Среда, 03 Јуни 2020   
ЗАШТИТЕНА ВО МОЛЕ-КУЛА И 243 КЛЕТКИ

1j1 1

ЗАШТИТЕНА ВО МОЛЕ-КУЛА И 243 КЛЕТКИ

(по македонската народна песна „Јано мори“)

Јано мори, Јано леле, севдалино, / Моја росна, Јано мори, детелино, / Ај, моја росна, Јано мори, детелино. / Поминуваш, Јано мори, заминуваш, / Камен, дрво, Јано мори, изгоруваш, / Ај, камен, дрво, Јано мори, изгоруваш. /Те прашает, Јано мори, мајсторине, /Што им готвиш, Јано мори, за вечера, / Ај, што им готвиш, Јано мори, за вечера. / Кад баница бегу море ил' кокошка, / Ова вечер, бегу море, рудо јагне, /Ај, од две мајки, бегу море, задоено.

Ни посни ни мрсни недели не готвам за безбожни господари, туку за народот мој, мајсторот -историја со милениуми што гради, задоен ѕвездено млеко, и од небо и од земја. И вселената и земјата знаат вистина за каменот наш, во вулкански востанија горен, за нашата татковина, печен за исправени права, за росен изгрев во душата македонска. Вселената ги знае сценаристите на хорор кошмари, и жонглерите со глобусот. Нема заборав, Голема Мајко, Јано Росна, севдалино на сите што минувале, срце мое, од Бога, Злато Позлатена. Од сите страни небото те штити во моле-кули и келии здрави, да не те фати кабалата, да не гледаш како земја ти ограбува, труе, диктира ветувања лажни и лажни патувања низ лажното ново златно доба, лажна хармонија и еднаквост продава, лажно братство, слобода зла, мир во деспотски затнат вир на нашите текови... векови, Јано, мори.

Доста беше Јано - невини софри да готвиш за мршојадци ко’ билбили што пеат, а глави ни’ жнеат. Веќе се дозна се’: ДНК, РНК, секој протеин свој ред си следи, свое наследство реди. Секоја клетка во тебе – за Бог вреди, Тој среди да си кодирана од прапочетоци, а не синтетизирана, замрежена, изврзана во Вештачка интелигенција. И после се’, Бог е – со нас. А збеснетите од безбожен танц на моќта, Бог ќе го стопи нивното злато во блато, а вирусите - насилно залепени за здрави клетки, ќе ги исчисти за нов живот, ќе ги издува од земјата. Со Бог, посилни сме од марс, сарс, сида, ковид...

Јано моја, тебе Семоќниот Сезнаен те создаде: слободна да си иако со копна опколена, среде подли копнежи на соседите - очи ти копаат, благородни блага од наследства ти празнат да те казнат што не си со нив, тираните. Остани дома во своја татковина, топли огниште за децата, чувај срце нивно/наше, зашто надвор надворнини и вештери си играат рогати богати богови, природното го абортираат, природа узурпираат, вештачки војски стројат, роботи кројат против животот свет. Векот нов бил нивна креација, врвна била нивната имагинација, а човекот, народите – биле нивно органско ѓубриво, маса за кремација крв што и’ пијат, и нивни моле-кули ријат. Сепак, ќе им се врати, Господ ќе им наплати. Тие мислат вечно знаат тајни учења за бездушно владеење со душите. Ќе почнат и сеачите на болест и смрт, војна и глад - да заболуваат од сопствена смрад, од глисти Далиевски за Гала вечери подготвувани, луксузно издавани, скапо продавани ... Нивните очи зли, транс-хуман медиум за паѓање во транс-национален транс.  

Јано мори, чиста храно наша, не им готви веќе вечери на оние што ни готват смрт, што не’ втераа сами да се биеме, да се губиме без здравје, без храна, без работа, без земја, без пород. Доста

сол-и-дарен леб за канибалистите, живо месо што јадат и со невидливи зраци окупираат и горе и долу, та душа задушуваат. Пропагираат: Против единство на планетата било сите своја посебна „Ода на радоста“ да сме имале. Само тие знаеле за каков нов свет да ечат, каков нов леб од пластика да печат, вистини да сечат, во лаги да не’ потопат. Тие веќе имаа предигри на правилата за радикална смрт за не-нивните: со една химна да завладеат, една уни-форма, нивна платформа, еден глоба-фонд за гладните, од нив осудени на недолжно угинување, без зрно вистина за одбрана.

Бог создаде хорови мешовити колку и луѓе, талент за сечие неповторливо создавање, давање, споделување со ближниот. А монструозни музичари, иако постанаа музи на новото доба, молзат мозок на младината, другиот го шараат, природа и општество заплиснуваат со расипани бои, за нова војна да се скрои 2020. Рушители, доминатори, експлоататори - човештвото веќе ги дозна. Не е народот маса без енергија, како што нереално гледа окото на пирАмидАта, како што лаги готви  во темнина, а од свои пирамиди зрачи, труе, мачи, умртвува вистина, укинува праведно постоење. 

Сеуште заштитени во Моле-кула на Божјата Свест, ги учиме нашите деца незагадени да се држат и со и без нас, да не дозволат телесни мутилации. Неуморно ги учиме: природата не дозволува дегенерична мутација да сече координација меѓу нормалната и здрава отпорност на Божјето битие.  Сите струни на животот од Бога се дадени – совршени, и секоја независност е благословена да биде усогласена со закони во универзумот и во умот наш, Господов, а не во подземни АЕлити.

По овој вовед на невидена контрола од Патрола на СеНеМирот, аманет ни дава Природата: да ја чуваме незагадена водата на животот, дрвото на животот на нашиот род пред да биде исушено,  обесвестено од каБаалите. Деца наши, животот е даден од Љубовта, од Бог, не од Крадецот на светлина, не од Лажниот Принц Луцифер-бог, тој вистински непријател на човекот, тој што разјадува и тело и дух. Оваа болест е Новата змија, место со јаболко денес што приморува на брзо течна смрт, гасење на последните природни струи на нашата свест за светот и себе си. Но, и таа змија има крај. Се’ што не е ни за земен ни за небесен рај, ќе има крај. Само не Љубовта – Бог.

Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

News image

Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека ти...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.