|
|
Титовите слуги измислуваат македонски национализам |
На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секретаријатот на Централниот Комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, кое се одржало на 17 јули во Скопје за да земе конкретни мерки против „македонскиот национализам“. На тоа заседание било констатирано, како тоа што известува бирото за информации на ЦК на СКМ, дека „Сојузот на комунистите на Македонија борбата против сите видови национализми секогаш ја сметал како своја постојана и трајна задача и како задача на сите сили на македонското општество“. Понатаму во тоа соопштение се вели дека „Сојузот на комунистите на Македонија појавите на национализмот, шовинизмот и сепаратизмот од сите видови ги смета како идеологија што е туѓа на интересите на работничката класа и како база за дејствувањс на контрареволуционерни сили и класен непријател. Во својата суштина тие се насочени кон ослабнување на внатрешното единство на многунационалната југословенска заедница, кон ширење на взаемна недоверба и несигурност, како и кон нејзино разбивање. Носителите на овие појави директно или индиректно прикажуваат искривена слика од нашиот развиток и по тој начин настојуваат политиката на рамноправноста на народите и народностите да ја стават под сомневање и да го спречат нејзиното остварување“. Пак понатаму во соопштението стои дека „Сојузот на комунистите на Македонија се суочува со појави на национализмот, кои со својата основа се изразуваат како тенденција за злоупотреба и искривување на нашето поблиско и подалечно минато, како манифестација на националсн романтизам и слично. Еден од носителите на овие појави (Движењето за обединување на Македонија — б. н.) настојува да го обезвреди досегашниот развиток, резултатите и афирмацијата на СР Македонија во рамките на југословенската заедница и истовремено да ги предимензира и пренагласи развојните проблеми и тешкотиите во нашето општество. На оваа, во својата суштина непријателска основа, дејствуваат поединци и групи во македонската емиграцнја во странство. Носителите на овие тенденции н појави ја стават под сомневање или директно ја атакуваат реалната и обективната грижа на СР Македонија за македонските народности во соседните земји„ („Борба“ од 18 јули). Во врска со ова соопштение на ЦК на СКМ, Централниот Комитет на Движењето за обединување на Македонија излегува со следнава изјава пред македонската општественост: Тврдењето дека во Македонската Република и надвор од неа постои некаков македонски национализам не одговара на вистина. Господата, или другарите од ЦК на СКМ изгледа дека и самите не знаат што значи зборот национализам. Под тој збор се разбира стремеж за потчинување и поробување на други народи, а нити внатре во Македонија, нити надвор во емиграцијата, не постојат Македонци што имаат амбиции да станат поробувачи на било кој друг народ или народност. Македонците не сакаат ништо туѓо, туку си го сакаат само своето, кое им е откраднато, насилно отнато. И токму заради тоа што тие си го бараат своето, тие денес од некои несовесни и продадени Македонци, се нарекувани националисти. Македонскиот народ во Македонската Република сака да биде полен господар во својата куќа. Неговата борба за суверенитет, која всушност е оправдана борба против српскиот и другите национализми во Југославија, сега лажно се прикажува од Титовите слуги во Скопје како некаков македонски национализам. Борбата за национална сувереност, борбата против експлотацијата и нерамноправноста на Македонија, ЦК на СКМ лажно ја претставува како македонски национализам, па по тој начин вистинските борци за национални правдини се клеветани како националисги. Денес во Македонската Република не постои никаков македонски национализам, а постои борба за национални правдини. Сега во Југославија е во мода да се зборува за национализми, а нашите македонски титовисти за да не останат поназад од своите колеги од другите републики, измислуваат национализам и таму каде што тој не постои. Но ова нешто не им е за прв пат. Некагаш тие измислија и кулаци во Македонија, селани со десетина овци или петшест кози беа малтретирани по затвори како кулаци. Оној што се бори за национален суверенитет, за вистинско ослободување и за обединување на Македонија, тој не може да биде контрареволуционер. Контрареволуционери не сме ние патриотите од движењето за обединување на Македонија, туку денешните Титови слуги во Скопје, кои со нивниот измислен македонски национализам, му пречат на својот народ да дојде до