|
|
Македонскиот народ му даде црвен картон на Зоран Заев |
На Саботниот митинг, предводени од најголемата опозиска партија ВМРО ДПМНЕ, околу шеесет илјади Македонци се собраа пред Владата на Македонија да и порачаат на актуелната власт предводена од Зоран Заев да си замине во историјата додека не направиле поголема штета на државата. Покажувајќи непокор пред уцените, заканите и прогонот на оваа ненародна власт, македонскиот народ побара прекин на понижувачките преговори со Грција и му покажа црвен картон на владата на Зоран Заев. Владата на Зоран Заев од доаѓањето на власт речиси ништо не направи. Освен што ја втурна државата во авантуристичко решавање на проблемот со името од кое македонскиот народ може да го загуби своето име и идентитет и засекогаш да исчезне од картата на Европа, таа во овој период ја руинира економијата, здраството, судството и т.н. Ако оваа денешнава власт, порано пред да ги заземе фитељите, зборуваше за постоење на некаква заробена држава, дури сега навистина можеме не само да говориме туку и да ја почуствуваме таа не само заробена држава, туку и криминогена и коруптивна држава, во која Заев се‘ стави на распродажба. Но, Mакедонија се разбуди. И покрај огромните притисоци, закани и заплашувања, на повикот на ВМРО ДПМНЕ, македонскиот народ огорчен од сите понижувања што му се случуваа во последно време излезе на улица и даде поддршка за уривање на оваа нелегитимна, ненараодна и криминогена власт, како и за враќање на Македонија на вистинкиот пат. Македонците гордо со крената глава излегоа како пролетен порој по улиците на Скопје и рекоа: НЕ за распродажбата на националните интереси!, НЕ за промената на уставот!, НЕ за промената на името и идентитетот на македонскиот народ! Уште еднаш, ВМРО ДПМНЕ и македонскиот народ покажаа дека кога е во прашање Македонија не ја виткаат кичмата, дека како и своите претци не се плашат да го покажат својот непокор, а исто така дека се спремни на се и сешто кога е доведено во прашање битисувањето на ова единствено слободно парче македонска земја! Масовноста на овој митинг, од кој народот му порачаа на Заев дека нема да дозволи тој да ги распродава националните интереси како да се струмички пиперки и патлиџани, ја изненади врхушката на власт, но и оние од надвор кои ја поддржаа да дојде на власт. Речиси да немаше влијателен медиум во регионот и светот кој не ја потенцираше масовноста на протестот и дека Македонија која е повторно на нозе бара нови избори. Рекацијата на уплашената власт беше очекувана. Поединци почна да се закануваат со масовни бркања од работа, со уцени за уривање на споменикот на Александар Македонски и порта „Македонија“, а вицепремиерот Анѓушев рече дека честите избори не се добри за економијата. Меѓутоа, народот веќе не се плаши, не се навлекува на веќе видените сценарија и лажните ветувања. Тие не ја заборавија ни шарената револуција, ни офарбаните институции, ни нејзиното влијание на економијата, ни за ветувањата на актуелната власт за просечни плати од 500 евра, на лекарите од 100.000 денари, ни за нови иневестиции. Македонецот веќе одамна сфати дека т.н. бомби и фарбата која ја фрлаа беше само фарса за да дојдат на власт, не за да го подобрат животот на народот во земјата, туку само за да ги распродаде нациналните интереси. Исправен пред ваквата можност, Македонскиот народ излезе на улица и рече не за промена на Уставот. Македонецот јасно кажа дека не сака по цена на своето име и идентитет да стане членка на ЕУ и НАТО. Македонскиот народ на овој митинг испрати јасно предупредување до актуелната власт да не си игра со националните чуства на народот кој опстојал со векови под Римска, Византиска, Турска, Грчка, Српска и Бугарска власт. И покрај сите обиди за истребување и асимилација на Македонците, на никого не му успеало целосно да го спроведе во дело, па нема така лесно да му успее ни на Зоран Заев. |