Среда, 21 Август 2024   
ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН - ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 68“ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА

2 copy copy copy copy

Македонското литературно друштво (МЛД) „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави августовскиот- Илинденскиот  број 68 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура и кое  успешно ги промовира македонскиот јазик, литературата, културата и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија.Ова информативно гласило го уредува редакциски одбор во состав: Душан Ристевски-Македон (главен и одговорен уредник), Иван Трпоски, Мена Ристевска и соработниците: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Фиданка Танаскова, Александар Донски и Славе Катин (Македонија), а технички уредник и дизајнер е Александар Донски.

Новиот број на сисанието „Повод 68“на насловната страница ја содржи фотографијата на една од најпознатите литературни творци од Австралија, Гордана Димовска од Мелбурн. Таа е активист во Македонската заедница во Викторија повеќе од 22 години. Членуваше во повеќе македонски организации а денес е претседател на Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ во Мелбурн каде веќе десетина години успешно организира саеми на книги, литературни читања, промоции на книги со цел да се промовира македонскиот јазик и литература во Австралија.

Гордана Димовска е писателка и поет, родена на 20 декември 1970 година во битолското село Оптичари, Република Македонија. Уште од најрана возраст изразува чувство на љубов кон книгата и македонскиот јазик за подоцна да почне и да пишува најубави состави на разни теми и да се здобива со награди за истите. Од 1993 година живее и работи во Мелбурн, Австралија. При добиените квалификации во Монаш Универзитетот во Мелбурн се вработува во Викториското училиште за јазици каде континуирано предава Македонски јазик од 1999 год. Во 2007 година се здобива со диплома за јазици при Маквори Универзитетот во Сиднеј.

Таа објавува статии од 2008 година во многу македонски медиуми во дијаспората, весниците „АМН“, „ Денес“, повремено и за весниците „Нова Македонија“, „Вечер“. Еден од уредниците на електронското списание „Македонска нација“ во Македонија, еден од соработниците во уредувањето на литературното списание ПОВОД кое излегува двомесечно и го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Гордана Димовска има и свој блог наречен „Македонски времеплов“ каде редовно објавува прилози, интервјуа на македонски и англиски јазик. Гордана е долгогодишен член во „Македонската учителска асоцијација – Викторија“ и новоформираното „Здружение на наставници по македонски јазик во светот Учиме македонски“.

Во продолжение на овој број на списаниетo „Повод 68“ се дадени и песните: „Земја исконска“, „Поклон за Григор Прличев“ и „Баба Планина“, како и текстот од Сергеј Фјодоров Алексеев за новата книга под наслов „За хероината Гордана Димовска“  . Во текстот, меќу другото се вели дека да се пишува за Гордана Димовска е уште поголема привилегија. Затоа што таа е создадена од многу такви кои се плотени во симбиоза, претставуваат една совршена целина на исклучително вредни нешта присутни на едно исто место со неверојатна можност на заедничко беспрекорно функционирање.

Овоземната улога на Гордана Димовска е ширењето на љубов. Безгранична љубов која го обојува целиот нејзин живот затоа што за неа убавината на живеењето е животот за Македонија. Со креативната енергија која ја црпи од себе, споена со силата на универзумот, Гордана Димовска чекори по вистинската патека дадена од Бог и убаво и е. Среќна е. Затоа што таа знае, секогаш знае што сака, има јасни цели, зацртани идеи и желба да успее.

Во чест на најголемиот празник на Македонците во етничка Македонија и во иселеништвото ИЛИНДЕН, во новиот број „Повод 68“ се објавени голем број песни посвете на овој голем празник, межу кои песните: „Илинденска“ од Гордана Димовска, „Лузни вековни“ од Горјан Маслинкоски, „Вечен факел“ од Оливера Јовановска, „Сто ангели небесни“ од Крсте Наумов Мечкар, „Крушево 1903“ од Иван Трпоски, „Војводата Христо Узунов“ од Велика Гатцис, „Илинден 2 Август“ од Гроздан Јовановски, „Ден спроти Илинден“ од Вангелко Лозаноски и Гордана Димовска, „Илинден“ од Љубица Поповска, „Илинден“ од Марија Александрова, „Илинден“ од Наум Пауновски, „Илинден“ од Наум Трајчески, „Илинден за на век“ од Спасија Огненовска, „Светлината на вечниот сон“ од Саво Костадиновски, „Илинден“ од Ристо Галевски и песната „Илинденска 2024-та“ од Лилјана Стоилковска.

Во продолжение на списанието „Повод 68“ е поместен текст под наслов  „Илинден – најсветслиот празник во историјата на македонското иселеништво“ од авторот на овие редови Славе Катин,во кој, меѓу другото се вели дека Илинден е запишан со крупни позлатени букви во календарот на македонскиот народ во етничка Македонија и кај македонските иселени ширум светот. Илинден 1903 година е највисок револуционерен врв на борбата што ја водел македонскиот народ за соборување на султанската тиранија. Тој беше патоказ во национално-револуционерната борба на македонскиот народ и другите народи кои живееле во тогашна етничка Македонија за слобода и независност.

Илинденското востание во 1903 и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, се два најголеми историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на 2 Август, на ден Илинден. Тоа го прави Илинден да биде најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија и највеличествениот ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на македонскиот народ.

