Во присуство на градоначалникот на Стокхолм, претставникот на Европската Комисија, дипломатскиот кор, пратеници од Шведскиот Парламент, бројни шведски бизнисмени и новинари од специјализирани списанија за храна и вино, во шведската престолнина беа промовирани и дегустирани македонските производи од овошје и зеленчук и македонското вино. На приемот “Taste of Macedonia”, чиј домаќин беше амбасадорот Кире Илиоски, македонските производители членки на МАП и винарската визба Бовин успеаа да го доловат вкусот на македонската храна и вино пред присутните во познатиот хотел Хелстен во Стокхолм.
- Не случајно го избравме хотелот Хелстен за презентирање на ,,Вкусот на Македонија;,Станува збор за препознатлив хотел чиј ентериер е уникатен и претставува комбинација на модерното и традиционалното. Токму таква е и македонската храна и вино, уникатни производи, произведени на современ начин со модерна технологија, но истовремено производи со долгогодишна традиција и препознатливост-истакна во своето обраќање амбасадорот Кире Илиоски и ги покани присутните да го почувствуваат вкусот на Македонија преку македонската традиционална храна и вино.
|