Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува во Виена каде се Проф. Пашковски од Берлин и Проф. Редлих и продолжува за Белград.
- И пак д’Естурнел за Српските прекори кон Комисијата и Милјуков што го правда со “погрешниот момент“ на Комисијата во Белград (како да во војна има погоден момент ?!– з.н), состојби заради кои и дојдоа. - Игнорирање на Комисијата од страна на Српското Министерство за надворешни, печатот и јавноста, покрај другото баронот го објаснува и со едно Официјално соопштение на Српската влада од 07 септември, а против ПАВЕЛ МИЛЈУКОВ. Во соопштението стои: “Печатот е овластен да објави дека Српската влада изјавува категорички оти никогаш не била непријателски расположена спрема испитување, туку дека, спротивно, сака истражување на НЕПРИСТРАСНА КОМИСИЈА (з.н) за Бугарските свирепости од кои Србите и Грците толку многу страдаа. Сосема е во интерес и на Грција и на Србија цивилизираниот свет да знае за Бугарските ѕверства. Ако, пак, работата на комисијата се води погрешно, причината мора да се бара ВО ЕДЕН ОД НЕЈЗИНИТЕ ЧЛЕНОВИ, ПОЗНАТ НЕПРИЈАТЕЛ НЕ САМО НА СРБИЈА ТУКУ И НА ГРЦИЈА, ДОБРО ПОЗНАТ ПО ОНА ШТО ГО ИМА КАЖАНО ПРОТИВ НЕА, НЕ САМО ВО ГОВОРИ ТУКУ И НАПИШАНО (з.н). Дури, Комисијата не беше позната додека не се претстави тука. Ниедна земја НЕ МОЖЕ ДА ТОЛЕРИРА КАКО ЧЛЕН НА ЕДНА КОМИСИЈА, ЧОВЕК ЧИЈА ПРИСТРАСНОСТ И ОМРАЗА СЕ МНОГУ ДОБРО ПОЗНАТИ“. (Стр. 40, од Извештајот, под бр. 4 најдолу од Објавеното Соопштение) - И за Грција баронот д’Естурнел потврдува дека имала резерви кон Павел Милјуков, за што вели: - „Oтпрвин, г. Драгумис, Гувернерот на Солун, ја извести Комисијата дека, следејќи го примерот на Србија, неговата влада одбива да го признае г. Милјуков, но дека сите членови на Комисијата ќе имаат целосна слобода за акција. Потоа г. Брејлсфорд по ред дури подиректно, беше одбиен; неговото движење беше ограничено дотаму што двапати се обидуваа да го спречат да оди во Кукуш, а тие настојувања на владата печатот ги поздравуваше“.
Македониум |