|
|
ОД ТВОРЕШТВОТО НА МЛАДАТА МАКЕДОНСКА СЛИКАРКА МИРЈАНА НИКОЛОВ ОД ГЕРМАНИЈА |
Мирјана Николов е родена во 1989 година во Штип, но од својот втор роденден живее и работи во Германија, поточно во Баварија. По струка е медицинар, но нејзина голема љубов е сликарството. За себе вели дека уметноста и духовните теми ја интересираат уште од најрана возраст, а со текот на времето почнала и посериозно да се занимава со сликарство. Главно работи со акрилни бои, а нејзиното сликарство, кое се карактеризира со богат колорит и складно оформени елементи, опфаќа широк дијапазон од апстрактни мотиви понекогаш умешно направени инсталации во кохабитација со суви цвеќиња, па се до мотиви поврзани со природата. Има работено и портрети (главно цртежи), а веќе има продадено и свои слики во Германија. Од сликарите најомилен и е сликарот Боб Рос.
Пишува: Александар ДОНСКИ |