Среда, 04 Декември 2024   
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави списанието „Повод“ број  70 за декември 2024 година. Тоа се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, а  е наменето за литературата, културата, историјата и општествените науки, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија,

Списанието „Повод“ број 70 е посветено на Спасе (Спаско) Трпоски, кој е роден во 1947 година во с. Волино, Охридско. Во 1967 година дошол на печалба во Австралија. За жал, се вратил во Македонија како инвалид. Често пати се враќал во Австралија но родната грутка во Татковината секогаш го привлекувала назад, смртта да го затече во Охрид на 16 декември 2000 година и да направи вечен дом  во родното Волино.

Во списанието е забележано дека Спасе Трпоски за цело време во Австралија бил во првите редови на пробудените Македонци, а за доброто на родната Македонија бил неуморен. Од неговите активности треба да се одбележи дека тој во Сиднеј и пошироко ја формирал задграничната партија на ВМРО – ДПМНЕ, на која бил подолго време и нејзин секретар. Притоа, активно соработувал со најголемиот македонски дисидент во иселеништвото - маченикот Драган Богдановски.

Тој бил член на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и организатор на Волинските вечери во Охрид. Се занимавал и со пишување, а неговите текстови биле објавувани под псевдоним „Езерски’ Заедно со своите браќа го изработил грбот на родното село, а бил еден од организаторите за издавање на монографската книга за селото Волино. Бил иницијатор за изградба на селското речно корито, на црквата „Света Недела“ и на Илинденскиот споменик во Волино.

Во 1992 година Спасе (Спаско) Трпоски ги објави стихозбирките: „Врати ми се татко“, „Волински македонски вистини“, „Печалбарска вистина“ и „Скакулци“, како и публикациите: „Македонска независна држава“, „ВМРО – ДПМНЕ“, „Случки во Охридско“ и „Патоказ на Науме Билко Трпоски“, а во оставнина имаше доста необјавени творби кои подоцна беа објавени во монографското дело „Спасе Трпоски – живот и дело“ (2008) од Иван Трпоски.

Во продолжение се објавени неговите песни „Наша земја“, „Илинден“, „Времето стаса за војна“, како и текстот „Спасе соработуваше со Драган Богдановски“ што е Извадок од книгата „Спасе Трпоски - живот и дело“ од Иван Трпоски, Во текстот, меѓу другото се вели дека Спасе радосно ги прифаќал родољубивите побуди во Македонија. Неговиот дух бил непомирлив кон неправдите на властите во Македонија. Затоа, тоји  ги поддржал Вевчанци во спорот со водата. Не сакал водата на сила да им ја одземат скопските чауши доселени на викендичките во населбата „Елен Камен“ крај Струга. Тој зел учество и на протестот кој го одржале Вевчанци пред Општинското собрание во Струга. За овој негов гест Вевчанци му испратиле благодарница и книгата за Вевчани.

Во Охрид, Спасе, почесто се среќава со „војводата“ Никола Велјаноски и неговите „комити“. Никола бил прочуен по изрекување и извршување на смртни казни за политички непослушници. Па така, покрај другите замисли со Велјаноски, ја зацртале и програмата за подигање споменик на Александар Македонски пред пристаништето во Охрид. Тие планирале ваквиот потег да го преземат и други градови на Македонија, со кое сакале да ја сочуваат историјата на Античка Македонија.

На средбата со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Ацо Спироски, Спасе инсистирал, тој во парламентот почесто да го поставува барањето за овозможување на основните права на Македонците во поробените македонски делови во Бугарија и Грција од тамошните власти. Исто така со Владо Транталовски на 26 фебруари 1991 година Спасе отпатувал на средба со Богдановски во Минхен, Разговорите биле загрижувачки во врска со односот на Георгиевски и Змејковски спрема симпатизерите и пратениците од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Спасе Трпоски со неколкумина ентузијасти, меѓу кои предначи господинот Гоце Јовковски, на 22 јуни 1991 година во сиднејската населба Рогдел ја отвориле првата македонска Канцеларија за врски, наречена како „Македонска амбасада“. Потоа тој ќе биде еден од организаторите на референдумот за признавање на самостојна македонска држава што се одржа на 8 септември 1991 година во просториите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј.

Во продолжение е поместен текстот на м-р Марјан Гијовски под наслов „Спасе и Иван Трпоски – безусловна наклонетост кон Македонија“, во кој, меѓу другото се вели дека првиот македонски претседател, Методија Андонов Ченто емиграцијата ја нарекол „Четврта емигрантска Македонија“ (после пиринска, егејска и вардарска) тоа покажува колкаво е значењето на здравиот и постојан однос меѓу матицата и Македонците низ светот. Тие врски пред сè треба да бидат институционални, интензивни но потребно е да се вложуваат напори за создавање што повеќе меѓучовечки врски меѓу Македонците од Република Македонија и Македонците зад океанот. Затоа за Спасе е посветена песната „Далечинска исповед“ од братму Иван Трпоски.