вистинска слобода и да се обедини. Смешно звучи и кога нашите македонски титовисти говорат за некаков класен непријател, чија што дејност, како што тие тврдат, била насочена против интересите на работничката класа. Тие леат крокодилски солзи за работничката класа, а истата таа работничка класа како добиток ја продаваат за пари на капиталистите во Европа и надвор од неа. Македонските работници што скитаат по леб во туѓина не можат да бидат пријатели на еден режим што е неспособен да им обезбеди работа и животна егзистенција. Изродениот комунизам во Југославија направи од работничката класа „класен непријател“ против себе. Титовистите одамна ја изгубија довербата на работничката класа, па затоа тие немаат право да зборуваат во нејзино име. Македонската работничка класа станува свесна дека без вистинска национална слобода никогаш нема да има и вистинска социјална правда, па затоа таа не сака да се одделува и да стои надвор од националната борба. Централниот Комитет на СКМ нема право и да зборува од името на сите македонски комунисти затоа што еден голем број од нив не е задоволен ни од положбата на Македонската Република во Југославија, ни од „самоуправниот социјализам“, за кого што многумина вистински комунисти велат дека е само една огромна глупост. Многумина македонски комунисти со симпатии гледаат на Движењето за обединување на Македонија, го концентрираат во неговата национална дејност, го помагаат. Изгледа дека ова нешто му е познато на денешниот Секретаријат на ЦК на СКМ, па затоа тој зборува за „борба против национализмот дома, кај себе“. Колку што е срамно толку е и жално што Секретаријатот на ЦК на СКМ говори за „македонски народности во соседните зенји“. Македонците во Егејска и Пиринска Македонија не живеат во никакви соседни земји, туку живеат на своја сопствена македонска земја. Кај нив Грците и Бугарите се дојдени како окупатори и освојувачи. Во интересот на историската вистина треба да се зборува за Македонците или за македонскиот народ под грчкото и бугарското ропство или власт, а не за „македонски народности во соседните земји“. Но Титовите слуги во Скопје не смеат и не сакаат да кажат дека Македонците во Пиринска и Егејска Македонија се под национално ропство и под туѓинска власт, тие не смеат и да споменат дека Егеј и Пирин се македонска земја. Зборувајќи за „македонските народности во соседните земји“ нашите македонски титовисти им даваат тапија на Грците и Бугарите за своина на делови од Македонија. И ова нешто е најдобар доказ дека нашите македонски титовисти ни најмалку главата не ги боли за судбината на Пиринска и Егејска Македонија. Нивната „објективна и реална грижа за македонските народности во соседните земји“ е само празен збор. Целото ова зборување за некаков македонски национализам е измислена работа, со која нашите македонски титовисти сакаат да ја потврдат својата вазална верност на Југославија. Вистинито во целата ова акција е само тоа што протитовистичкиот и пројугословенскиот Секретаријат на ЦК на СКМ се плаши од националната дејност на Движењето за обединување на Македонија, па затоа му посветува и посебно заседание и му се заканува со војна. Ние, патриотите од Движењето за обединување на Македонија ја прифаќаме таа војна и на Титовите слуги во Скопје им изјавуваме дека нивните клевети и обмани нема да не спречат во нашата патриотска работа. Инж. Ј. Гарвански Секретар на ЦК на ДОМ НОВ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА Д.О.М. Движењето за обединување на Македонија ги известува своите членови и сета македонска општественост дека по советувањата и братското разбирање со организациите на ДОМ во Австралија, Канада и Америка, се формира заедничко раководно тело под името Централен Комитет на Движењето за обединување на Македонија во следниот состав: Претседател: Драган Богдановски, Парис, Франција, Потпретседател: Благој Шамбевски, Минхен, Германија, Политички секретар: Панко Стамковски, Мелбурн, Австралија, Организационен секретар: Инж. Јован Гарвански, Бремен, Германија, Касиер: Петар Димовски, Мелбурн, Австралија, Редактор на „Македонска Нација“: Инж. Танас Ташев, Брисел, Белгија, Членови на ЦК: Киро Гоцев, Минхен, Германија; Киро Којчевски, Торонто, Канада; и инж. К-ро Матраков, Лос Анџелес, САД. ГЛАВНА КОНТРОЛНА КОМИСИЈА Во Главната контролна комисија на Движењето за обединување на Македонија се избрани следните патриоти: Претседател: Благој Блажевски, Трелеборг, Шведска, Секретар: Ѓорѓи Јовановски, Парис, Франција, Член: Васил Гаџов, Штутгарт. Германија. |