|
|
Грчко – македонски односи и спорот околу името |
Македонското прашање во процесот на меѓународното признавање на Република Македонија повеќе од две и пол децении го привлекува вниманието на земјите од ЕУ, ОН и на пошироката светска јавност. Тоа е предизвикано од спротивставувањето на Република Грција да се признае Република Македонија под нејзиното историско и уставно име. Со тоа беа сериозно нарушени односите во овој дел на Балканот, кои се закануваа на мирот и стабилноста на овој дел од Европа. Во меѓуврем, спротивно на Уставот и законите на Македонија, потпишан е договор меѓу премиерите на двете земји, со кој македонската влада прифаќа државата да се преименува во Република Северна Македонија. Дали Северна Македонија е вистинското и праведно решение, дали македонскиот народ ќе го сочува својот идентитет, јазик, со оглед дека ова репение е изнудено и под, по кулминацијата на кризата која започна во земјата со шарената револуција!? Секако дека не е. Ниту е вистинско, ниту е праведно зошто историските извори го говорат спротивното. Одговорите секако лежат во минатото, зошто грчко-македонскиот спор не е од вчера. Овој спор особено доаѓа до израз од крајот на XVIII век и трае до денес! Со оглед на трагичната македонска историја во овој период, особено во последното столетие, поделбите на земјата, непризнавањето на идентитетот, јазикот и црквата, мнозинството од македонскиот народ ваквото решение не сака да го прифати. Ако на почеток го изоставиме античкиот период кога доминираат Македонците, сo векови Македонците и Грците споделуваа заеднички судбини под исти владетели. До пред крајот на XVIII век, главно не постоел суштествен антагонизам меѓу Македонците и Грците. Антагонизмот започнува со настојувањето на грчката Цариградска патријаршија преку црковниот живот да започне асимилирање на други етнопростори со цел да се обнови славата на Византија, за чиј наследниците се сметаат Грците. Всушност укинувањето на Охридската архиепископија преставува почеток на судирот меѓу двата народи. Последиците од овој судир доведоа денес да сме исправени пред грчко-македонскиот спор, кој има такви димензии што оневозможува да се дојде до разумно решение, па ни ова со Република Северна Македонија, за севкупна употреба. Грчко-македонскиот спор, со целиот свој интезитет стапи повторно на дневен ред, откако Република Македонија, преку референдумот на своите граѓани, во 1991 година прогласи своја независност и како суверена држава побара да биде признаена од светската заедница. За да ја спречи Македонија да го добие својот меѓународен статус, Грција публикува и дистрибуира по светот мноштво на книги, брошури и други материјали, во кои се претстави дека не постои македонски народ, јазик и култура. Според Грците, македонскиот народ бил измислен, политичка конструкција и алхемија на „скопските историчари“. Сето ова беше правено надвор од рамките на науката (историографијата, лингвистиката или историјата на културата) и беше дел на една дневно-политичка, ненаучна негација на македонскиот народ, што преставуваше само продолжеток на физичката и духовна репресија врз македонскиот народ во Егејска Македонија, кој за Грција е непостоечки народ. Со тоа, уште на почетокот на деведесетите години на минариот век, на самиот почеток на осамостојувањето на Република Македонија, Грција ги откри вистинските мотиви на својата антимакедонска политика, во која „прашањето за името“ имаше сосема маргинално место. И денес, 27 години, од осамостојувањето на Република Македонија, во Грција не се променило по однос на македонското прашање. Тие не го признаваат името, јазикот и културата на Македонците, ниту пак постоење на македонско малцинство во Егејскиот дел на Македонија. Грција постојано тргнува од поставката за „грчкиот идентитет на Македонија како историска очигледност“, притоа идентификувајќи ги Грците во етнички и јазичен поглед со античките Македонци. Грците постојано го обвинуваа „Скопје“ дека посегнало на името Македонија и на дел од културното наследство, кое им припаѓало само на Грците. Всушност, тоа е само едно наметнато убедување кое со децении им се сервира на грчките ученици од најрана возраст, а во последните децении и на светската јавност, иако тезата за „грчкиот идентитет на Македонија“ е научно неиздржан и неодржлив. Во грчката наука, во најголем дел, се премолчуваат историски факти што и противречат на тезата за „грчка Македонија“. Општопознато е дека класичните грчки автори не ги признавале Македонците за свои сонародници, ги нарекувале варвари и македонската доминација во Грција ја сметале за туѓа власт. Меѓутоа, и покрај општопознатите факти, грчките научници првично, историското право и „грчкиот идентитет на Македонија“, долго време го докажуваа со хипотезата дека античките Македонци биле дорско племе, а нивниот јазик дорски дијалект. Но, бидејќи не можеле истата да ја поткрепат со факти, грчката официјална наука ја отфрли оваа хипотеза, за потоа, по дешифрирањето на линеарното Бе писмо во средината на 20 век, грчките лингвисти и историчари да отидат подалеку во минатото. Иако никој од микенолозите во светов не ги сметал за сериозни нивните