Среда, 24 Април 2013   
Аленца на Црвено-црни јавно да се извини за инцидентите во Општина Пустец

 

aleancaКомисионерот за Заштита од Дискриминација разгледувајќи ја жалбата на општина Пустец за инцидентите што Аленаца на Црвено-Црни ги предизвикаа во Општина Пустец на 16 ноември 2012 година, донесе одлука со која се бара од Алеанца на Црвено-црни јавно да се извини за овој чин. Доколку не го сторат тоа во рок од 30 дена следува парична казана –стои во одлуката до која дојде весник Македониум.

 

Во одлуката на Комисионерот Ирма Бараку од 4-ти април 2012 година меѓу другото стои:

“Комисионерот за Заштита од Дискриминација ја разгледа жалбата поднесена од општина Пустец против упадот на Алеанца на Црвено-црни на 16 ноември 2012 година во Пустец.

Во жалбата поднесена од страна на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец се објанува дека: “членови на ултра националистичката партија на Алеанца на Црвено- црните ја оштетија патната сигнализација на општината, сигнализација на гимназијата, здраствениот дом како и се закануваа на македонското малцинство”. Преку ова жалба, поднесителот исто така реагира: ”против декларацијата на Алеанца на Црвено-црните, дека ја превзедоа ова акција во општина Пустец со оправдување дека на територијата на општината информативите табли се само на македонски јазик”. Градоначалникот на оптина Пустец бара од надлежните институции да превземат мерки и да ги извадат пред одговорност членовите на Алеанца на Црвено Црните кој ја оштетија информативната и патната сиганлизација на територијата на општината”.

Анализирајќи ги сите собрани докази за време на административната истрага Комисионерот за Заштита од Дискриминација, забележува дека: употребата на националистичката реторика и правата на малцинствата се артикулирани и го привлекуваат вниманието последното време било во објавените натписи во печатот, било помеѓу превземените акции, како тие врз кои е и направена и жалбата до Комисионерот за Заштита од Дискриминација.

Комисионерот забележува дека албанската држава е ангажирана да ги штити правата на националните малцинства, со потпишувањето и ратификувањето на меѓународни акти и доближувањето на внатрешната легислатива со нив. Албанската легислатива содржи законска основа за заштита на националните малцинства. Членот 3 од Уставот на Република Албанија меѓу другото предвидува дека: ”Соживотот и разбирањето на Албанците со малцинствата се основата на ова држава, која има за задача да ги почитува и заштити”.

За една правна држава основно е да ги почитува правата на националните малцинства, но и да превземи конкретни мерки за да го гарантира почитувањето на овие права без да се дискриминираат. Како што резултира од извршената инспекција во општина Пустец патната сигнализација  и сигнализацијата на здраствениот дом и гимназијата се на два јазици, албански и македонски. Дадената информација од политичкиот субјект Алеанца на Црвено-црни со кој ја оправдуваа акцијата не е точна и ја дезинформираат јавноста. Сигнализацијата во општина Пустец е во согласност со законските барања и во почитување на човековите права воопшто и спроведување на меѓународните акти и на албанската легислатива што ги штити правата на малцинствата.

Вакви акции се типични престави на еден агресивен национализам и дискриминација на малцинствата помеѓу негирање на нивните права што им се гарантирани од меѓународните акти и внатрешната легислатива.

Употребата на медиумите правејќи ги јавни нивните вербални ставови и конкретните акции, значително го зголемуваат негативното влијание на овој став и може да се разберат како декларација за насилство кон македонското малцинство во ова општина. Однесувањето на политичкиот субјект Алеанца на Црвено-црни адресира повик на еден неоправдан национализам видно рефлектирајќи еден дискриминирачки став кон едно малцинство и неказнувањето на едно толку отворено дискриминирачко однесување тешко ќе ја минира самата цел на постоењето на законот ” За заштита од дискриминација”.

Комисионерот оценува дека акциите и декларациите на партијата Алеанца на Црвено-црни, се дискриминирачки бидејќи  влијаат врз уживањето на правата што внатрешната легислатива и меѓународните акти ратификувани од Република Албанија гарантираат за националните малцинства и во конкретниот случај, влијаат врз правата на македонското малцинство што живее во општина Пустец, Корча.

ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ:

Од разгледувањето на ова жалба и врз основа на законот бр. 10 221, од 04 февруари 2010 “За заштита од дискриминација”, како и после анализирањето и разгледувањето на администрираните докази, Комисионерот,

ОДЛУЧИ:

-          Наоѓање на дискриминација во Општина Пустец, кад што живее македонското малцинство, преку ставовите и изјавите кој потикнуваат дискриминација во уживањето на правата, што внатрешната легислатива и меѓународните акти ги гарантираат за националните малцинства.

-          Обврска на политичкиот субјект Аленаца на Црвено-црните како субјект кој што има консумирано дискириминирачко однесување, да побара јавно извинување и да избегнува во иднина ставови што потикнуваат насилство или други форми на дискриминирачко однесувања кон националните малцинства.

-          Обврска на политичкиот субјект Алеанца на Црвено-црните да информира во рок од 30-ет дена, да го извести Комисионерот во врска со превземените акции за спроведување на ова одлука, врз основа на членот 33, точка 11 од Законот “За заштита од дискриминација”.

-          Во однос на членот 33, точка 1 од законот бр.10 221, од 04.02.2011, неспроведувањето на ова одлука носи како последица казнување со парична казна според предвидувањата предвидени во точката 13 од овој закон.” – стои во одлуката од осум страни на Комисонерот за Заштитата од Дискриминација, до која дојде весник Македониум.

Овие нападите и закани на Алеанца на Црвено-црните во општина Пустец ги осуди американскиот амбасадор во Албанија, Александар Арвизу. Во своето обраќање на 15-та Меѓународна конференција за безбедност на Западен Балкан на 14.12.20012 година, американскиот дипломат рече дека: “Последните закани против македонското малцинство во Пустец од страна на некои погрешно насочени индивидуи, е целосно неприфатливо и треба категорично да се отфрли од сите Албанци”, рече амбасадорот Арвизу. (Македониум)


http://makedonium.net/?p=598

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.