Среда, 28 Април 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ –МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (16)

1kir123

НЕЗАБОРАВНИ СРЕДБИ ВО ЛЕШОК И НА ПОПОВА ШАПКА 

Во шеснаесеттото продолжение ќе  ги претставам посетите на Лешочкиот манастир кој е легендарен македонски храм и на манастирско светилиште Св. Наум Охридски на Попова Шапка, кој е изграден на највисока кота во источната христијанска црква

Семејството Стамевски е тесно поврзано со Лешочкиот манастир. He само заради близината на нивното село Одри до овој семакедонски светилник, туку и заради фактот ште овој манастир претставува симбол на зачувувањето на македонската вистина, a co тоа и на семејството Стамевски.

Така, во една топло августовско утро во Лешок се сретнавме со Светле (Стив) Стамевски. Тогаш, уште рано - рано од сите страни народ како река надоаѓаше во Лешочкиот манастир. Брзаше старо и младо за да влезе во светите двери на легендарниот духовен храм, широко распослан среде зелената оаза близуТетово, под полите на високата Шар Планина.

Одекнуваа камбаните, додека големиот црковен двор бргу се исполнуваше со повеќето илјади иселени наши браќа кои, токму на тој илинденски викенд, беа стасале од Америка, Канада, Австралија, Европа и секако од цела Македонија. Величествена беше глетката на преполнетиот Лешочки манастир. Одамна иселените од родните македонски огништа, со многу емоции, а повеќемина и со солзи во очите, го разгледуваа храмот „Св. Атанасиј", на конаците, а до нив и старата црква „Света Богородица".

Одвреме - навреме многумина од иселениците ќе подзастанеа кога ќе успееја да се препознаат co no некој пријател, а може и со ближна рода. Годините и децениите го сториле своето, сепак, голем касмет беше да се прегрнат братски, тука во татковата земја Македонија и токму во лешочките атари. Тоа беа и таговни, но сепак, многу радосни средби, кои се овековечуваа со камерите и се меморираа во незаборавот.

А под сводовите на стариот и чудесно фрескоживописен храм „Св. Атанасиј" одекнуваше силниот, милозвучен, препознатлив глас на митрополитот Кирил, тука надлежниот прв епархиски достоинственик, кој ја служеше светата литургија во овој надалеку чуен и опеан во песните манастир.

Голем број Македонци од секаде ширум светот влегуваа за да запалат свеќа за здравје и бериќет, се поклонуваа пред олтарот и иконите и, иако немаше веќе игла каде да падне, тие не заминуваа туку остануваа до крај на богослужбата, со восхит понесени од чиноначалствувањето на неговото преосвештенство - Кирил. А потоа тие беа понесени од инспиративниот говор кој го одржа митрополитот.

Тој на насобраните верници и намер-ници, браќа по род, дојдени специјално на оваа семакедонска средба од разни страни на светот, до каде што ги распрскала судбината, маката, намерата и среќата им го честита празникот Илинден и им посака здравје, среќа, љубов и напредок.

1kir1234Средба во Лешок

Во тој топол, пријатен ден, и сета таа прекрасна атмосфера имаа средба со домаќинот - влади-ката Кирил. За таа бисерна разгледница што ја видоа иселениците во Лешочкиот манастир при-кажуваат и раскажуваат на поколенијата.

Митрополитот со својата пресретливост, љубезност, топол братски збор, духовна поткрепа и надеж, за секого, направи тој иселенички ден, тој семакедонски собир, да биде вистински ден за радост и незаборав и вечно да останат спомените за Лешочкиот манастир.

Светле (Стив) Стамевски и поголема група иселеници од Детроит го посетивме манастирскиот комплекс на Попова Шапка. Таму бевме пречекани од митротот Кирил, кој со големо задоволство зборуваше за историјата на комплексот, каде е изграден преубавиот храм „Св. Наум Охридски-Чудотворец". Во таа прилика, митрополитот Кирил, меѓу другото рече дека во рамките на програмата за одбележување на 25-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, која се реализира во текот на 1992 година, како и двете децении од конституирањето на Полошко-кумановската епархија, на Попова Шапка се одржа свеченост посветена на името и делото на еден од македонските светии свети Наум Охридски - Чудотворец.

Имено, во присуство на голем број личности од државниот врв, голем број верници, претставници на културни, научни и други институции од Републиката и општините од епархијата, беше положен и осветен каментемелник на новиот манастирски комплекс што го носи името на свети Наум Охридски, со што беше збогатен празникот на овој наш светител изградено со донација и од Македонците од Детроит, кои имаат посебна љубов кон овој храм.

Тој е на надморска височина од околу две илјади метри и претставува господов браник на татковската Македонија. Тоа е духовно лечилиште за сите оние кои се собираат на молитва, кои во него ќе бараат милост Божја, ќе црпат мудрост и сили за големи животни постигања и радости. Според информациите од црквата, манастирот.

1kir1235Манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Овој чин се случи во времето кога македонската суверена и независна држава и автоке-фалната Македонска православна црква во светот, доживуваа се’ поголема афирмација кај поклониците на правдата и вистината.

Потоа митрополитот Кирил ги информира иселениците дека ова манастирско светилиште е Св. Наум Охридски на Попова Шапка се гради на највисока кота во источната христијанска црква. Во рамките на средбата беше организирана црковно-народна трпеза на која Кирил имаше архијерејска беседа. Тој, меѓу другото, рече дека ништо нема подостоинствено, почесно и повозвишено од тоа еден народ да живее во слога, разбирање и мир во својата слободна, суверена и демократска земја, во која создава трајни и достојни дела за своите поколенија.

Тоа е одлика на македонскиот народ, кој опстојува со векови на овие немирни балкански простори. Исто така, митрополитот Кирил рече дека сите ќе ја согледаат вистината за Македонија, како што тоа го направија големите сили на чело со САД, во сета нејзина светлина и големина. Сите досегашни отпори против нас придонесоа светот да се запознае со Македонија и со нашето културно богатство и трајни цивилизациски вредности. Веруваме во конечното меѓународно признавање на Македонија од страна на целиот свет зашто она што е родено, што е создадено од Бога е предодредено да живее и да опстојува”, рече митрополитот Кирил.

Продолжува

1kir1236Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”

  Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во...

Историја

News image

Политичката огранизација на Македонската држава

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа: на врвот биле в...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17)

ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 20...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПИШУВАЊЕТО НА ЕУГЕН БОРЗА, ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (9)

  “Историјата многу често се нарекува запис на победниците“. Поточна дефинициј...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.