Среда, 04 Септември 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (20)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (20)

Во тајното досие „Сина птица“, што го водела Службата за безбедност на Република Македонија во 1991 година, има разни лажни изјави на нејзини доушници, кои за да и се додворат, конструирале свои сценарија. Така СДБ на Р.М. имала сознанија дека Манојил Јаковлески преземал активности, спротивни на политичката платформа и статутарните одредби на партијата ВМРО ДПМНЕ и дека се поврзал со екстремното и милитантното крило на партијата, кое заговара насилно и вооружено загрозување на поредокот на Република Македонија, загарантирано со Уставот. Исто така, дека овие активности ги вршел организирано, во договор со лица од Македонија и од странство, и по нивни насоки.

Во овој период, посетата на Софија, на делегација на претставници на Македонците од дијаспората и на раководството на ВМРО–ДПМНЕ, во која се наоѓа и Мане Јаковлевски. Тесно се поврзува со аферата „Сина птица“.  Меѓутоа, што всушност се случувало во Софија може да се дознае од документите, што ги поседува Манојил Јаковлески од тоа време, а објавени во книгата  „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“.

Авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ Кире Кипроски,  опишувајќи ја првата политичка посета на претставниците од Задграничниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Софија, Република Бугарија, оддржана од 2 до 5 октомври 1991 година), а која завршува успешно, ќе го забележи следното:

„КАРАКАЧАНОВ ЗАСЛУЖЕН ЗА УСПЕХОТ НА МАКЕДОНСКАТА МИСИЈА

Првата политичка посета на претставници од Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, била во Софија, Република Бугарија, од 2 до 5 октомври 1991 година. Мисијата ја сочинувале: Драган Богдановски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Манојил Јаковлески, координатор  на сите европски секции на ВМРО-ДПМНЕ; Стојче Наумов, уредник на Гласот на ВМРО во Канада и Зорче Гечовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Делегацијата беше сместена во куќата на Пепи Паскалев, внук на Манојил од прва братучетка, тогаш ја извршуваше функцијата заменик министер за индустрија во владата на Р. Бугарија.

За посетата на Софија и за агендата на делегацијата, Манојил го информирал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, кој за член на делегацијата им ја предложил и Зорче Гечовска. Јаковлески посебно го нагласува овој податок, бидејќи Георгиевски во телевизиска дебата на МТВ, со Добри Величковски од МВР, одржана на 10 јули 1992 година, негирал дека бил информиран за посетата на делегацијата од Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Софија. По враќањето во Берлин, на 6 октомври 1991 година, делегацијата подготвила извештај или рапорт (терминот рапорт стои во документот) за престојот, во кој хронолошки и детално се регистрирани сите активности и заклучоци.

На софискиот аеродром, делегацијата била пречекана од видни луѓе на Бугарија и тогаш се запознала со Красимир Каракачанов (во 2018 год. кога ја подготвував оваа монографија, каракачанов беше Министер за одбрана на бугарската влада, предводена од Бојко Борисов – з.з.). Во извештајот се набележани првичните импресии на делегацијата, за Каракачанов: „26 годишно момче, со интелегенција, родољуб и со искуство на зрел човек, брилијантен организатор, поседува квалитети на дипломат, војник и идеалист, трезвен ум што знае, умее и може. За голем дел од успехот и за ефикасноста на мисијата заслужен е Каракачанов“, стои во извештајот.

Вечерта, во домот на Евгениј-Генчо, еден од клучните луѓе на македонската младина, делегацијата имала неврзани разговори. Домаќинот бил скромен и сериозен, благ и одмерен во настапите, но понекогаш знаел да биде импулсивен и енергичен. Разговорот со него не открил ништо суштествено. Тој се водел од општи познати факти и можност да бидат претставени личните интересирања. Драган Богдановски на оваа и на другите средби, за домаќините бил најпозната личност од делегацијата, бил мит речиси кај сите. Оние кои добро ги познавале настаните во Република Македонија, покажувале достојна почит кон него.

Манојил Јаковлески оставил впечаток на енергичен и практичен Македонец, на кого прагматичноста му била значајна карактеристика, а не расправањето. На средбите биле прецизирани, основните цели на мисијата и биле посочени личности, кои биле посакувани за средби и дебати.

МАКЕДОНИЈА ЕДИНСТВЕНА ТЕМА НА РАЗГОВОРИТЕ

На вториот ден од посетата, напладне, мисијата била примена од Димитар Гоцев, претседател на СМД (Сојуз на Македонски Друштва). Средбата се одржала во македонскиот дом во Софија.

Во извештајот од средбата стои, дека разговорот траел подолго, а единствена тема на интересирање била Македонија.

„Свесни за тоа што е основно во овој час, а заради култура на дијалог, не се случи никаков конфликт. Се согласивме, дека основната задача во сегашните бурни времиња, не е претресување на академски прашања со историска тематика, туку создавање на наполно независна македонска држава. Беше речено, дека Македонија ќе биде татковина на сите нејзини жители и како демократска земја, ќе ги гарантира сите национални, верски, јазични и општо човечки права. Впрочем, нема потреба да се нагласува нешто, што ќе стане дел од демократските форми на живеење и во Македонија, и во Бугарија. Никој не смее да биде прогонуван, заради неговите национални убедувања. Историјата не смее да биде злоупотребувана за политички цели, како што тоа го правеа комунистите.“ Третиот ден од посетата, македонската мисија имала четири значајни средби. На 4 октомври, првата средба ја имале со Цеко Барев, лидер на Земјоделскиот сојуз. Како што пишува во рапортот, уште на почетокот на средбата, македонската делегација почувствувала дека соговорникот имал европска култура во неговиот пристап, кон македонскиот проблем. Притоа, било оценето, дека предуслов за негово разрешување е демократизацијата на двете земји. Барев се согласил, дека неговата парламентарна група, може да биде позитивен фактор во формирањето на генералниот бугарски став кон македонското прашање. Тоа за Македонија е од особено значење, ако се има предвид, дека Земјоделскиот сојуз нема национални предрасуди и смета дека секоја индивидуа во Бугарија, има право нанационално изјаснување. Всушност, партијата е за суверена македонска држава. Со оглед на врските со другите истородни партии во Албанија и Србија, констатирале, дека Цеко Барев може да биде личност од првостепена важност за Македонија.

На средба со Николај Тодоров, претседател на Уставниот совет на Република Бугарија, дипломат со големо искуство, македонската четворка ги истакнала следните гледања:

а) важноста за формирање суверена, модерна и демократска македонска држава, со неповредливи граници; и

б) да се има редовни контакти со соседните државни власти, а посебно со оние што го негираат правото на македонската државност.

Николај Тодоров, како дипломат во Атина, како што стои во извештајот, рекол дека по него во сознание разумот ќе надвладее во политиката на Грција, која сакала или не, ќе мора да ја прифати реалноста, суштествувањето на една суверена Македонија.

СE ШТО ЌЕ ПOБАРА МАКЕДОНИЈА, СОФИЈА ЌЕ И ДАДЕ

Македонската делегација, во кабинетот на претседателот на Бугарија, Жељу Желев, водела разговор со Ангел Димитров, негов советник за македонското прашање. На средбата присуствувал и главниот советник на Претседателот. Домаќините целосно го изразиле разбирањето, за сите разумни и дипломатски чекори во решавањето на проблемите на Балканот. Пораката, што им била пренесена од страна на претседателот Жељу Желев, гласела: „Македонија од Бугарија ќе добие сешто ќе побара македонската влада, буквално се“.

Последните разговори делегацијата ги имала на 4 октомври 1991 година, во доцните попладневни часови, во Министерството за надворешни работи. Наместо со Министерот за надворешни работи, кој бил отсутен, ги примил Иван Минев, главен секретар на министерскиот совет.

„Она што за нас беше особено важно е, да се дефинира официјалната и принципиелна политика на Бугарија, кон Македонија. Минев рече, дека Република Македонија ќе добие онолку колку што бара, а засега бара сувереност во рамките на Југославија. Ако прогласи отцепување (што е нејзин внатрешен проблем), тогаш ќе биде призната како независна држава, веднаш кога ќе го добиеме барањето за признавање. На прашањето, како ќе реагира официјална Бугарија, ако дојде до српска воена интервенција, Минев рече дека се надева и му се моли на Бога, до тоа да не дојде“.

Во чест на посетата на делегацијата, вечерта беше организирана вечера од ректоратот на Универзитетот „Свети Климент Охриски“, на која присуствуваа дваесетина угледни гости на Бугарија.

По враќањето во Берлин, делегацијата изготвила извештај од посетата на Република Бугарија, во кој се набележани следните заклучоци:

1.Сите се согласуваат, дека во овој час најбитно е конституирање на суверена независна Република Македонија, која ќе биде прифатена од соседните и другите земји. Проблемите што се јавуваат се сложени, но може да се решат со енергична политика, по дипломатски пат.

2. Македонците треба да ги имаат сите права, но и да им ги овозможат сите права на граѓаните на Република Македонија.

3. Перспективите на Република Македонија се во една демократска и целосно независна држава, еднакво отворена кон сите соседи.

4. Независноста мора да биде прифатена од сите соседи, а тоа е веќе генерален став на Република Македонија. Грција, сакала или не сакала, ќе ја прифати таа реалност, а Албанија нема интерес да одрече една таква држава. И северниот сосед, ќе мора да ја прифати егзистенцијата на Република Македонија, без оглед на сегашниот став, кој е против сувереноста и самостојноста на Македонија.

5. Македонскиот проблем е меѓународен, па затоа секоја интервенција ќе предизвика широки реакции и ќе го загрози мирот на Балканот. За своја одбрана, идната држава ќе мора да изгради свои органи на власт.“

Неколлку месеци подоцна оваа посета резултираше и со признавање на Македонија. На 15 јануари 1992 година, неколку часа по соопштувањето на извештајот на Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, Робер Бадинтер (Бадинтерова комисија), во кој се вели дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија, Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава.

Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. Жељу Жељев, тогашниот претседател на Бугарија го потпиша указот на признавањето. По признавањето од страна на Република Бугарија, следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина и т.н.... Од тогаш до 2017 година 135 држави не признаа под уставно име, за да овој тренд го прекине новата власт која наметна неприродно име. Тоа се наследниците кои ја создадоа на почетокот на осамостојувањето на државата „Сина птица“.

(продолжува)

m1Манојил Јаковлески, Драган Богдановски и Стојче Наумов

 

Историја

News image

Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин каме...

Иселеници

News image

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТ...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (7)

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ  ДЕНЕС

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.