|
|
Македонци во австралискиот Парламент |
Денес во светот има околу 190 милиони имигранти кои заминуваат во поразвиените земји за подобри можности за вработување, економска и социјална сигурност. Во 2005 година бројот на имигранти во Австралија рапидно се зголеми од 30 000 на 123.424 за во 2006 да достигне бројка од 144.000 Познато е и тоа дека голем број Македонци живеат и работаат надвор од својата татковина. Некои заминале како деца бегалци од родните огништа во Беломорска Македонија а многумина како печалбари од економски причини. Без разлика од кои причини ги напуштиле родните огништа, иселениците трагаат по нов идентитет , се учат на нови култури, законски норми, јазик и се што доаѓа како последица на прилагодувањето. Поминуваат низ фаза на “културен шок“ за после тоа да сфатат дека сето тоа е нормално и мора да се издржи. Новодојдените се познати како луѓе со силна работна етика, со богато културно наследство кое им помага да постанат клучен фактор во градењето на мултиетнички соживот и интегрирање во општеството. Тоа се Македонците во Австралија кои со работната етика и активност, многу допринесуваат за развојот на економијата не само во Австралија туку и во Македонија. Освен активности во Македонската заедница тие се повеќе се вклучуваат и во политичкиот живот на Австралија. Таков еден пример е и Џим Биволтсис во Западна Австралија. Член на Либералната партија повеќе од 30 години, директор на Ngarluma и Yindjibarndi Фондацијата, долги години претседател и на осигурителната асоцијација во Западна Австралија, оженет со три деца и горд на своето македонско потекло. Во изборната трка за пратеник неговите главни цели биле да се подобрат здравствените услуги во заедницата како и подобра сообраќајна мрежа во регионот. Иако не успеа да добие пратеничко место во Парламентот, сепак докажа дека има интерес,храброст да се кандидира за пратеник и јаки организациони способности да води силна кампања. И нешто за родното место на Џим. Тој е роден во село Полипотамо (Нерет), Северна Грција. Дошол во Австралија како мало дете со неговите родители Ристо и Фанија и бил прв од фамилијата кој се образовал на универзитет. Дипломира уметност на Универзитет во Западна Австралија и долги години работи со видни финансиски институции во Австралија. Отвора и свој бизнис (OceanWest) за финансиско работење, планирање и услуги. Тој добро зборува македонски јазик, и никогаш не ги заборавил своите корени. Така во неговите рани 50 години, за првпат се враќа во своето родно место и купува куќа каде сега е редовен посетител и стекнува многу пријатели. Џим како личност е умерен, конзервативен и на контраверзното прашање за односите меѓу грчката и македонската заедница вели дека треба да се најде умерено решение со многу меѓусебно разбирање и градење на пријателски односи. Исто така размислува повторно да се кандидира за пратеник во австралискиот Парламент а дотогаш сака да види позитивна комуникација и дружење меѓу двете заедници. Џим е уште еден од многуте примери како луѓето од македонско потекло живеат и творат во Австралија а сепак ги задржуваат своите македонски корени. Податоците за Џим Биволтсис се преведени од прилогот на Виктор Бивел, “ Community Leader Stands for Parliament“ (извор: www.pollitecon.com)Преведе: Гордана Димовска |