интерпретации на микенските текстови, тие, сепак, во нив сакаа да откријат „докази“ дека античките Македонци биле Индоевропејци, Протоелени, дека нивниот јазик бил најстар, најчист и најконзервативен грчки дијалект. Иако, ваквата теорија, почива на претпоставки непоткрепени со ниеден изворен историски факт, сепак, Грците ја реконструираат предисторијата, еден долг период од 1.600 години, само за да докажат врз основа на своите предрасуди дека Македонците не можеле да бидат ништо друго освен Грци. Во светот е познато дека од античкиот македонски јазик не е сочуван никаков текст и дека се познати само околу стотина одделни глоси од кои не може да се реконструира јазикот. Меѓутоа, „од анализата на старомакедонските глоси може да се заклучи дека античкиот македонски бил индоевропски јазик, различен од грчкиот. Познатиот француски индоевропеист А. Меје вели дека грчкиот не е поблизок до античкиот македонски отколку до кој било друг индоевропски јазик. Сосема оправдано Ј. Покорни при класификацијата на индоевропските јазици го става македонскиот заедно со фригискиот во својот Индоевропски етимолошки речник“. Во поткрепа на тезата дека античките Македонци биле Грци, Грците „нагласуваат дека Филип II и Александар Велики не само што дејствувале како Грци, туку ја инкарнирале идејата за обединета грчка држава. Меѓутоа, државата што ја управувале Филип II и Александар Македонски, кои ги покориле грчките државички и ги прошириле нејзините граници до Средна Азија, нигде не е наречена грчка“. Воспитан од големиот македонски филозоф Аристотел, Александар високо ја ценел старогрчката просвета и ја раширил до Централна Азија, притоа напуштајќи ја догмата за разликата меѓу „префинетите“ Грци и „варварите“ Македонци. „Во својата политика тој внесол нов дух на еднаквост меѓу сите народи, туѓ дури и за неговиот учител. Согласно со својата космополитска идеологија Александар пројавил извонредна широкоградост како кон Грците, така и кон другите покорени балкански и азиски народи. Со таквиот свој приод тој ги поставил темелите и на хеленизмот, којшто претставува мешавина на грчки филозофски и просветни идеи со културни и религиски сфаќања од источните народи.“ Тука, мора да се напомене дека т.н. хеленизам е погрешно именуван од научниците и според нас треба да се вика македонизам, бидејќи ширењето на оваа космополитска идеја го спроведуваат Македонци, а не Грци, и секако дека во него, освен грчката и источњачката, доминантно место има и македонската култура, без разлика на грчкиот јазик кој тогаш се употребувал во офисијалните преписки. Имено Александар го ширел т.н. хеленизмот на грчки, бидејќи грчките трговци биле распространети низ земјите на целиот Медитеран, каде неговиот мајчин јазик одвен Фригите не го разбирале, а не го разбирале ни Грците, за што има експлицитни докази. Со омаловажување грчката наука преминува и преку темната точка на историјата, на т.н. доаѓањето на варварите Славјаните на Балканот во рановизантискиот период. Во Грција се одречува или се минимализира постоењето на славјанскиот елемент, а „познато е дека византискиот историчар Константин Порфирогенит отворено зборува дека се пославјанчила цела Елада. Исто така, познат историски факт е, дека славјанските племиња Езерити и Милинги во VII и VIII век на Пелопонез биле самостојни и не и плаќале данок на Византија. Грчките научници ја преставуваат Македонија како браник на елинизмот од напливот на варвари низ сите векови. Меѓутоа, ако “варварите“, како што ги нарекувале античките Македонци (за нас Венети - протославјани) и подоцна Славјаните, во континуитет ја населувале тероторијата на Македонија, лесно може да се разбере дали навистина Македонија во тоа време била таков „бастион на елинизмот“. Всушност, со овие факти паѓаа во вода грчката теорија дека Македонија била браник на елинизмот и дека тие имаат право на името и историјата на населението на Македонија. Тоа го говорат и топонимите во Грција, која бара да ги употребувале топонимите од Егејскиот дел на Македонија во онаа форма што им била дадена со указ по 1913 и особено во 1926 година, зашто со тоа се доведувал во прашање суверенитетот на Грција. Така од Македонците се бара градот Солун да го именуваат Тесалоники. Меѓутоа, денес на Пелопонез во кој било правец да се оди може да се најде славјанско име. Ако на Пелопонез има толку многу славјански имиња на места, што останува во Егејскиот дел на Македонија, каде што живееле Македонци, а и денес се уште живеат. Што има поприродно од тоа населението кое континуирано живееле во Македонија, државата да си ја нарекува Република Македонија, тоа да биде наречено Македонци, а нивниот јазик македонски. Не можеме да се осврнуваме само на барањата на Грција, ЕУ и НАТО, кое нема основа и заради нивниот ќеф да го менуваме своето името. Особено не промна на нашето име поради мултиетничкиот каратер на земјата, бидејќи сосема е ненаучно и неодржливо да се зборува за некаква хомогенизација само на еден народ во овие балкански простори. Односно нема народ на Балканот, па ни Грците, кој се еднородни по состав и потекло, за да можат да уценуваат и да приграбуваат нешто што не им припаѓа.
|