|
|
„Од по жица“ од Жаклина Михајлова |
Промоција на книга во Сиднеј од Жаклина Михајлова ОД ПО ЖИЦА - ЖИВОТ ИСПОЛНЕТ СО ТАГА, ЖЕЛБИ И СОНОВИ На 22 нарт Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во прекрасната просторија на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, ја промовира дебитанстската збирка поезија „Од по жица“ од Жаклина Михајлова, позната во македонската заедница како Жаклина Михајлова - Учителката. На промоцијата присуствуваа повеќе од 150 љубители на поетската реч. Книгата ја промовираа Др Ирена Вељанова и Виктор Бивел, двајцата видни публицисти, поети и љубители на македонскиот пишан збор, кои дадоа опсижна анализа на песните кои се појавуваат двојазично, а се пишувани во еден значаен период од животот на поетесата Жаклина. Стихови од книгата читаше артистката Олга Николовска во придружба на звуци од гитарите на Томе Јовановски - Темсо и Зоран Георгиевски. Рецензенти на книгата се Гордана Михајлова Бошнакоска и Михаил Ренџов, а илустрациите на Жанина Алексова. Иако ова е прва збирка поезија на Жаклина Михајлова, таа редовно се појавува со свои есеи за културните настани во Австралија како и во организирање културни програми за промовирање на македонскиот јазик. Како претседател на Просветно-школскиот одбор го координира изучувањето на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс и ја промовира македонската култура и историја на овие простори. Книгата „Од по жица“ од Жаклина Михајлова е шеесет и осмиот наслов што Литературното друштво „Григор Прличев“ го има издадено, пред одбележувањето на својот 35-годишен јубилеј. Душан Ристевски Фото: Илија Вељановски Елегија за Македонија Што ли криеш, земјо мила, На зајдисонце Кога сонцето заоѓа |