Среда, 07 Април 2021   
ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

1mit1Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија. Тој е најсветлиот датум во македонската историја и е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Љубојно на Илинденските средби да биде најубаво, највесело и најпривлечно.

На Илинден и во Љубојно се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што дошле за Илинден во убавата Долна Преспа. На Илинден во Љубојно се собираат неколку илјади иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Долно Дупени и Крани, како и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Со големиот народен собир што се одржува во долно-преспанското село Љубојно, 2 август во исто време претставува главен настан за жителите од Преспа и централна прослава на националниот празник на македонскиот народ во Ресенска општина и пошироко.

Инаку, Илинден е запишан со крупни позлатени букви во календарот на македонскиот народ во етничка Македонија и кај македонските иселени ширум светот. Илинден 1903 година е највисок револуционерен врв на борбата што ја водел македонскиот народ за соборување на султанската тиранија. Тој беше патоказ во национално-револуционерната борба на македонскиот народ и другите народи кои живееле во тогашна етничка Македонија за слобода и независност. 

Затоа илинденскиот херојски подвиг длабоко и цврсто се врежап во свеста на македонскиот народ и кај широките народни маси на Македонија. Оттука не е чудно што илинденскиот чин станал знаме, симбол и патоказ на борбените македонски генерации, кои не дозволиле македонското ослободително дело, македонската кауза да скршне од новата револуционерна епопеја.

Илинденското востание во 1903 и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, се два најголеми историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на 2 август, на ден Илинден. Тоа го прави Илинден да биде најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија и највеличествениот ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на македонскиот народ. 

1lub12Четата на Славејко Арсов

Исто така, според авторот на овие редови, Славе Катин, а земајќи ја во предвид историската вистина за Македонија, Илинден 1903 година е Вториот Илинден за македонскиот нарот. Имено, можеби треба да се смета за Прв Илинден  битката кај Хиронеа која се случила на Илинден во 338 година пред Христа, кога големиот војсководец за тогашната македонска држава – Филип Македонски ја извојувал голема победа над античките Елини-Грци и ги стави темелите на големата Македонска империја. Но тоа да го оставиме на идните историчати и на политичките прилики и неприлики.

И покрај некои обиди да се оспори придонесот на широките македонски народни маси, овој триумф значел многу за своето време. А, за времето на иднината, визионерски бил навестен виорниот илинденски факел на слободата. Илинденското востание претставувало повод за да се разгранат со векови задушуваните револуционерни стремежи на македонскиот народ да се искачи на пиедесталот на слободата. Токму во тој пресвртен чин дошле до израз евидентните дострели на слободата за остварување на самобитните државотворни традиции.

Крушевската Република е најславната страница на Илинденското востание. Тоа е најконкретен израз за симболиката на државно-правните стремежи на македонскиот народ, што беа идеал кон кој со години потоа се стремат новите генерации.

За жал, Илинденското востание и Крушевската Република биле поразени. Но, во нив македонските широки народни маси излегле морални победници. Тие служеле како поука и искуство во натамошниот револуционерен самостоен пат во борбата за конечно национално и социјално ослободување. Затоа, Илинденското востание поконкретно, имало типичен народен карактар и претставувало историски пиедестал за изградување на идната македонска слобода.

Покрај тоа што македонскиот народ во 1903 година се крена на востание да се бори за својата слобода и за создавање независна македонска држава, само десет години подоцна Македонија беше брутално нападната, окупирана и поделена од своите соседи Грција, Србија и Бугарија; поделба потврдена од страна на големите европските сили на 10 август, 1913 година, со Букурешкиот договор.

Познато е дека Македонците постоеле во 1912 и во 1913 година година. Всушност, целиот свет знаел дека Македонците постоеле дури и пред тоа, бидејќи читале за нив во весниците. Целиот свет читал за Илинденското востание од 1903 година и за тоа како македонскиот народ се обидува да се ослободи од турското ропство.

Денес имаме стотици исечоци од весници од тоа време, практично од секој голем весник во светот, кои, без сомнение, докажуваат дека Македонците постоеле во 1903 година, само една деценија пред Македонија да биде брутално нападната, окупирана и поделена од соседните земји.

Исто така, треба да се знае дека ние сме Македонци затоа што ние, нашите татковци и мајки, нашите дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени во етничка Македонија, биле Македонци, бидејќи земјата на која сме родени, во која сме пораснати и во која почиваат илјадници генерации се вика Македонија. Нам не ни требаат нашите непријатели да нѐ дефинираат и да ни кажуваат кои сме ние, а кои не сме. Ние сме Македонци бидејќи тоа е токму она што сме!

Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа (Европската Унија) или на други простори ширум светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса и планетарна шифра, по која светот Македонците ги распознава.

Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Австралија, САД, Канада и Европската Унија (Европа) и насекаде во дијаспората, се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе традиционални.

1lub13Панорама на Љубојно

Илинденските празнувања на сите континенти имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците од сите делови на Македонија на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, кои ја збогатуваат културата на државите во кои се населиле, во почетокот на покрагок, а подоцна на подолг и траен рок.

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

„Љубанските илинденски иселеничките средби“ се одржуваат во центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно на први и втори август. Тие започнуваат со народна веселба, за потоа да ги прогласи за отворени градоначалникот на општината Ресен. Веселбата ја збогатуваат младите и полетни играорци.

Затоа средбите се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетител; на Илинден Љубојно добива свечен празничен лик; тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати..

Ако Преспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националното живеење, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во етничка Преспа и насекаде во светот, настојуваат „Љубанските илинденски иселеничките средби“ и Македонија да бидат вечни.

Продолжува

1slaveПишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”

  Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во...

Историја

News image

Политичката огранизација на Македонската држава

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа: на врвот биле в...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17)

ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 20...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПИШУВАЊЕТО НА ЕУГЕН БОРЗА, ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (9)

  “Историјата многу често се нарекува запис на победниците“. Поточна дефинициј...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.