Светскиот Македонски Конгрес (СМК) се приклучува кон повикот на претседателот на Светскиот Еврејски Конгрес Роналд Лаудер, грчкиот Парламент да ги забрани активностите на нео-фашистичката партија Златна Зора и ја прогласи за незаконска.
Македонците беа жртви на грчкиот геноцид во Балканските војни и Граѓанската војна во Грција и затоа се загрижени за екстремизмот и наци-фашистичката идеологија на партијата Златна Зора и нивните активности против имигрантите, не-Грците и Македонците во Елада. Идеологијата на наци-фашизмот е поразена во Втората Светска Војна, меѓутоа загрижуваат насилствата и агресивниот антимакедонизам, антисемитизам, ксенофобија, расизам, фашизам и нацизам на Златна Зора и затоа СМК баразаконски мерки против оваа нео-фашистичка партија. |