|
|
ВИРЏИНИЈА СТОЈМЕНОВ – ПОЗНАТА МАКЕДОНКА ОД ТОРОНТО (24) |
ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА Вирџинија Стојменов (Virginia Stoymenoff), беше позната Македонка во Торонто. Таа помогна да се формира Канадско македонско место (Домот за стари лица) во 1977 година и како член на неговиот одбор на директори беше повеќе од четири децении. Во 1990 година, Вирџинијабеше коосновач на Канадско – македонското историско друштво (и музеј) чија примарна цел е зачувување на се’ што е македонско и промовирање на јавниот интерес за историјата на канадските граѓани со македонско потекло. Инаку, Канадско-македонското историско друштво“ е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на етничка Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки „Канадско - македонското историско друштво“.е многу значајна македонска иселеничка органииселеничка организација која има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина. Затоа, Друштвото собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот и други области. Друштвото е единствена асоцијација од ваков вид во Канада и пошироко во македонската дијаспора. Тоа игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада и има своја библиотека, Тоа работи во состав на Домот за стари лица „Канадско-македонски центар“, познат како „Старски дом“, каде старите лица нашле среќно катче. Овој центар со стотина апартмани, трпезарија, и други потребни простории е пријатно место за живеење за голем број Македонци и Канаѓани. Тој е една од старите и значајните македонски институции во Канада. Целта на „Канадско-македонското историско друштво“ е да остави траен белег за македонското историско минато. Притоа да ги сними членовите на Друштвото и други Македонци од постарата генерација, со цел тие да се претстават со материјали од своите области, како што се: пред с’е историјата на Македонците во Канада, нивната култура, традиции, јазик, религија во Македонија и во Канада, како и прашања и од други области поврзани живото во нивните родни места во етничка Македонија и во Канада. Оваа значајна канадско-македонска асоцијација е непрофитна, доброволна, формирана согласно законските одредби на провинцијата Онтарио. Затоа Друштвото е поддржано од бројни волонтери и нивни спозори кои ги финансираат програмите на Друштвото. Исто така, Друштвото придонесува да се соберат на едно место и членовите на Канадско македонската асоцијација на ветераните, што е голема придобивка во развивањето на односите меѓу ветераните од Македонија и Канада Вирџинија Стојмено, родена Лазарова беше позната Македонка во Канада и САД. Таа беше родена на 31 мај1934 година во Торонто, а потекнуваше од македонско семејство од егејскиот дел од Македонија. Вирџинија почина на 13 јуни 2022 година, само неколку дена по нејзиниот 88-ми роден ден, а по долга, храбра и решителна 18-годишна борба со ракот. Зад себе остава 5 внуци: Алексис, Лорен, Еван, Арон и Шајна; и нејзините два сина: Гери (сопругата Дона) и Крис (сопругата Ен). Иако работеше во текот на целиот свој живот, нејзината вистинска кариера започна подоцна во животот, кон крајот на 1970-тите кога ја следеше својата лиценца за недвижности и стана успешен и добро ценет агент за две водечки фирми од овој бизнис во Торонто. Вирџинија беше ентузијастички вклучена во музиката, вежбаше и свиреше на бројни концерти со мандолинскиот оркестар во Торонто на музичкиот ансамбл „Шевченко“. Во спомен на Вирџинија Стојменов ќе ги пренесеме изјавите на повеќе познати личности од САД и Канада. Така, Методија А. Колоски, ко-сновач на ОМД и претседател во заминување изјави дека Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечкиот глас за Македонците во странство – длабоко жали за смртта на драгата пријателка, член и цврст застапник и шампион за македонската историја и наследство, Вирџинија Стојменов. „Вирџинија беше патоказ во канадско-македонската заедница, беше почитувана и сакана од сите што ги запозна. Уште кога бев тинејџер ја запознав Вирџинија и од тогаш таа ми стана пријателка, потоа ментор и еден од најсилните поддржувачи на ОМД од самиот почеток. До самиот крај на животот Вирџинија се бореше за нашата македонска кауза и заедница и беше еден од најдобрите проверувачи на фактите за македонската историја, наследство и човекови права. Без разлика дали се работеше за пишувањето на медиумите за името или историјата на Македонија, застапувањето на Конгресот, за средби со шефови на држави, членови на парламенти и амбасадори или зборување со млади Македонци, Вирџинија жестоко се противеше на промената на името Таа постојано повикуваше на единство меѓу Македонците да работаат за општото добро на Македонија. Затоа се вели дека нејзиното наследство и сеќавање да ги инспирираат младите генерација на Македонците во Канада и ширум светот“, напиша Мето Колоски. По повод смртта на Вирџија Стојменов, Ден Малин, претседател на Канадското-македонското историско друштво од Торонто изрази жалење и го изјави следното:: „Вирџинија Стојменов беше најпосветен поддржувач на македонската заедница во Торонто. Нејзината посветеност и истрајност беа едноставно неверојатни. Нејзината работа со интервјуирањето и снимањето на голем број значајни членови на македонската заедницата за сите нас, беше од особен интерес не само за неа како автор, туку и тоа е достапно на нашата веб-страница Macedonianhistory.ca. Ние сме горди што можеме да кажеме дека таа беше дел од нас“, изјави Ден Малин Професорката д-р Кристина Крамер од Универзитетот во Торонто, пак, го изјави следното: „Вирџинија Стојменов беше неуморна. Таа беше длабоко заинтересирана за македонските работи и ја сподели со мене нејзината семејна историја поврзана со селото Врбник, Мала Преспа, во Албанија. Во 2000-та година требаше да патуваме таму заедно, но морав да одам без неа бидејќи таа неможеше да патува од здравствени причини. Снимав видеа од неа за да ја покажам пред нејзините роднини, и снимка од нејзините роднини за нејзе да и’ покажам. Никогаш нема да заборавам како ги споделувавме тие приказни. Таа земаше часови по македонски јазик со мене и секогаш се интересираше за историјата политиката и културниот живот на Македонија. Бев инспирирана од нејзината љубопитност, нејзината подготвеност да учествува во толку многу области и да работи за други“, напиша проф.д-р Кристина Крамер. Д-р Крис Стефанович, член на Управниот одбор на Канадско-македонско место (Домот за стари лица) во Торонто, го изјави следното: „Вирџинија Стојменов беше активна, практична и поддржувач на се’ што е македонско, честопати оставајќи ја светлината на другите. За неа поважно беше извршувањето на работата, отколку да се зборува за тоа. Таа придонесе нејзината енергија да даде придонес за македонската кауза, вклучително и за Канадско-македонското место-Домот за стари лица, Канадското-македонското историско друштво, Македонското-канадското здружение на здравствени работници од Канада и на Обединета македон-ска дијаспора (ОМД) од Вашингтон. Вирџинија Стојменов со ентузијазам ги поддржа позициите на ОМД., затоа многу ќе им недостасува на сите кои се восхитуваа на нејзината енергија, а ќе остане запаметена по тоа што постојано викаше ЈАС СУМ МАКЕДОНКА“, изјави д-р Крис Стефанович од Домот за стари лица во Торонто Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |