|
|
Проклети биле преданиците! |
Свекрва Многумина владетели низ вековите се обидувале да ја достигнат славата на Филип, Александар и древните Македонци. Меѓутоа ниту еден владател, ниту една империја до денешен ден не успеела да ги достигне успесите на Македонците, чије име ќе остане за векови запишано во Библијата. Оттука не треба да не чудат обидите низ историјата да се присвои македонското културно наследство или да се избрише македонското име од картата на светот. По пропаста на Македонската империја, името на географската и етничката територијата на Македонците, постојано низ вековите се менувало или било забранувано. Меѓутоа и покрај сите напори на Римската, Византиската и Отоманската империја, Македонците да бидат асимилирани, а македонското име да исчезне, тоа повторно се враќало на историската сцена. Отсекогаш името Македонија било длабоко врежано во свеста на македонското население. Македонците каде и да оделе, секогаш со себе го носеле своето име. Така името Македонија можело да се сретне низ целиот Балкан и пошироко (пример: тема Македонија во Тракија и територија во Бесарабија во 9 век, село во Романија во 14 век, Украина 18 век и .т.н.). Самото име Македонија одсекогаш будело гордост и желба за слобода и самостојност кај македонскиот народ. Поради тоа името Македонија не било посакувано од нејзините поробувачи. Оттука, како што пишува американски весник "The sun" (16.06.1903), Турските цензори протестирале против зборот Македонија од Новиот Завет на Библијата. Едноставно не го сакале зборот кој потсетувал дека Македонија не била нивна земја, туку земја на македонскиот народ, кој некогаш бил така славен и “господар на светот“. Повторното појавување на името Македонија на географски карти кон крајот на 20 век, име кое одамна беше избришано од светската политичка сцена, предизвика загриженост кај сите оние држави кои во Балканските војни 1912 и 1913 година анектираа делови од територијата на Македонија. Стравот од обединување на поделената Македонија, ги натера овие држави и нивните поддржувачи да продолжат со притисоци и закани, со присвојување на македонското културно наследство и негирање на името и идентитетот, јазикот и црквата на Македонците. Соседите на Македонците чии држави биле формирани во текот на 19 и 20 век со помош на големите европски сили (Русија, Австро-Унгарија, Обединетото кралство, Италија) и кои со нивна помош ја поделија територијата на Македонија во Букурешт 1913 година, за разлика од Македонците, ниту една од нив немале држава пред Христа. Свесни за својот хендикеп, тие денес му го негираат името, идентитетот, јазикот и црквата на македонскиот народ. Сите тие како да го заборавиле проклеството што ги следи оние кои се обиделе да чепнат во Македонија и во заоставштината на македонското културно наследство, кое впрочем му припаѓа на македонскиот народ. Мекедонецот никогаш нема да го заборави геноцидот кој бил извршен врз него како што нема ни да се откаже од името. Едноставно Македонците со векови го носеле тешкото бреме да се зачува гордото и величанствено историско име Македонија. Тие успеале да го сочуваат со векови додека биле под туѓо ропство. Меѓутоа, додека нашите претци и покрај сите тешкотии кои во минатото ги минувале под разни ропства не се откажале од македонското име, денес во слободна македонска држава СДС и ДУИ си земаа во право во име на целиот македонски народ бесрамно и противуставно да се откажат од името, јазикот и идентитето. Тоа се луѓе со слаб карактер, со мал умствен капацитет, кои заради личниот комодитет, не можат да го издржат големиот товар на македонското име. Тоа се непромислени луѓе кои не можат да сфатат какво драгоцено богаство распродаваат, а кое впрочем не е нивна лична своина, туку им припаѓа на генерациии пред нас и на генерации по нас. Тоа што тие денес го даваат нема цена и не може да биде замането со ништо. Проклети биле предавниците!
|