Среда, 11 Јули 2018   
Да им помогнеме на македонските патриоти и нивните семејства!

svekrva-nova
Свекрва

Секој израз на патриотизам се санкционира со цел да се исплаши народот.

Најдобар пример на заплашување на народот, се патриотите кои беа дел од настаните на 27 април 2017 година на настаните во Собранието, денес се товарат за тероризам, а други се осудени на повеќе од 80 години затвор.

На 27 април 2017 година, откако претседавачот Трајко Вељановски официјално го прекина 20 продолжение на конститутивната седница на Република Македонија, пратениците на СДСМ и албанските  партии останаа во Собранието и со своите постапки го испровоцираа насобраниот народ кој мирно протестираше пред Собранието.

Насилното избирање на Талат Џафери за нов спикер на Собранието, надвор од деловникот и без потребниот број гласови ги исправоцира македонските патриоти.

Водени од македонската идеја и чесната мисла, македонските патриоти во одбрана на македонскиот суверенитет влегоа во Собранието.

За учество во овие инциденти, денес, под диригентска палка на нелегално избраната власт и „независното судство“ се товарат 5 пратеници на ВМРО ДПМНЕ за тероризам (нешто што не го направиле),  а седумина обвинети за обид на убиство на пратеникот Зијадин Села добија вкупно 81 година затвор.

Ако се има во предвид дека според сведоците дел од обинетите  му помагале на Села, а немале за цел да го убијат, постојат сериозни сомнежи дека зад драконските казни се работи за политички мотиви. Односно дека со ваквите казни се сака да се заплаши македонскиот народ да не се спротивставува на промената на името и неговиот идентитет, по спогодбата направена меѓу властите на Скопје и Атина.

Многу одамна беше најавено од оваа владејачка гарнитура дека кога ќе дојдат на власт, ќе јадат живи луѓе, денес тоа се гледа на дело. Меѓутоа, на овој политички реваншизам мора да се стави крај, зошто го подели македонскиот народ, а со тоа ги доведе во прашање националните интереси на земјата и својот суверенитет. 

Македонскиот народ мора да продолжи напред, а за тоа треба да се обедини околу клучните прашања по неговиот опстанок и неговата иднина.

Пред се треба да го оставиме минатото зад нас, а како знак на помирување, потребна е амнестија за луѓето од 27 април, кои застанаа во одбрана на уставниот поредок на земјата, нејзиниот суверенитет и интегритет.

„Има невини луѓе по затворите, само затоа што се воделе од чесна идеја и мисла, и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија. На ова лудило од политички реваншизам, еднаш мора да му дојде крајот“, порача Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието на Република Македонија од страна на Единствена Македонија беше доставен Предлог - закон за амнестија за настаните од 27 април, минатата години.

Македонците мора да ги заштитат своите патриоти кои се борат за својата кауза.

Соочени со фактот дека затворените и осудените македонски патриоти и нивните семејства се соочуваат со финансиски проблеми, предлагаме во Македонија и дијаспората да се организираат здруженија и да се отворат жиро сметки на која секој Македонец ќе може да донира средства со која би се платил тим од познати адвокати кој ќе ги застапува пред судовите за да ги извлече од неправедната пресуда, но и да им се помогне на нивните семејства.

Време е да ја покажеме нашата солидарност!

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.