Посебен простор во списанието „Повод“ бр.70 е посветен на текстот за книгата на англиски јазик на Ристо Стефов под наслов „Малата книга на грчките лаги“ , во која, меѓу другото се вели дека денес нема етнички Македонец со потекло од Грција кој не знае што значи „Грција“ и „Елинизам“ за македонскиот народ. Македонците знаат точно како е создадена Грција и како Грците се направени од Македонци. Никој не смее да гледа подалеку од сопственото село или семејство за да го види процесот на „хеленизација“. Стефов пишува дека во Грција пораснал со деца чии роднини биле Македонци, за жал, истите тие деца како возрасни се колнат дека се „Грци“ поврзани со „античкото Грци“, што не е вистина и е неприфатлива лага.

Во продолжение е даден убав текст со поголем број фотографии за промоцијата во Битола на книгата „Хероина Гордана Димовска“, во кој е забележано; „Kaко што беше подолго време најавувано, од печат излезе книгата од Гордана Такец, „Хероината Гордана Димовска“. Книгата е посветена на ликот и делата, активностите на Гордана Димовска во Македонската заедница во Австралија. Промотор беше Гордана Такец, а промоцијата се одржа на 23 септември во книжарата Book’s house, Битола“.

Во таа пригода промоторката, Гордана Такец меѓу другото рече: “Романот за Гордана Димовска е дело во кое ликот и нејзината креативност се запишани низ камерата на моето око и онака, како што јас ја доживувам како човек, уметник, поборник за заштита и опстој на македонскиот јазик и се’ што е македонско. За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот, светост, иднина, верба, надеж, причина и повод за напредок“.

Исто така, во овој број посебен простор е посветен на промоцијата на книгата „Летопис на духовната пчела“ од познатиот иселеник Кире Циревски, Во текстот  е забележано дека промоцијата се одржа на  29 октомври 2024 година, во просториите на Културно образовниот центар “Илинден“, до црквата “Св. Петка“ во Сиднеј, Интересот за ова дело ги собра нешто повеќе од осумдесетина Македонци, кои со нетрпение очекуваа да добијат книга каде би ги нашле своите имиња во историскиот алманах како донатори, или како учесници во градбата на црквата „Св. Петка“ во Рoкдајл. Во тој контекст се запишани неколку илјади македонски иселеници по име и презиме.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Црквата „Св. Петка“ во Сиднеј

Инаку, промотор на книгата беше парохискиот свештеник отец Владо Недески, а  најпрвин присутните ги поздрави првиот потпреседател на црковната општина Св. Петка, Александар Младеновски. Тој, меѓу другото рече дека Кире Циревски е еден од најистакнатите активисти во македонската заедница во Австралија. Во црковната општина “Света Петка” од Рогдаел членува од почеток. Неколку години беше нејзин претседател, секретар и благајник, во чиј домен работаат македонското културно уметничко друштво “Илинден” и во првата македонска детска градинка надвор од границите на Република Македонија.

Авторот на обемното и значајно дело Кире Циревски, пак, рече дека книгата е фактографија и огледало за една себевградувачка дејност што е остварена и се уште трае и пулсира за нас Македонците кои знаеме како да ја сакаме и како да се оддолжиме на Татковината- Македонија. Затоа, многумина твореле и придонесувале на разни начини за доброто на својата Татковина и Црква. Многумина пишувале разни летописи и патеписи за нас Mакедонците во иселеништвото.

Новиот број на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Така,Оливера Јовановска дава песни од збирката поезија „Аманети за Битолчани“.

Посебно место во списанието е посветено на текстот за Славе Димоски. кој ја доби наградата „23 Октомври“. Имено, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишните остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија му се додели на Славе Димоски, почесен член во Литературното друштво „Григор Прличев“.

Исто така, во списанието „Повод“ бр.70 е даден текстот за Културно-научните средби „Новаци 2024“ од Божин М Андоновски. Во него се вели дека настанот го започна претседателката, Весна Калпаковска, а потоа зеде збор и градоначалникот на општина Новаци, господинот Стевче Стевановски и свечено ги прогласи Средбите за отворени.

