Среда, 09 Декември 2020   
Договорот од Блед кој е одговор на сите денешни спорови кои ги отвара Бугарија кон Македонија

Dogovor od Bled 1

Договорот од Блед кој е одговор на сите денешни спорови кои ги отвара Бугарија кон Македонија.

1. Договорот помеѓу НР Бугарија и ФНР Југославија е потпишан во Блед (Словенија) на 1 август 1947 година. Според уставот на ФНР Југославија, ФН Репубика Македонија во надворешната политика е застапувана од сојузната, федерална власт, па договорот кој е потпишан е право и задолжение и за Македонија.

2. Со договорот Бугарија признава дека била окупатор и се задолжува да плати тогашни 25 милиони долари воена оштета. Тито прифаќа да и прости на Бугарија 25 милиони долари за воена отштета кон Југославија, како добра воља за правата на Македонците во Бугарија.

3. Признание од Бугарија за постоење Македонци, македонски јазик, етничка и културна автономија на Македонците во Бугарија (Пиринска Македонија). Обврска за обезбедено учење македонски јазик во школите, македонски театар... На Македонците им се дава право на автономија и проклучување кон матичниот народ, кон Република Македонија, што го потврдува и бугарското издание на Википедија. Македонското нема ни збор за сето ова.

4. Признавање на Федеративна Народна Република Македонија, со службен јазик македонски, во состав на федерацијата Југославија. Исто право какво имале и тогашна, и денешна Србија, Словенија, Хрватска...

5. ФНР Југославија е една од 50-те држави кои се основачи на Организацијата на обединетите нации во 1945 година. Република Македонија, преку Федеративна Југославија која ја претставува во надворешната политика, е оттаму коосновач на Обединетите нации. Со македонски народ и македонски јазик. Договорот од Блед, со бугарскиот државен потпис и печат на тие факти, го потврдува тоа во 1947 година.

6. Под притисок на СССР и Сталин, кој во 1948 година со Информбирото има спор со Тито, Бугарија на 1 октомври 1949 година еднострано ја раскинува спогодбата, Договорот од Блед. Но, иако го раскинува договорот го признава само оној дел во кој Југославија и простува 25 милиони долари кои треба да ги плати како воена репарација од окупацијата на Македонија.

1Dogovor od Bled 1

Па, кому комунистите и Сталин помогнале? На Македоните или на Бугарија која, по нивно барање и поддршка од Москва го раскнува еднострано Договорот од Блед и ги поништува правата на Македоните во Бугрија? Зошто и со Санстефанскиот договор, и во 1948 година, Русија и помага на Бугарија против Македонија?

Најпосле, зошто и околу што преговараат денес Македонија и Бугарија кога се е договорено во Блед, во 1947 година. Усогласено со правата на Обединетите нации кои, помеѓу останатото, во член 52 на повелбата признаваат такви регионални договори за спорни политички и државни прашања.

Кога ќе се видат фактите, денес Македонија и Бугарија се обидуваат да ги спроведат директивите на Сталин од 1948 година “низ компромис прифатлив за двете страни“. Македонија тогаш не прифати преговори за релативизирање на сопствената нација, историја и постоење неоспорена од никого. Денес - седна на маса самата себе да се пресипита постои ли, или не.

1Dogovor od Bled 2

(Постот е позајмен од Соња Китановска Василевска.)

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.