Среда, 08 Јануари 2025   
ГЕОРГИ ДАНЕВСКИ – ЗОГРАФ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ (5)

54231

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Академскиот сликар Георги Даневски е роден во селото Саримзалино, Свети Николско, на 25 јули, 1947 година. Но, кога Георги беше на 4-ри годишна возраст беше посвоен од неговиот чичко во Виница, каде прерасна во еден млад уметник. Во Виница ги помина најубавите денови од детството и младешките години. Виница за него е „рајот на минатото и иднината“.

Присуството на верските служби во македонските православни цркви во Виница и во други места во Источна Македонија, осоебно во Берово, му вроди љубов кон декорот од фреските, иконите, архитектурата... Инстинктивно почна да слика на четиригодишна возраст. Славчо Вандерот од Виница, кој работел во едно угостителско претпријатие бил човек кој сакал да црта и од чии цртежи малиот Даневски се воодушевувал. Тој всушност бил неговиот прв учител.

Неговата страст кон уметноста ја покажа во Средното уметниќко училиште во Скопје, за подоцна во 1972 година да го заврши своето високо образование и да се здобие со диплома на Универзитетот во Љубљана, кај професорите Габриел Ступица и Зоран Дидек Делата кои во тој школски период ги создава се симбиоза меѓу учењето и уметничкиот дар и веќе во втората година ја добива Прешерновата награда за еден циклус на актови. Тоа е прво сериозно признание во неговата кариера. За вистинскиот артист учењето никогаш не завршува, бидејќи животот е неисцрпен извор, а уметноста е дел од животот, таа е како ерудитивна химна на животот.

Сегашното творештво на Георги Даневски е врзано за живописување на македонски православни храмови. Тој стана зограф поради тоа што македонското рано и зрело средновековие дало една таква влијателна и изворна уметност каде се возобновила антиката во една христијанска програма. Македонското поднебје, односно македонските мајстори го дале второто златно доба на таа империјална уметноста.

Уште како дете Даневски се судира со блесокот на таа уметност и знаел дека никогаш нема да стане голем сликар ако таа уметност не помине низ него. Ја создава таа уметност наново, реформирано и со тоа не го брише комплексот на некогашните големини, туку ги поврзува оригинално сегашното време со доблеста и големината на она што го дала македонската, односно византиската уметност во светската култура во минатото.

Тој на тоа гради едно ново сликарство и неговото интимистичко, штафелајно сликарство има извесно влијание од овие податливи квалитети на македонската голема византиска уметност.

Како млад човек по дипломирањето, тој помина одреден број на години патувајќи во различни земји и градови во светот, вклучувајќи ги Шпанија, Германија, Австрија, Франција, Швајцарија, Русија и Италија. Но, патот го однесе во Торонто, Канада  во 1995 година, од каде тешко дека ќе се врати во Македонија..

Уметникот Георги Даневски одраснал во Виница, град во источниот дел на Македонија и општински центар. Тоа е град со околу 11 илјади жители, за чие име се врзани повеќе легенди. Некои сметаат дека неговото старо име е Армонија, над кој како фортификација се издига Виничкото Кале. Некој, пак, сметаат дека Виничкото Кале е, всучност, Астибо. Меѓутоа, според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода куќите биле градени со вино.

Виница е позната по историската римска тврдина Виничкото Кале која се наоѓа на ридот над градот. Во тврдината се пронајдени познатите ранохристијански теракотни икони. Сегашниот град потекнува од Византиската тврдина која била центар на производство на вино, а денес место на архиолошки истражувања.

Треба да се спомене дека на тие винички простори се одржува меѓународниот фестивал „Истибанско здравоживо“ и Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, а неодминливи се музичката група „Распеани Виничани“ и  фолклорната група „Китка“.

Меѓутоа, Виница е позната и по името и делото на уметникот Георги Даневски, кој од љубов кон својот град изгради прекрасен дом кој повече личи на уметничка галерија и го започна својот уметнички живот. Таму ги направи познатите уметнички дела со арапските коњи кои го вброија во добар познавач и пренесувач на коњите на платно. Таму го започна сликањето на македонските калинки и античките предмети со кои се гордее Виница. Во исто време започна да ги слика ѕидовите и таваните на црквата „Света Богородица“ во Берово, од каде беше ангажиран да ја наслика црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Имено, во 1995 година, тогашниот претседател на црквата во Торонто Никола Стојановски, заедно со свештеникот Илче Миовски и авторот на овие редови во својство на потпретседател на Комисијата за односи со весрските заедници на Република Македонија, по сугестии на митрополитот Кирил, го посетија уметникот Даневски во Берово. Пред тоа тие ги видоја убавините на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, кое е дело на уметниците Георги Даневски и Спасе Спировски, потоа ги видоја неговите дела во Виница и Берово, по што падна одлуката токму Даневски да биде зографот на црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Црковната управа на чело со Никола Стојановски направи се‘ Даневски да се пресели  во Торонто и да добие работна виза.

Во Торонто Даневски е најдобро познат по неговите муралистички работи во првата македонска православна црква „Свети Климент Охридски“, во која наслика фрески во византиски стил и иконографија во македонски стил. Благодарение на талентот на Даневски и неговата љубов кон зографството, денес таа црква е една од најубавите православни цркви на северноамериканскиот континент и национален храм кој постана атракција за посетителите за кој е пишувано во бројни информативни гласила. Живописот во МПЦ "Свети Климент Охридски" во Торонто е убаво дело на уметноста на Даневски, затоа и многумина го нарекуваат „македонски Микеланџело“.

Се чини врвот на својата уметничка-муралистичка дејност ја постигна со зографисувањето на Македонската православна црква „Свети Димитрија Солунски“ во Маркам, град во северниот дел на метрополата Торонто, каде живее голем број Македонци од етничка Македонија. Муралот е од околу 600 квадратни метри со околу илјада икони на кои е прикажана христијанската историја.

Затоа со право се вели дека Георги Даневски важи за еден од водечките современи македонски ликовни уметници на Канада и неговото дело во македонската црква во Маркан е предмет на нагласено медиумско внимние. Тој е еден од водечките современи македонски уметници во Канада, а неговата долгогодишна работа во креирањето на иконографиите на македонските православни цркви „Св. Климент Охридски” во Торонто и „Св. Димитрија Солунски” во Маркам, како и во многу други цркви во Македонија и САД, се само дел од неговиот спектар уметнички достигнувања. 

Исто така, во изминатите дваесеттина години во Канада, дела на Георги Даневски можат да се видат во галерии и приватни домови. Тој имал поголем број изложби на американскиот континент, а како муралист има живи иконски личности и различни композиции по ѕидовите и таваните на црквите со што се покажа и докажа како македонско-канадски уметник. Затоа, Георги Даневски важи за еден од водечките современи ликовни уметници на Канада.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Свети Трифун во Зубовце

Свети Трифун се слави на 14 февруари, именден слават Трифун и Трифе.

Историја

News image

Пожарот не ја изгоре вистината, оригиналниот Абецедар е во Скопје

Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер, му го подарил букварот на Архивот на Македониј...

Иселеници

News image

КАНАДА – ЗЕМЈАТА НА ПРОСПЕРИТЕТОТ И МУЛТИКУЛТУРАТА (25)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Свети Трифун

Свети Трифун се празнува на  14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.