|
|
На 8 септември фолклорен фестивал „ПРЕСПА 2010“ |
Во организација на општина Пустец, а по повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, в среда ќе се одржи традиционалниот македонски фолклорен фестивла „Преспа 2010“.Според Васил Стерјовски, на седмиот по ред фестивал ќе учествуваат фолклорни групи од Мала Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на Пустец, а присутните ќе ги поздрави градоначалникот на општината Едмонд Темелко. Фестивалот е значајна културна манифестација со цел афирмација на културниот идентитет на Македонците во Република Албанија. На манифестацијата е најавена и посета на македонскиот премиер Никола Груевски. |