Среда, 20 Мај 2015   
Последен потег на Заев

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски-Прилеп

Со наближувањето на судската завршница на случајот „Пуч“ и најавената кривична пријава на МВР за оддавање државна тајна, за донацијата од Израел за МВР, аболицираниот лидер на САДСМ, Господинот Зоран Заев, од ден на ден прави големи гафови. Последната негова грешка е оддавањето на строго доверливи информации во јавноста од состанокот на советот за безбедност, кој беше свикан од страна на Претседателот на Република Македонија, Господинот Ѓорге Иванов. На ваквата кукавичка политика на Господинот Заев, реагираа од кабинетот на претседателот, каде согласно деловникот на работа на советот за безбедност, аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас „Бошко Буха“, потпишал изјава, со која се обврзува да не изнесува какви било информации од одржаната седница.

Па, така, во оваа прилика, Господине Заев, како обичен граѓанин кој лично е загрижен за моменталната политичко безбедносна ситуација во нашата земја, која Ви е целта со оддавањето тајни информации од Советот за безбедност и според која агенда работите? Друго прашање, кое ќе Ви го поставам е, зошто го откажавте во минута до дванаесет најавениот протестен марш на опозициониот блок на 9 мај. Имено на тој ден, кога Европа прославуваше 70 години од победата над фашизмот, нашите специјални безбедносни сили во Куманово водеа борба со, според сите анализи дадени од политички аналитичари, најозлогласената терористичка група на Балканот. Нашите безбедносни сили загубија 8 млади животи.

Исто така, со последната Ваша објавена бомба, за убиството на момчето Мартин Нешковски, на спонтаните собири на 5 и 6 мај, протестантите извикуваа „Убијци“ против македонските безбедносни сили. Исто така, по вторпат во рок од 4 дена по успешно завршената акција во Куманово, со повлекувањето на безбедносните сили од теренот, нашите бранители, беа повторно навредувани со зборовите „Убијци“.

Господине Заев, во една демократска држава, со сила не се добива власт. Напротив, насила се губат само човечки животи.

Господине Заев, во овие чувствителни моменти, не е важна политичката припадност, туку напротив, сплотеноста на секој лојален граѓанин на Република Македонија, без разлика на националната и верска припадност, во зачувувањето на територијалниот интегритет, мирот и стабилноста во Нашата земја.

Господине Заев, очевидно е дека добивте голема храброст за правење на глупи потези, со неодамнешната поддршка на Вашиот мецена Б.Ц., кој истиот Ве аболицира во 2008 година.

Господине Заев, мудроста на еден добар политичар е да го привлече своето внимание, кај обичниот електораат, каде со мудри потези, да му овозможи подобро утре, а не на сила и со не дај Боже жртви, да се дојде на власт.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.