Среда, 06 Јуни 2018   
Андартски акција со паролата да не остане Македонец во Македонија продолжи со истата крвожедност!

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

„Меродавниот руски весник го објасни движењето во Бугарија со активностите на грчките чети во Македонија, потсетувајќи на неодамнешните зборови на еден оратор во англискиот парламентот "Јас нема да набројувам грчките ѕверства во Македонија, бидејќи би било нужно да се отстрани публиката и да се зборува зад затворени врати ". - пишува македонскиот револуционер, публицист и историчар Христо Силјанов.

Антигрчкото движење во Бугарија кое се појави како резултат на масакрите на грчката вооружена пропаганда во Македонија и доведе до крвави судири меѓу македонските емигранти и бугарските граѓани од една страна и Грците и грчките поданици  од друга страна во 1906 година во Бугарија, најде одглас во европскиот и балканскиот печат. Осврнувајќи на одзивот за овие настани во странскиот печат, авторот Силјанов во своето дело  „Ослободителните борби во Македонија – Противгрчко движење во Бугарија“, ќе забележи:  

„Антигрчките бранувања во Кнежевството имал различен одек во странство. Најтенденциозни беа коментарите во австрискиот печат. N. Pr. Presse (1. VIII. 1906) обраќајќи наопаку зборовите на Гладстон, напиша дека сега злосторствата се вршат не "над бугарите, туку од бугарите". Официјалниот Fremdeblat го искористи случајот за да ја истакне опасноста од автономијата (се мисли на Македонија – н.з), ако таа би се остварила: "Слободата на новата политичка формација ќе биде, по секоја веројатност, слобода за меѓусебни убиства". Истата песна ги зафати и германските весници. Koelnische Zeitung напиша: "Последните настани покажуваат дека автономијата ќе има за последица една ужасна граѓанска војна". Но осудувајќи ги бугарите, германскиот печат дури не ја одмина и главната причина на новиот конфликт: "треба не само на Бугарија да и се напомнат нејзините обврски, - напиша N. Pr. Presse во поменатиот веќе напис - но треба, и уште посериозно да се даде на атинското влада да разбере дека е недозволив нејзиниот однос спрема грчките чети во Македонија. Во интерес на силите реформатори е да се вразумат овие изродени потомци на Леонид и Алкивиад, како и другите балкански држави".

Западно-европскиот печат, со исклучок на неколку поткупени од Грците француски весници, за Грција напишаа исти напомени. Правилни осуди дадоа Temps, Radical, Times и многу други весници. "Тајмс" го објави писмото на грчкиот државен министер, но му посвети цела статијата, во која, истакнувајќи ја потребата за поправилна поделба на одговорностите, пишува дека "инвазијата на грчките чети беше најголемо зло за тој и без тоа вознемирен регион".

Рускиот печат, зафатен со внатрешно револуционерно бунтување, релативно малку се занимаваше со настаните во Бугарија. Силен впечаток направија две статии на „Новое Время” (16. и 19. VII. 1906) за противогрчкото движење од славјанско гледиште. Меродавниот руски весник го објасни движењето во Бугарија со активностите на грчките чети во Македонија, потсетувајќи на неодамнешните зборови на еден оратор во англискиот парламентот "Јас нема да набројувам грчките ѕверства во Македонија, бидејќи би било нужно да се отстрани публиката и да се зборува зад затворени врати ".

Неколку зборови и одраз на грчките немири во балканските земји. Во Атина се одржаа протесни митинзи и се отслужи панихида за загинатите Анхиалци. Во печатот Бугарите се прествуваа како варвари. Голем број луѓе се собраа во пристаништето Пиреа за да го нападнат паробродот “Борис“, но капетанот имаше храброст да ги растовари набрзина патниците и стоката надвор од пристаништето и да си замине.

Во Србија повеќето од весниците се ограничија со хроники за несреќата, но придржувајќи се за преувеличените соопштенија на некои од опозициските весници - не за официјално установените податоци. Некои органи ги заштитуваа Грците од "бугарските зверства", а во "Търговински гласникъ" се појави една дипломатска дописка, напишана во тамошнот турско дипломатско преставништво. Пишувачот, веќе делејќи ја Македонија меѓу своите соседи, предвидуваше опасност од бугарскиот режим во оној дел кој би се остапил на Бугарија. Дописникот го негираше правото на слободните Бугари да се бунтуваат против грчките зверства во Македонија, бидејќи таму скитаат и бугарски чети. Тука далекувидниот дипломат од Цариград индиректно го бранеше делото на српската воена пропаганда во Македонија.“

Во сето ова, предупредува авторот, дописникот како да заборавил дека четите во Бугарија беа формирани од луѓе родени во Македонија, (Македонци – н.з) кои се бореа за слобода на својата земја, додека пак грчките чети беа формирани од платеници кои доаѓаат од Грција.

