|
|
Ќе се роди еден нов Драган Богдановски и ќе ја продолжи борбата за Македонија |
Со прифаќањето на Тиранската платформа и Законот за употреба на јазиците, потоа со Договорот за добрососедство и ставањето потпис на договорот со Грција, со кој Македонија се преименува во Република „С“ Македонија за севкупна употреба, Зоран Заев како да му даде легитимитет на Букурешкиот договор од 1913 година, со кој Македонија беше поделена. Македонскиот народ со овие договори не се согласува и допрва престои жестока борба со инсталираната марионетска власт, која работи против националните и државните интереси на Македонците. Што значат овие договори и што ни носи иднината може само да претпоставиме, но со сигурност можеме да кажеме дека Македонецот нема да се откаже од своето име, минато и од своите корени. Овие договори ја отсликуваат целокупната работа на инсталираната власт во која нема ниту трага од онаа македонска автентичност во водењето на работите, којашто би биле карактеристично обележје на една слободна земја. Поради тоа, денешната власт прави обиди за обезбедување на општествено „одобрување“ преку подмолна лолитика и доколку народот се буни тогаш кундаците за растерување се спремни. Односно, на македонскиот народ подмолно му се подметнува референдум за самиот да се откаже од името и идентитетот, а ако се буни и протестира тогаш реално е да се очекуваат шок бомби, солзавец и т.н.... Положбата во којашто власта ја внесе Македонија нема да биде розова ни за македонскиот народ, но ни за инсталираната власт од центрите на моќ. Со потпишаните договори, се предвидува ревизија на историјата, која не соодејствува со толкувањето на нашите соседи и нивниот интерес. Треба да се креира нова историја која треба да ја убие секоја помисла за посебноста на македонскиот народ и за самостојна македонска држава. Сосема сигурно е дека најригорозно забранувани ќе бидат оние здруженија, коишто ќе настојуваат да ги негуваат врските помеѓу Македонците во соседните држави и дијаспората, каде што ќе се негува македонскиот дух. Ќе бидат основани разни нови друштва, раководени од Македонци верни на сегашната власт. Тие ќе бидат лаборатории против македонската нација и идеи. . И црквите и манастирите нема да бидат поштедени. Во земјата и во дијаспората, ќе се шират невистини за односот на Македонците. Основната тенденција на овие лаги ќе биде насочена, се разбира, пак против идејата за обнова на македонското национално единство. Ќе се слушнат и мислења на Македонци дека е подобро Македонија да биде присоединета кон една или кон друга соседна држава. Ќе доаѓа и до судири помеѓу Македонците во врска со прашањето: во кој политички гроб ќе биде најдобро да биде сместена Македонија. Додека органите на власта ќе го насочуваат целокупниот општествен живот во согласност со желбите и барањата на центрите на моќ и нашите соседи, опозиционото расположение против власта се повеќе ќе расне и ќе се шири. Отпорот на населението ќе се манифестира дури и илегално. Ќе се појави потреба тајно да се организира спроведувањето и на најобични иницијативи коишто, според самите Македонци, се корисни за целата земја. Меѓутоа, тие дејства ќе бидат прогласени за противдржавни дела. Граѓаните ќе се најдат под ударот на вонредните закони, ќе плаќаат казни и ќе бидат затворани само поради желбата да се даде израз на народната волја. И така, незабележливо, дури и да не го сака тоа, населението ќе биде приморано да се организира илегално. Со разгорување на кофликтот ќе се зголеми и емиграцијата, од каде исто како во времето на комунизмот, ќе продолжи со засилено темпо борбата за зачувување на Македонија. Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДОМ а потоа во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган Богдановски беше претседател на ДООМ. Од ДООМ се роди ВМРО-ДПМНЕ. И се ќе почне од почеток, ќе се роди еден нов Драган Богдановски и ќе ја продолжи борбата за Македонија, како во времето на едноумието... Вечно да е ДООМ-(Движење за ослободување и обединување на Македонија). АМИН! |