Среда, 27 Ноември 2024   
СЛАВЕ ГРПЧЕВ – ЈАНКУЛОВСКИ - ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА (30)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Славе Грпчев - Јанкуловски е роден во 1934 година во Наколец. Завршил четири одделенија основно училиште во родното село Наколец, но немал услови да го продолжи своето образование. Тој потекнува од старо македонско семејство кое се занимавало со земјоделство и риболов.

Судбината и тешките услови за живот го натерале да создаде ново животно гнездо во Канада. Така, во 1969 година, заедно со сопругата Олга, синот Јове и ќерката Валентина се преселиле во  Торонто, каде им се родиле внучињата Даниел, Андтријана и Александар.

Меѓутоа, Славе Грпчев - Јанкуловски го раскажуваше преданието дека селото Наколец трипати било преместувано додека не ја заземало денешната местоположба што се потврдува со следниве факти. Кога Преспанското Езеро било повлечено слично на денешната положба, населбата постоела на околу 300 метри поблиску, кон езерото од денешната местоположба. Тоа се потврдува со откриените остатоци по опаѓањето на нивото на водата, што следи во периодот од 1987 година до денес, со тенденција на натамошно повлекување.

Притоа, покрај темелите на езерската црква „Свети Никола“, која била преместувана кон крајбрежјето и остатоците од живеалиштата, беа откриени два бунара: едниот соѕидан со камен, другиот плетен со фоини прачки, како и многу керамички предмети. Но, најинтересно е тоа што повлеченото Преспанско Езеро зад себе оставило траги од некогашни живеалишта на колци, според кои се зачувал топонимот, односно името на селото Наколец, што означува живеалиште на колци.

Во Наколец постојат три значајни локалитети: Леска, Метилаец и Лапата. Во него постојат три македонски православни цркви и тоа: „Свети Никола“, лоцирана во центарот на селото каде се и селските гробишта, која е изградена во 1884 година, потоа црквата „Свети Атанас“, подигната меѓу двете светски војни и уште езерската црква „Свети Никола“, подигната на самиот брег на Преспанското Езеро, изградена во 1921 година на стари темели.

Во Наколец постои џамија, која, веројатно, била изградена во XIX век, реновирана е во 1995 година, а во неа постојат гробишта ,чии гробови се напишани со арапско писмо. Таа им служи на муслиманите во селото. Исто така, во Наколец има и теќе, кое е реновирано во 2003 година, и е лоцирано на самиот влез во селото. И покрај тоа што сите верници од муслиманска вероисповед во селото одат во џамијата, постоењето на теќето укажува на постоење на муслиманска дервишка секта – бектеши во овој дел на Преспа.

Според зборовите на Славе Грпчев - Јанкуловски, со своја прва училишна зграда селото се стекнало во годините на Првата светска војна, од кога, всушност, и почнале образовните процеси во овој крај. Затоа селото е познато по одреден број интелектуалци, кои живеат на балканските простори, во Канада, Соединетите Американски Држави и Австралија.

Славе Грпчев - Јанкуловски е автор на публикацијата, „Македонски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро раскажани од Славе Јанкуловски-Грпчевски“, што ја подготвил д-р Танас Вражиновски. Таа е значајна публикација за Наколец и Преспа која е издадена и промовирана во Торонто, 1995 година. Таа содржи 200 страници на кои се претставени вистини за селото Наколец и Преспа.

Славе Грпчев - Јанкуловски беше одличен раскажувач и човек кој беше вљубен во народното творештво, особено од преспанскиот крај. Тој е автор на  книгите: „Маке-донски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро“, Торонто, 1999 година на 200 страници, што ја подготви д-р Танас Вражиновски, како и на публикациите „Стари македонски народни песни“, „Македонска искра“, Скопје, во 2004 година на 323 страници, и „Македонски народни песни – старо богатство“, „Македонска искра“, Скопје, 2004 година, на 366 страници, што ги подготви авторот на овој текст, Славе Катин, кој е во роднински врски со семејството Грпчевски по баба му Ката.

Така, во поговорот на делото „Македонски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро“, меѓу другото, се вели дека публикацијата претставува значаен прилог и придонес во собирањето, зачувувањето и афирмирањето на македонското народно творештво. Таа, всушност, претставува скромно дело на еден македонски иселеник во Канада, кој ја напуштил татковината, а го заробила носталгијата.

Авторот вложи огромен труд, напор, време и средства, а со тоа му се исполни желбата да ја изрази својата голема љубов, мечта и дарбата кон пишаниот збор, кон своето семејство, кон народно творештво... Ова дело содржи 360 страници на кои по азбучен ред се дадени неговите записи за народните песни.

Делото, пак, „Стари македонски народни песни“ (2004) на Славе  Грпчев - Јанкуловски содржи 330 страници на кои се презентирани 325 песни кои тој самиот ги собрал и ги напишал. Нив ги паметел уште од дете, а ги слушал од луѓето, пренесени од колено на колено, од генерација на генерација и од место до место.

Затоа, Славе Грпчев - Јанкуловски ќе рече дека неговата желба беше песните да останат вечни и да се пренесуваат од поколение на поколение, не само во Македонија туку и меѓу Македонците кои живеат во Канада.

Книгата „Народни приказни од Преспа“ (2004), исто така, е приватно издание, во која сите приказни ги напишал авторот. Нив ги паметел уште како дете, а ги слушал од народот. Тој велеше дека приказните немале стопан, туку тие никнале од земјата и останале вечни и се пренесуваат генерациски натаму за да не се заборават.

Тој, меѓу другото, ќе забележи: „Од половината на XX век, за жал, селото Наколец остана полупразно. Езерото се повлече кон длабочините, планината остана пуста, а Македонците речиси се иселија. Таму не се слуша блеењето на овците и јагнињата, се изгуби гласот на ѕвонците, на песната, на убавото, на минатото... Тогаш и мене иселеничката река ме донесе во Канада, каде изградив постојано гнездо за моето семејство“.

Делата на Славе Грпчев – Јанкуловски, всушност, се значаен прилог и придонес во собирањето, зачувувањето и афирмацијата на македонското народно творештво. Публикациите, претставуваат скромно постигнување на еден македонски иселеник во Канада кој ја напуштил Татковината, а него го заробила носталгијата.

За да најдат овие дела за македонските народни умотворби простор под Сонцето, авторот вложил огромен труд, време и средства, а со тоа му се исполни желбата да ја изрази својата голема вера, надеж, љубов и дарба кон пишаниот збор, кон своето семејство, кон македонското народно творештво и кон Македонија.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.