Споредувајќи ги настаните во Бугарија и Романија, Силјанов ќе потенцира дека  на 13 август 1906 година, после Анхиалските настани и сенародниот Пловдивски митинг, се оддржал голем противогрчки митинг во романскиот град Галац, при што настрадале голем број грчки продавници и околу 50 Грци. Иако, како што пренесува авторот, после истрагата на романското влада бил отпуштен градоначалникот на Галац зашто не презел мерки за да спречи извршените насилства над Грците, веќе следната недела пак се случил противогрчки митинг по иницијатива на Комитетот на македонските студенти (македоно-Романи). Силјанов за реакцијата на Романија ќе ја забележи:  

„Во Романија, каде, наспроти законските репресивни мерки на владата, се појави порано противогрчко движење и се изрази во гнев, не помал отколку во Бугарија (со исклучок на Анхиалската катастрофа, се разбира), општеството се однесуваше со симпатии кон движењето. Особено силен впечаток направија и беа репродуцирани во европскиот печат изјавите на Ал. Лаховари, романскиот полномошен м-р во Виена, пред N. Pr. Прес (24 јуни 1906). Одличен познавач на меѓународните расправии во Турција (како бивш долгогодишен претставник на Романија во Цариград) Лаховари, споредувајќи го фенерското духовништво со бугарското, ликот на грчкото андарство со бугарското четништво "грчката безумност " со "бугарската умереност", романскиот дипломат ќе изјави: "Најопасен и најодвратен агент на панелинистическата пропаганда е грчкото духовништво, кое зависи од Патријаршијата".

Во однос на однесувањето на Османската империја, поради обвинувањата за соработка со грчката вооружена пропаганда во Македонија и настаните во Бугарија, како и за однесувањето на големите сили на барањето на Вселенскиот патријарх да се вмешаат во овој спор, Силјанов вели:

„Портата сметаше за благоразумно да не се меша во грчко-бугарскиот конфликт, колку и да се чувствуваше погодена од тоа дека Бугарите во резолуциите на митинзите, како и во своите весници, на прво место ја сметаа турската влада за одговорна за крвавата анархија во Македонија и ја потенцираа недоволната реформа. На молбите, кои после инцидентите во Пловдив патриархот ги упати кон власта за застапништвото во Софија, првиот секретар Таксим паша одговори, од името на Султанот дека турската влада смета за непријатно да се меша, зашто Бугарите се наоѓаат во легална самоодбрана и дека нивните репресалии се предизвикани од дејствата на грчките чети, кои се поддржани од грчката црква и владата на грчкиот крал. По анхиалските настани, Големиот везир Фери Паша одби да прифати делегација од Анхијалските бегалци кои му ги испрати Патријаршијата.

Големите сили особено не се грижеа за молбата на Патријархот, ниту за неговиот познат мемоар. Знаејќи дека една официјална интервенција во Софија би предизвикала од бугарска страна контра-жалби и контра-барања, кои уште повеќе би компликувале ситуацијата, владите на Великите сили препоставија да апстинираат во овој спор. Колку за член на 5 од Берлинскиот договор, околу чие прекршување Патријаршијата потроши толку многу красноречие во својот мемоар, Силите ниту помислија за него. Амбасадите во Цариград одговорија на Патријаршијата дека таа нема што да очекува од Силите, зашто настаните во Бугарија се последица на злодела извршени од грчките чети во Македонија и одговор на грчкото духовништво, што дејствува здушно со грчките разбојници.

Сè на сè, Патријаршијата речиси никогаш не била толку изолирана и беспомошна.“ – пишува Х. Силјанов

По настаните голем број грчки првенци се иселија и грчкото малцинство во Бугарија се лиши од своите најенергични и најпредани на еленистичката национална идеја водачи. Грчката маса во Кнежевството се помири постепено со новата положба и почна да се просветува на бугарски. Со ова беше, до одреден степен. разрешена еден не малку важен проблем од бугарско државно гледиште.  Со оглед, сепак, на побудата, која му даде морален и идеен потик, противогрчкото движење не ја постигна саканата цел. Андартски акција со слоганот да не остане (Македонец – н.з) во Македонија продолжи со истата крвожедност.

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.