|
|
Заев го уништи сонот на генерации Македонци |
Со еден потпис Заев го уништи сонот на генерации Македонци, кои под знамето на МРО гинеа за создавање на независна и слободна држава на македонскиот народ. Тој со еден потпис ги сосече корените на Македонецот, кои потекнуваат од древнина. Без добиен мандат од народот, Зоран Заев, потпиша со Алексис Ципрас, т.н. „историски договор“ на пристаништето на Нивици, од грчката страна на Преспа, со кој Македонија се согласува да се преименува во Република Северна Македонија за севкупна употреба. Со овој чин, со кој се загрозуваат државните и националните интереси на македонскиот народ, чиј идентитет е доведен во прашање, актуелниот македонски премиер Заев ја прекрши заклетвата дека ќе го почитува Уставот и законите на Република Македонија. Зораз Заев кој како лидер на СДСМ пред избори ветуваше дека додека дише нема да го промени Уставното име, сега потпиша капитулација. Со тоа тој го покажа своето вистинско лице на инсталиран квислинг, лицемер и профитер, кој за лични и туѓи интереси ја продаде сосптвената земја и народ. Она што досега ниту еден македонски политичар не се осудил да го направи, тој го стави потписот за промена на името со таква леснотија, како да потпишал некој договор за своја фирма и за тоа на сметката во Кипар да му легнале повеќе милјарди долари!!! Невиден срам и огромна штета за македонскиот народ. Со овој потпис Заев се откажа од македонскиот идентитет и историја. Оттука, сосема логично е хунтата на Заев да ја забрани во иднина цела македонска историја како ерес и делата на македонските историчари ќе ги запали како во најцрните денови на црковната инквизиција. Затоа, пред да се случи тоа, пред да забранат и да прогласат за ерес се што е македонско, уште еднаш да се потсетитиме зошто се сака да се избрише македонското име. Така на пример, Антон Драндар од Велес во 1900 година, за да ја запознае европската јавност со македонското прашање, во текстот „По повод едно движење во Македонија“ ќе напише: „Ако се фрли еден ретроспективен поглед врз историјата на Македонија се` до најдалечните древни времиња, човек останува вчудовиден од големата улога што оваа мала земја, класична земја раг ехсellеnсе, ја играла во светот. ...Од самиoт почеток на историјата, ја гледаме Македонија на чело на нациите. Нејзината репутација е универзална; нејзината слава се шири на четирите страни на светот... Александар Велики, чијашто слава е епска, ги става под своја моќ најголемите царства. Но неговата војска не сее терор, страв и уништување кај варварските народи; напротив, тој им ги донесува светлините и добродетите на цивилизацијата... Следејќи го текот на историјата, гледаме како со ист сјај свети ѕвездата на Македонија. Таа ја игра главната улога во преродбата на славјанското племе. Така, двајцата браќа издигнати до апостоли, Кирил и Методиј, предмет на сеопшто восхитување на славјанскиот свет, се Македонци, па поради самото постоење на овие двајца апостоли, оваа мала земја станува лулка на славјанското племе на кое му дава своја религија и своја уметност...“ Од ова гледаме дека македонската ѕвезда е премногу сјајна и дека сеуште ги затемнува новите ѕвезди што се појавуваат на небото. Затоа, Зоран Заев треба да ја земе судбината на македонскиот народ и во нивно име да одлучува. Тој треба со овој потпис да ја угаси оваа препознатливата ѕвезда на Македонија. Но, Македонецот не може и не сака некој од адот да дојде и да им го одземе она што вековно е нивно. Тие отсекогаш сакале да бидат господари на сопствената судбина. Некој очигледно заборавил, дури и оние дојдени од Европа и светот кои саркастично се смееја додека гледаа како проклетата рака на предавникот ја потшуваше капитулацијата на Македонија во Преспа, дека непочитувањето на вољата на народот ќе го предизвика неговиот револт. |