Среда, 18 Февруари 2015   
Посејдонова глава од Стоби во Белград?

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Стоби е стар антички град, сместен на устието меѓу реката Црна и Вардар. Урбаниот дел на стариот град се наоѓа на три тераси кои се спуштаат кон Црна Река, опкружен со ѕидови, а на Црна со axims. Градот се наоѓал на главниот пат кој одел по течението на Морава и Вардар и ги поврзува областите на среден Дунав со медитеранските земји, уште од предисторискиот период, па се` до денес. Исто така, по течението на Црна река се наоѓа природен пат кој ги поврзува централните области на Македонија со Јадранско Море. Кај Хераклеја Линкастис, близу Битола овој пат се поврзувал со Виа Егнатиа. Така, во античкиот период овој град имал значјна стратегиска, воена и економска позиција.   

Во старите пишани извори, Стоби се сретнува кај Ливиј, кој говори за победата на македонскиот крал Филип V над Дарданците во 197 г. п.н.е. Се претпоставува дека градот бил основан во 359 година п.н.е. По поразот на македонскиот крал Персеј во 168 г. п.н.е. од Римјаните, Македонија била поделена на четири области, а Стоби станува центар на трговијата на третата област. Во 148 година п.н.е. Македонија станува римска провинција, а за време на владеењето на Август (31-14 г. п.н.е) градот се шири на запад и југ. Ширењето се поврзува и со подигањето на статусот на градот на ранг на муниципиум во 69 година од нашата ера кога започнале да се коваат и пари со натпис Муниципиум Стобенсиум (Municipium Stobensium).

Во текот на раниот и средниот римски период градот се развивал забрзано и бил значаен и влијателен град на што укажуваат натписите на пронајдените споменици. Градот бил епископско седиште уште од 325 година, кога епископот Будиос земал учество на Никејскиот собор. Во IV-V век биле подигнати повеќе импозантни цркви, кои имале богата внатрешна декорација со богато архитектонско украсување, мозаици, фрескоживопис и структура. Со мозаици биле украсени и повеќе приватни градби. Во градот постоела и еврејска заедница и Синагога која била уништена при крајот на  IV век. Во градот постоел и Театар. Сето ова е откриено при ископувањата на овој локалитет.

Според археолошките податоци градот бил подигнат во македонскиот период (таканаречен хеленистички) не многу пред владеењето на Филип V. Со истражувањата се откриени се слоеви од III и II век п.н.е. Во Стоби се забележани голем број на култни претстави на божества од грчко – римскиот пантеон: Аполон и Артемида, Асклепиј, Дионис, Немеза, Зевс, Тихе, Афродита, Хигија, Телесфор... Се работи за бронзени и мермерни статуи, или пак за релјефни претсави на мали камени икони. Исто така, откриени се и многубројни примери на архитектонска камена пластика од раноримските храмови. Археолошките ископувања кои се одвивале со прекини сеуште не ја даваат целосната престава за градот.

Многу вредни артефакти од овој и од други локалитети, пронајдени за време на ископувањата меѓу двете светски војни, се изнесени од земјата. Меѓу нив се наоѓа и главата на Посејдон, посовршена од прочуената статуа на Посејдон која се чува во Латеранскиот музеј во Рим. Тогашните српски власти ја однеле мермерната глава на Посејдон во Народниот музеј во Белград. За ова говори текстот „Посејдонова глава од Стоби“ објавен 28 октомври 1927 година во белградскиот весник „Политика“. Авторот на текстот за овој настан ќе напише:

„Во текот на последните ископувања во Стоби, кога е пронајдено огромно богатство на прекрасни антиквитети пронајдена е една глава од мермер со над природна големина.  

На прв поглед оваа глава пронајдена во Стоби буди спомени на главата на Зевс или Ескулап (Аслепиј). Меѓутоа, со детално проучување утврдено е дека тоа е глава на Посејдон (Нептун). Не би било ништо чудно ако некој во прв момент би се двоумел измеѓу овие три бога. И најистакнатите научници стојат денес неодлучни пред многу статуи, и додека едни мислат дека извесна статуа го претставува Зевс, други тврдат дека тоа е статуа на Ескулап. Едни го гледаат Зевс, други Посејдон.

По мислењето на др. Владе Петковиќ, кој ги вршел овие ископувања, отпаѓа секоја можност дека главата од Стоби го претставува Зевс. Таа навистина има бујна коса, но уметниците кај Зевс обично го истакнуваат снажното и масивно чело, што овде не е случај. Челото е покриено со коса, а необично благиот израз на лицето не е својствен за Зевс и упатува на Ескулап.

Меѓутоа, токму таа коса натопена со вода, во својот живописен неред, покажува дека пред себе го имаме братот на Зевс, Богот на морето, Посејдон. Посејдон е рамен на Зевс, бидејќи оној кој владее со морето, владее со светот. Трозабецот во рацете на Посејдон станал скиптар на господарот на целиот свет. Во хеленската уметност не беше истакнато некое посебно обележје, со кое Посејдон би се разликувал од Зевс. Кога еден познат хеленски вајар и сликар, Еуфранор, го претставил Посејдон, тој на неговата фигура му дал во толкава мера величенственост и узвишеност, така да за Зевс не останало ништо повеќе. Прочуениот вајар Лисип, на дворот на Александар Македонски, создал посебен тип на Посејдон во бронза, а и целата хеленска уметност посебно се задржала на Посејдон. Богот на немирниот и нестабилен елемент, чудлив како и самото море, одговараше на живописното разбирање на хеленската уметност. Неговите навлажнети коси, чии прамени без ред го обвиткуваат лицето и поглед насочен во далечина многу се карактеристични.

Главата од Стоби без сомнеж е копија на некој прочуен пример од хеленската епоха. Таа покажува рака на некој прочуен мајстор. Горниот дел од главата е нешто потесен од долниот, посебно е истакнат делот на вилицата, устата е отворена, а самиот начин на моделирање одава сигурен и голем уметник. Главата е изработена од посебна вид на мермер за чие потекло засега ништо не се знае. Таа преставува голема вредност во збирката на Народниот музеј, каде е пренесена и има свое специјално место. Многу е посовршена од прочуената статуа на Посејдон која се чува во Латеранскиот музеј во Рим. Во самата изработка и изразот, главата од Стоби многу е поблиска на првобитниот образец на Посејдон.  

Главата е пронајдена за време на ископувањето на големото римско купатило, на дното на голем мермерен базен, на три и пол метра под земјината површина. Покрај самата глава најден е голем дел на поедини делови од разни статуи кои се скршени, како и голема партија на инзвонреден мозаик, кои исто така е уништен за време на барањето на монети.

Ископувањето во Стоби, Народниот музеј го врши со прекини веќе четори години. Откапан е голем театар, со мермерен амфитеатар за 5.000 лица, христијанска базилика од 4 и 5 век, а сега се работи на искупување на мермерното купатило“.

Постојат многу примери кога македонското културно наследство било изнесувано од окупаторите на Македонија. За жал многу од овие исклучителни предмети никогаш нема да му се вратат на македонскиот народ.

 

 

На прво место

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.