Среда, 03 Април 2013   
Официјалниот вебсајт за четврта годишна глобална конференција (ОМД GC2013)

umdgc2013

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го објавува официјалниот вебсајт за четврта годишна глобална конференција (ОМД GC2013) која ќе се одржи од 24 јули - 2 Август, 2013 година во нашата татковина – Македонија.

Новата конференциска веб-страница е на англиски и македонски јазик, и можете да ја посетите на http://www.UMDGlobalConference.org

Дали ќе одите во Македонија ова лето?

Дојдете со целото семејство! Не ја пропуштајте  оваа шанса да бидете дел од разговорот за иднината на Македонија. 100 години поминаа од крајот на балканските војни и потпишувањето на Букурешкиот договор, а ние Македонците, имаме порака до светот.

Регистрирајте го Вашето присуство на глобалната конференција на ОМД ГК2013!

Конференцијата ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје.

Приемот за добредојде ќе се одржи на 24 Јули. На 25, 26 и 27 јули ќе се одржат интензивни дискусии за историјата на нашата татковина и народ во последните 100 години. Ќе се дискутира за минатото, сегашноста, и најважно од се, за иднината на Македонија.  Секоја вечер ќе има македонска културна програма и танцување, а конференцијата ќе заврши со голема Гала вечера во сабота на 27 јули, 2013. Гала вечерата преставува одлична можност за воспоставување на контакти со македонската дијаспора од целиот свет, како и со пријатели на Македонија кои ќе бидат присутни на конференцијата.

Но, тоа не е се!

Придружете ни се на патување низ Македонија од 28 јули до 3 август во Скопје, Охрид Крушево, Битола, македонското винско поднебје (со историја над 2.000 години), Мала Преспа (во Албанија), Благоевград (во Бугарија), и Едеса/Воден (во Грција).

Регистрирајте го Вашето присуство на конференцијата и турите низ Македонија на новата веб-страница и бидете дел од македонската историја - 100 години по Букурешкиот договор!

Ве молиме користете го слоганот - UMDGC2013 за комуникации на Твитер за време на конференцијата.

Ако сакате да станете спонзор на ОМД GC2013, кликнете ТУКА.

Доколку има заинтересирани организации, компании, или поединци за да бидат партнери на конференцијата, Ве молиме да не контактирате на број:

+1 (202) 350-9798 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.