На 09.04.2013 (вторник) во 19:00 часот во “Мала црна галерија“ во Љубљана, Словенија ќе се отвори изложбата на делата од најновиот циклус „Другост“ на реномираната ликовна авторка Тања Балаќ, која е и долгогодишен носител на функцијата претседател на ДЛУМ. Балаќ ќе се претстави пред љубљанската публика со сосема нов и различен приод, каде што експериментира со фотогафија како медиум.
Следниот ден, на 10.04.2013 (среда) во 19:00 во Љубљански Град-Галерија “С“, која е сместена во дворецот што се издига над Љубљана и е еден од најважните културни центри во Словенија. Таму ќе бидат изложени делата од изложбата „Просторни дистанци“, која македонската публика ја виде во галеријата „Око“ минатата година. Станува збор за триесетина слики, работени во комбинирана техника (пастел/колаж/акварел/гваш). Изложбата ќе биде отворена два и пол месеци. |