Среда, 10 Април 2013   
Кичево во делата на странските патеписци – Едмунд Спенсер, 1850 година

Англичанецот Едмунд Спенсер бил капетан и многу патувал, пред се`, во разузнавачки цели. Во 1850 година ја посетил и Македонија. Поминал крај Кичево. Интересно е што во неговиот патепис Спенсер наведува дека Кичево е местото каде порано се наоѓал градот „Скиртијана“. Познато е дека во Кичевската котлина се наоѓал древниот град Ускана (Хискана), чија локација се` уште не е точно утврдена. Изворот за овој податок не е наведен, но е доста интересен. Еве што друго пишува Едмунд Спенсер за Кичево во својот патепис:

„Напуштајќи ја прекрасната долина на Дреска, поминавме преку планината на пат за Критчово, древната Скиртијана, која денес претставува мало село што нема повеќе од стотина куќи. Се почувствувавме меланхолично, гледајќи го прекрасниот и простран басен во кој беше сместено селото, каде што почвата очигледно беше мошне плодоносна, но малку обработена. Неколку напуштени села беа расфрлани во околината, покажувајќи дека оваа област мора некогаш да била место каде што се одвивал некој смртоносен судир, а тоа било неодамна. Критчево е сместено во подножјето на еден планински венец, не многу висок, овде-онде покриен со шума, претставувајќи еден освежителен предел во овие области на Македонија, каде студениот гол камен често е главната карактеристика на пределот; иако овие планини некаде испреплетени со бројни плодни површини, мали долини или клисури, каде што течат водите на Зајас, Карасу, Кандрису и на неколку помали реки се влеваат во реката Вардар, сепак се чини дека земјата е добро прилагодлива за земјоделство; сепак единствените жители кои ги сретнавме на нашиот пат беа неколкумина номади со нивните стада“.

* * *

Спенсер го посетил Кичево во еден од најтешките периоди низ кој поминал градот. Имено во годините, непосредно пред да помине тука, Кичево било арена на еден од многуте крвави судири во Османлиската империја, кои се јавиле како последица на ослабнувањето на централната власт во Истанбул, а јакнењето на локалните паши, бегови, кои почнале да се одметнуваат. Во тоа време господар на Кичево бил Абди бег, веројатно лојален на султанот. Абди бег бил убиен од страна на Хамза паша од Скопје, кој потоа се населил во тврдината на Китино кале, по што почнал страшен терор врз локалното население. Се зборува дека во тврдината го опслужувале дури 400 слуги. Кога Ајредин паша успеал да го порази Хамза паша и да го заземе повторно Кичево, тврдината била запалена и разрушена. Потоа животот почнал да се враќа во нормала. Сево ова се случувало за време на одметнувањето на Али паша – Јанински, во првата половина на 19 век, време кога се случува феудална анархија во Османлиската имерија. Како причина било искористено укинувањето на јаничарскиот ред во 1826 година од страна на султанот Махмуд II, по што голем број на турски феудалци се одметнале и почнале со масовен терор во областите каде владееле. Поради тоа населението се повеќе ги напуштало селата, преселувајќи се во градовите. Едмунд Спенсер несомнено бил сведок на периодот после феудалната анархија во Кичево.

staro-kicevo
Кичево, прва половина на XX век

Патеписот се чува во Конгресната библиотека во Вашингтон (САД), под шифра DR 14. S74 I-II. Текстот од англиски на македонски е преведен од Владимир Чупески, а објавен од Александар Матковски.

Во неговиот патопис се опишани уште 6 града во западниот дел на Македонија. Интересно е и што Едмунд Спенсер се сретнал со Робевци во Битола и Охрид, а во Струга со Димитар Миладинов.

Кичево.мк
 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.