И како што се практикува и секоја година, најпрво се направи кратка промоција на новиот зборник со трудовите што беа промовирани на Средбите во 2023 година, односно Зборник на трудови бр. 19, а веднаш потоа беа прогласени и овогодишните добитници на четирите награди. Наградата „Повелба за животно дело“ оваа година се додели на битолскиот новинар, хроничар и фотограф – Петар Ставрев. Наградата „Златен клас за Македонски вознес“ се додели на новинарката Соња Лозановска – за промоција на македонскиот јазик, култура и уметност во Канада. Наградата „Панде Манојлов“ - за поезија, се додели на д-р Лили Бошевска. Оваа година се додели и втора награда за Животно дело. Истата беше доделена на битолскиот писател Ванде Ганчевски.

Во продолжение е даден текстот во кој Оливера Јовановска пишува за средбата со проф. Д-р Ѓорги Сталев и неговото семејство во Скопје. Причина за оваа средба била предавањето на второто издание од архивската книга на МЛД ,,Григор Прличев“ од Сиднеј. Книга во која има документирани податоци, информации за Друштвото од самото основање па се до 2024 година. Автор на книгата е поетот и писател Иван Трпоски, библиотекар и архивар на Друштвото кој ги чува и запишува сите настани кои се поврзани или организирани од управата на Друштвото. Притоа е одбележан и 40 годишниот јулеј од издавачката дејност МЛД  и е презентиран список на книги издадени преку Литературното друштво „Григор Прличев“.

Посебен простор во списанието „Повод“ бр.70 е посветен на писмото испратено од Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска – Давкова до главниот и одговорен уредник на „Повод“ Душан Ристевски. Во него упатува пофални зборови за списанието „Повод“ кое со задоволство го читала. Меѓу другото Претседателката Силјановска Давкова пишува: „Ви благодарам за најновиот број на „Повод“. Ретко кога и ретко толку сум уживала во тагата, напати и со солзи во очи читајќи ја извонредната поезија посветена на Македонија, Македонците и македонското“.

Во продолжение на писмото Претседателката упатува пофални зборови за објавените песни, како и за текстот за книгата од Оскар Давичо „Меѓу партизаните на Маркос“ за која книга предлага да биде интегрално издадена. Воедно ги повикува МЛД „Григор Прличев“ за натамошна соработка.

Редакцијата на „Повод“ се заблагодарува за честа укажана од страа на Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска – Давкова и со задоволство го прифаќа предлогот за натамошна соработка.

Во продолжение е даден текст за донаторството од над 1.000 книги на поетот Саво Костадиновски од Германија на библиотеката во Домот на културата во Македонски Брод. Тој пишува дека се надева оваа донација ќе го зголеми интересот за читање книги меѓу членовите на библиотеката. Би било убаво оваа традиција да продолжи, а некои писатели, како што сум информиран, исто така донирале книги во своите родни места.

Исто така е интересен текстот под наслов „За престојот на Тодор (Тоде) Мицковски во своето омилено и никогаш незаборавено битолско село Поешово“ и за работа околу манастирот во изградба „Св. Лидија Македонка“ од Божин М Андоновски.

Во продолжение е текстот под наслов „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“ од Весна Дамчевска,  Координатор по македонски јазик во Килор Даунс центар Викториско училиште за јазици. Приредбата започнала со следниот цитат на академик Блаже Конески: „Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски- ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“.

Значаен простор е посветен на текстовите „Прашања во врска со бугарската етногенезана кои бугарските историчари немаат одговор (Прв дел) од Александар Донски; „Знамето е свето за  Македонците“ од  Гордана Димовска; „Христијанството – религија на Македонците ширум светот“ од Славе Катин и „Наши цркви и манастири со името на Свети Никола- многувековно духовно богатство  на Македонија“ од Фиданка Танаскова.

Во текстот „Лек за очни инфекции“ подготвен од Мена Ристевска, меѓу другото се вели дека лекувањето на инфицирано око не може да биде поедноставно. Сè што се состоеше од прскање на органска белка од јајце во заразеното око непосредно пред да се заспие. Лицето кое ми ја даде оваа скапоцена информација, ме предупреди да се осигурам дека нема трага од жолчка во белката која ќе се вметне во окото. Исто така во текстот се вели дека македонскиот народ е неразделно поврзан со нашето минато и сегашност, стреме-жите за самоидентификација и национална кохезија и ако сакаме да прифатиме дека ние сме единствениот катализатор во обезбедувањето на нашиот опстанок како обединета нација, тогаш ние веќе успеавме да го зачуваме нашето неоспорно место во светот.

И на крајот од списанието „Повод“ бр. 70  во рубриката „Еден поет, една песна“ Иван Трпоски ја помести песната „Куќа за продавање“ од Вукосава Донева Варколи и текстот дека Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј ја подготвува новата престава под наслов „Преполнета чаша (Невидлив затвор)“.

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.