Среда, 03 Јуни 2015   
Јустинијанов потомок

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Уште порано, од гимназиските денови, ми дојде една статија и претскажување како ќе се појави човек од Јустинијанова крв, негов директен потомок кој ќе биде обележен со крст кај срцето и дека разнишаната Македонска слава и народ ќе ги поврати од пред уништување до оној степен на возвишеност и гордост кој ќе биде вратен вечно на изнапатениот Македонски народ. Уште неколку пати подоцна ми доаѓаше истата статија и некако се зацврсти оваа интересна претпоставка или претскажување. 

Се било во ред, но одкога се населив во Австралија пак наидов на оваа статија, но на Англиски јазик. После неколку години, бев фрапиран и се преиспитував неколку месеци дали халуцинирам или не, затоа што најдов слика од Јустинијан а воедно го видов лицето што многу личеше на него. Си велев случајност, но кога на базен го видов пак, јасно се гледаше крстот кај пределот на срцето. 

Не зборев ништо. Чекав чуда да се случат и анализирав од блиску. Се разочарав многу. Особата беше толку просечна и никакво чудо или знак дека е предодреден за нешто посебно за Македонија. 

Еден ден ми пукна филмот и барав објаснување самиот со себе а воедно и со особата. Му реков што прочитав и како баш во Австралија да се наоѓа таков важен човек кога е потребен таму. За сликата беше и тој изненаден колку личи со Јустинијан и се разбира дека е тој Скопјанец како него. Рече дека не се чуствува специјален и нема никаква конекција или посебна сила од Господ. Мојата разочараност беше голема. 

Еден ден ме побара и разговаравме доста долго. Ми објасни како уште во 1988 кога ја направив песната Алекснадар Македонски, тој толку ја засакал што верува дека после тоа сите Македонци од големи Југословени кои веруваа наводно дека тој бил Грк... одеднаш се освестија.

Како што мислел Македонија да се одвои од Југославија, иако било невозможно, неговата желба била посилна. Сите негови искрени мисли, желби и сништа се остваруваат и до ден денес онака како тој ги гледа работите, размислува и искрено на крај ги посакува. Има големи внатрешни притисоци и проблеми, како да се бори со некој, но сепак на крај неговата љубов и желба е посилна од се. За мене е голема неговата изјава како тој многу ги сакал и ценел Американците а воедно ги мразел Русите. Но види чудо вели тој, одкога ги замразев Американците поради неправдите кон Македонија  и се разбира Русите му станаа мили и симпатични. Така тој сега ја гледа неговата сличност со Јустинијан и обележениот крст кај срцето и функција како предодреден за судбината на Македонија. Но најважно е што тој лично сака враќање на славата и границите на Македонија и силна и пресилна засекогаш.

Што се однесува до другите, посакува големите сили и земји кои учествувале, учестуваат или ќе учествуват во делби и лоши намери за Македонија, да исчезнат и да бидат трајно закопани и уништени. Тоа го вели од цело срце и ете времето е сведок дали ова ќе се оствари или не. 

Како и да е, јас и до ден денес сум збунет околку ова и морав со вас да ја поделам оваа интересна случка за која верувам дека ќе наидам на разбирање  кај сите Вас.

Дај Боже да е замешана некоја сила кај овој Јустинијанов потомок, кој рака на срце е негова реплика и со обележан крст кај срцето.

 

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.