Среда, 24 Јули 2024   
ПАТУВАЊЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ ОД ЊУЈОРК ВО ОХРИД (36)

11 copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе поместиме серија написи од членовите на Ансамблот објавени во магазинот „Њузлетр“.

Ансамблот „Томов“ од Њѕјирк предводен од видниот македонски иселеник Џорџ Томов беше составен исклучително од Американци, ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф беше Македонец. Ѓорѓи (Џорџ) Томов, кој беше меѓународен професор и бард на историјата на македонскиот танц и на ората, што се основа на нашата цивилизациска меморија, ги преплави светските фестивали и сцени со својата бесконечна љубов и стана легенда на македонската дијаспора и на македонската интернационална судбина.

Ансамблот за народни игри и песни “Томов” со успех работеше во велеградот Њујирк. Ансамблот е формиран 1974 година со цел да ги прикажува на американскиот континент богатите игри и песни од Балканот, посебно од Македонија. Тој беше составен исклучиво од Американци, ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф беше Македонец.

Тоа беше единствен ансамбл во светот од ваков вид. Поголем број од членовите по занимање се професори, инженери, научници, кои своето слободно време го посветувале на убавите игри и песни од богатата македонска и балканска фолклорна традиција. Оригиналните игри на ансамблот “Томов” и’ се познати на македонската јавност уште од 1979 година.

Ансамблот „Томов”, во своето постоење имал постигнатно огромни резултати околу ширењето на македонската култура. Секоја година одржувал од 6 до 14 концерти во најпознатите светски сали: Карнеги хол и Линколн центарот во Њујорк, во Бостон, Вашингтон, Чикаго и многу други поголеми и помали градови во САД и Канада; настапувал на повеќе телевизиски станици во САД; учествувал на свеченото отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Лејк Плесид, во 1984 година, и на специјалистичкиот концерт за свеченото отворање на островот Елис во 1990 година; има учествувано и на многу фолк-фестивали во Америка.

Овој текст на Џон Брандо се однесува на патувањата до Охрид. Во него се вели: „Наредното утро, на 5 јули, требаше да заминеме од Охрид и со автобус да одиме за Скопје за да стигнеме на време за ручек во нашиот хотел. За жал, ноќта пред тоа, кога дел од нашата група ги следеше зурлаџиите до езерото за да играат оро, една од девојките го оставила својот паричник во кој биле нејзиниот пасош, парите, итн., до едно дрво во темнината, но не можела да го најде кога сакала да се врати.

Тие отишле до хотелот и го разбудиле Георги (околу 2 часот по полноќ) за да му кажат што се случило. Ништо не можеше да се стори во тој дел од ноќта. Рано наредното утро, Ѓеорѓи отиде во полиција. Тие му рекоа дека пред нешто да се стори, исчезнувањето треба да се огласи во весници, а потоа да се чека 24 часа.

Потоа, треба да се оди во Белград кој е главен град, со слики и слично за да се добие замена за пасош. Пасошот не се користи само за патување од една во друга земја, туку и секој пат кога се пријавувате во хотел, пасошот мора да се предаде. Пасошот ви е исто така потребен и при плашање со патнички чекови. Ѓеорѓи одеше ваму-таму цело утро, обидувајќи се да најде излез од лошата ситуација.

Во меѓувреме, во хотелот, ние што останавме бевме спакувани и чекавме, спремни да се качиме во автобусот. Се разбира, имаше големи поплаки за доцнењето. Не знам како оние што се жалеа ќе сакаа Георги да реагираше. Тој сигурно немаше да си замине и да ја остави девојката сама да го реши проблемот.

Тој нé извести дека веќе телефонирал повторно да ручаме во хотел Бисер во Струга на нашиот пат за Скопје. Не ги знам деталите како пасошот конечно беше заменет со нов, но дел од оваа епозода што ме ожалости беше личната загуба на Георги.

Подоцна, кога насамо разговаравме со Георги, Вендел и јас дискутиравме за искушенијата и маките да се биде водач на група и тој ни призна нам дека тој ден тој морал да плати за 50 порции ручек во Струга, исто така морал да плати и за оние 50 ручеци во хотелот во Скопје во кој имаше претходно резервирано, а во кој ние не успеавме да отидеме. Никому ништо немаше кажано за тоа. Прашав како може да посака било кога да води група повторно, а тој рече: ,,Работите ќе бидат подобри идната година...”

По живописното патување со автобус од Струга до Скопје, пристигнавме во хотелот Панорама на падините на ридот од кој имаше прекрасен поглед кон целиот град. Во 1963 година, силен земјотрес го разрушил поголемиот дел од градот, убивајќи повеќе од илјада лица. Го посетивме Етнографскиот музеј и бевме преплавени со чувства од величенствените народни носии изложени таму. Во новиот дел од градот, има продавници во кои се продаваат извезени кошули (почнувајќи од 20 долари).

111 copy 

Охрид

Во стариот дел од градот, има продавници за опинци, но не од стариот стил. Една вечер, еден пријател на Георги донесе куп македонски народни носии во хотелот и многумина од нашата група купија носии од него. Друг приајтел на Георги од КУД ТАНЕЦ ни одржа играорна работилница едно попладне во хотелот, на отворената терасата надвор. Врвниот настан при наштио престој во Скопје беше величенствениот македонски излет што роднините на Георги ни го приредија.

 Ноќта пред тоа, набиле пет јагниња и во пекарата - откако лебот беше испечен околу 3 часот утрината - јагнињата беа ставени во релна да се печат. Наредното утро, родините направија салати и разни јадења, вклучувајќи мали колачи во шербет со мед за десерт.

Отидовме со автобус на едно излетничко место (јавен тревник) каде тие беа донеле ќебиња што ги распослаа на земја за да седиме, секакви видови пијалоци, итн. Јадевме големи парчиња од мекото, тенко, сочно, сеуште топло јагнешко месо и од сите други прекрасени јадења додека не се заситивме.

Слушнав како еден го прашува другиот до себе: „Дали сакаш да се измиеш и избришеш?” А одговорот беше: ,,Ми треба бањање и сушење!” Потоа, Георги пушти народна музика на магнетофонот и ние игравме на тоа отворено место.

Привлековме голем број попатни минувачи кои беа заинтригирани од различните ора што ние, необична група Американци, ги игравме. Како и самиот Георги, и неговите роднини се многу гостољубиви, дарежливи, со топли срца и мили.

Продолжува 

 1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.