факултет на Универзитетот Квинс во Торонто. Ординираше во повеќе здравствени  установи во Торонто, имаше и своја приватна ординација, а кариерата ја заврши во светски познатата болница за хернија „Shouldice Hospital“ каде што од 1995 до 2000 година беше главен хирург за целосно да се пензионира во 2013 година.


Александар Георгиевски, кој му беше добар пријател на авторот на овие редови, беше длабоко вклучен во македонската заедница во Торонто и имаше активна улога во формирањето на првата македонска православна црква во Канада во 1962 година – „Свети Климент Охридски“ За прв пат беше претседател на Црквата „Свети Климент“ во 1966 година, а беше претседател и во периодот 1977-78 година. Исто така во 1981 година беше избран за втор потпртседател на Управатповеќепат, а беше и претседател и потпретседател на Управниот, како и член на Контролната комисија и на Судот на честа на Црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Несебичен и свесен за борбите со кои се соочуваат новодојдените македонци во Канада, тој обезбедуваше морална поддршка и помош во секое време. Голфот му стана страст подоцна во животот. Се дружеше со сите македонски друштва и кафе-клубови и ретко ги пропушташе тие дружби.

Инаку, под претседателство на д-р Цане Георгиевски црквата за прв пат застана на здрави финансиски темели. Тоа беше постигнато со голема деловност, домаќинско работење, како и со средување и контролирање на приходите и расходите, Како резултат на тоа беа изградени  и профунмционираа двете долни сали, покриена е терасата и е подготвен план – реконструкција, за ѓто беа обезбедени неопходните финансиски средства.

Александар Георгиевски, познат на неговите пријатели како – Цане, почина тивко, на 95 годишна возраст, на 12 февруари 2021 година во Торонто.

Сопруга на д-р Цане Георгиевска беше Елка Георгиевска беше родена во Битола каде ја заврши средната наобразба, а дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје. По завршувањето на факултетот, таа почна да учи неколку генерации битолски гимназијалци, а потоа се префрлува на работа како психолог во Заводот за глувонеми дечиња. И на двете места се истакнува како добар педагог, одличен другар и пријател на учениците и ценет професор.

Битола, нејзиното родно место е град во југозападниот дел на Македонија и е административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за овој дел од Македонија.

Градот е познат и под името „град на конзулите“. Битола е трет по големина град во Македонија според бројот на жители, додека по површина е втор. Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски овој израз до денес се употребува и во хрватски: Обитељ) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, како фамилија односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола.

Меѓутоа, во 1958 година Елка заминува во Канада и го почнува својот иселенички живот. Неколку години по нејзиното преселување во Торонто, почнува изградбата на македонската православна црква, "Св. Климент Охридски", во која станува активна во женската секција.

 Повеќепати е член на Управниот одбор, а во 1969 година е избрана за претседател. Во тоа време потпретседател на женската секција е Вики Волкан, секретар Мери Јованова, а благајник Вера Чумандра.

Во времето на претседателствувањето на Елка Георгиевска се организираат повеќе значајни активности како во црквата, така и пошироко во канадското општество, во кои таа учествува несебично и со многу енергија.

Продолжува

12slavek4 copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД, партнерството е од важен национален интерес

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.