Исто така, во овој број е даден текстот под наслов „Водачот на Илинденското востание Борис Сарафов јавно се декларирал како Македонец“ од Александар Донски. Во него, меѓу другото, е забележано дека  еден од водачите на Илинденското востание, големиот македонски револуционер Борис Сарафов (кој само поради тоа што бил десничар, неправедно беше сатанизиран од некои македонски историчари) себеси сосема јасно се декларирал како Македонец. Така, на пример, во 1902 година Сарафов изјавил: „Ние Македонците не сме ни Срби ни Бугари, ами просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот.

Ние им сочувствуваме и на едните и на другите, и на Бугарите и на Србите, и којшто ќе го помогне нашето ослободување - нему ќе му речеме благодарам, но Бугарите и Србите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците!“ Оваа изјава на Борис Сарафов била дадена за Балкански Гласник во бројот од 07.07.1902 година.

Исто така, во продолжение, авторот на овој текст, Славе Катин се претставува со текстот под наслов „80 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ“, во кој се вели дека  според историската документација, во есента 1943 година беше формиран Иницијативен одбор за подготовка за создавање на АСНОМ. Во март 1944 година, Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни народно-ослободителни одбори, како и за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија) претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

Во продолжение е претставена новата книга на познатиот писател од Канада Ристо Стефов под наслов “ Collective Punishment ; Genocides Committed Against the Macedonian People“ (Колективна казна: Геноциди извршени против македонскиот нарос“), во која, меѓу другото се вели дека колективна казна е казна или санкција изрешена на група за дела наводно извршени од член на таа група, кои би можеле да биде етничка или политичка група, или само семејството, пријателите и соседите на сторителот. Затоа што поединци кои не се одговорни за делата се насочени кон колективното казнување кое не е компатибилно со основниот принцип на индивидуалната одговорност.

Казнетата група често може да нема директна поврзаност со сторител освен што живее во истата област и не може да се претпостави дека врши контрола врз дејствијата на сторителот. Колективна казна е, пап воено злосторство забрането со договор и во меѓународни и во немеѓународни вооружени конфликти, поконкретно со Заеднички член 33 од Четвртата Женева Конвенција и член 6 од Дополнителниот протокол II.

Во овој број на списанието „Повод 68“ е презентиран текст под наслов „Роднокрајни автори – аудио записи“, во кој се вели дека на Втората роднокрајна средба се промовирани Алманах и ДВД издание „Роднокрајни автори – аудио записи 2024 “ Охрид, почнувајќи од Св. Климент, преку Прличев, па сѐ до денес е плодна почва и расадник, но и вечна инспирација за роднокрајните автори.

Во продолжение се поместени песните „Јазикот ни беше“ од Крсте Наумовски Мечкар, „Кога Тргнав во туѓина“ од Наум Трајчески, потоа текстовите под наслов „Поетски збиднувања во Македонија“ од Оливера Јовановска, „ Свечена, Масовна и достоинствена илинденска прослава во Македонија“ од Фиданка Танаскова, „Националниот празник Илинден прославен во Сиднеј“ од Иван Трпоски, потоа објавениот текст од литургијата во „Црковниот информативен портал“ под наслов “Велелепна прослава на славата на храмот„Света Петка„ во Рокдеил, Сидне“ј.

Во текстот, пак,  на  Георги Гоце Дурданоски под наслов „Светлана Мишева наградена со “Златен Птоломеј, за животно дело од Македонската заедница во Холандија“ е забележано дека  на 16 март 2024 во холандското гратче Хендрик-Идо Амбахт во близина на Ротердам се случи еден исклучителен настан организиран од Македонската заедница во Холандија по повод 80-от роденден на една исклучителна личност: Светлана Мишева. Таа е голем промотор на Македонија од својата рана младост и како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ во 60-тите години на минатиот век настапувала на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет

Исто така во илинденското списание „Повод 68“ е поместен текстот на Фиданка Танаскова под наслов „Убавина и посебноста на Македонија; Крушево, Охрид и Марвинци“, во кој, меѓу другото се вели дека највисоко на Балканот, среде кориите со букова и дабова шума, вгнездено на Баба Планина на 1350 метри, е музејот-град, славното Крушево. Лете привлечно, зиме незаобиколно, во историјата запишано, во помнењето зачувано.

Од Крушево, продолжуваме да ја крстосуваме Македонија, па се симнуваме надолу кон древниот Охрид, кон балканскиот Ерусалим и најубавиот туристички наш центар, распослан крај белото езеро – кое научно е докажано, дека е едно од најстарите во Европа.

Исар Марвинци, пак, моќниот град од некогашна Македонија, кој се наоѓа на седум километри од Валандово, од левата страна на реката Вардар и кај богатите полиња и овоштарници. Бил праисториско населено место, издигнато во срцето на Повардарието.

На крајот на илинденското списание “Повод 68“ е поместене рубриката „Еден поет – една песна“ што ја приреди Иван Трпоски, а е посветена на песната „Ах ти“ од Јован Кокаловски.

Да се потсетиме дека Јован Кокаловски од 1970 година го издаваше весникот „Македонски збор“, беше редовен дописник  на весникот „Нова доба“ и списанието „Повод“ и во други гласила. Автор е на монографијата за „Брусник“, на монографијата за „КУД Илинден“, на поемата „Илинденска приказна“ и на стихозбирката „Атомски протест“ (1987). Со поезија е застапена во зборниците/антологии: „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“ (1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), Macedonian Poetry in Australia (1996).

Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.