Среда, 29 Ноември 2023   
Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси

Russian-Orthodox

Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство.

"Руската кнегиња Олга отишла да се покрсти во македонската престолнина на христијанството (955 г.), бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија"

Ако се суди по преписите на службите и житијата на Климент и Наум, направени во тој период во Русија, за кои се знае дека биле "сакано четиво" кај источната публика, особено меѓу верниците, тогаш со право може да се констатира дека врските меѓу Македонија и Македонската охридска црква со Русија и Руската црква датираат од многу порано, од времето на солунските браќа Константин - Кирил и Методиј, кога тие биле во црковно-просветна и културна мисија кај Хазарите на Кавказ, што е сосема разбирливо, зашто Хазарското Царство се граничело со Киевска Русија, каде што живеел исклучиво словенски народ. Се претпоставува дека и самата Хазарска држава, која се простирала од Каспиското до Аралското Море, посебно по долното течение на реките Волга и Дњепар, до Северен Кавказ, била населена со племиња од различен етнички состав, меѓу кои доминирал словенскиот елемент. За нивната просветна дејност меѓу словенските народи на тие простори дознаваме и од рускиот летопис "Повест времених лет" од XI век, составен од "преподобниот" Нестор (1056-1114), монах во Киевско-Печерскиот манастир. Во овој исклучително важен документ авторот ни соопштува дека светите браќа Константин - Кирил и Методиј, додека престојувале кај Хазарите, освен Евангелието, ги превеле уште и: Апостолот, Октоихот, Псалтирот и уште неколку богослужбени книги за словенските народи на тие простори.

Влијанието на солунските браќа во поглед на ширењето на христијанството и на писменоста во руските земји било многу големо. Нивните идеи се ширеле многу брзо и на сите страни и тие биле месовно прифаќани од руското населние. Уште со првиот продор на идеите за христијанизација и, особено, на богослужбените книги со кирилско писмо, истовремено продирале и сознанијата за постоењето на најголемата христијанска црква на Балканот, на античката древност - Прва Јустинијана Охридска. Нејзиното име уште во почетокот на X-от век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство во таа земја. Во прилог на тој факт, сведочат и сознанијата на познатиот руски историчар Приселков (1881-1941). Тој вели: "Киевска Русија христијанската вера ја примила - не од Византија, туку од рацете на охридскиот патријарх", што како резултат на тоа, "Руската црква била една од епархиите на старата Охридска патријаршија". Според Приселков, во времето на покрстувањето на Русите, Русија немала некои постојани и цврсти врски со Византиската империја. Имено, христијанството примено кај нив, убедливо се разликувало од она што било раширено во одделните теми во Византија. Ова свое сознание го темели врз основа на своите научни истражувања, направени во почетокот на XX век и врз основа на стари летописи. Како многу силен аргумент, со кој се поткрепува тој факт, претставува неговото откритие за првите видни личности во руското општество кои го прифатиле христијанството и се покрстиле. Имено, во старите руски летописи открил дека "руската кнегиња Олга и нејзиниот внук, кнезот Владимир, биле покрстени во Охрид, првата во 955, а вториот во 987 година.

Овој податок не е без основа. Сите руски извори тврдат дека кнегињата Олга била првата руска жена која самата се вовела во христијанството. Оваа енергична и грамотна кнегиња, чии интелектуални способности се одликувале со силно изразено визионерство, имала јасно одредени цели за иднината на Русија. Имено, со цел да ја сочува нејзината независност и да се здобие со самостојност во црковните работи, "водела итра дипломатска политика". Познавајќи ја многу добро византиската црковно-политичка концепција, според која, секој народ кој христијанството го примал од рацете на Грците автоматски станувал вазал на грчкиот император, односно политички зависен народ и политички зависна држава, таа не сакала нејзината земја да ја подведе под Византија. Од тие причини, наместо во Цариград, отишла во Охрид, "во престолнината на христијанството", каде што се покрстила. Не случајно тргнала на толку долг пат. Охрид во тоа време претставувал "најсветлиот пункт во историјата на македонците", а во македонската Прва Јустинијана Охридска бил концентриран целиот духовен живот на народите. Оваа жена-дипломат меѓу својот народ уживала голем углед и авторитет во работите од христијански карактер, поради што манифестирала забележително влијание во сферата на религиозниот живот кај соседните народи. Затоа тргнала, токму, во Македонија, бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување, во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија. Во тоа наполно успеала. Култот кај Русите кон кнегињата Олга толку многу пораснал, што непосредно по нејзината смрт била прогласена за народен светија на Руската Православна Црква. Во Киевска Русија таа се почитува како прва жена христијанка и како жена дипломат и владетелка. Во нејзина чест во Украина е воведена награда "Орден на кнегиња Олга", со која се наградуваат жени што се истакнале во служењето на украинскиот народ.

Руските летописци сиот триумф од победата на христијанството над јазичниците му ја припишуваат на Олгиниот внук, на кнезот Владимир. Неговото покрстување во Охрид, во 987 година, придонесло уште повеќе да се зацврснат врските на Киев со Охрид, што имало силен одраз врз развојот на христијанството во Русија. Тие врски постојано се проширувале и збогатувале со нови христијански содржини. Историчарот Приселков констатира дека "кога бил ракоположен првиот руски митрополит, Теопемт, во 1037 година, руската црква била потчинета на Охридската патријаршија".

Покрстувањето на Киевска Русија хронолошки се совпаѓа со постоењето на Самоиловото Царство, а Црквата на Самоил, Охридската архиепископија, која во негово време била подигната на степен на патријаршија (999 г.), била најсилна христијанска црква, со најголема диецеза, која имала врски со многу словенски народи. Некои руски историчари тврдат дека "јурисдикцијата на Охридската патријаршија над Руската црква се протегала и по паѓањето на Македонија под Византија, во времето на Василие Втори". Првата жена на кнез Владимир, чие име, засега, не ни е познато, мајка на нивните синови Борис и Глеб, кои денес се слават како први руски светии, Приселков соопштува дека потекнувала од семејството на цар Самоил. На ваков заклучок го навел податокот дека "првобитно синовите на кнез Владимир ги имале христијанските имиња Роман и Давид, кои често се среќавале меѓу големодостојниците од придружбата на македонскиот цар Самоил". До извесно заладување на односите меѓу Киев и Охрид дошло кога кнезот Владимир, откако станал вдовец, се оженил со Ана, сестрата на византискиот император Василиј II Македоноубиец.

Просветителското дело на солунските браќа, кое незадржливо се ширело меѓу словенското и несловенското население на Кавказ, и особено во Киевска и Московска Русија, одиграло значајна улога, пред сѐ, во подоцнежниот период, во време на покрстувањето на рускиот народ на тие простори. Имено, тоа довело до забрзување на тој процес и до културен препород на новохристијанизираните словенски маси, што ги издигнало на повисоко црковно-просветно и културно рамниште.

Д-р. Петар Поповски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.