Среда, 18 Јули 2018   
Никогаш не е касно, само заедно можеме да излеземе како победници

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Денес кога се поставува прашањето за опстанокот на земјата, да се биде или не, кога е најпотребно сите да бидиме сплотени против промената на името, на идентитетот и јазикот, повторно спротивставените мислења за решавање на битните национални прашања го поделија македонскиот народ.

Најголемиот дел од македонскиот народ застана во одбрана на аманетот што ни го оставија нашите претци, „Македонија на Македонците’. Но додека помногубројните и помалку гласните како осамени воини, без поголема надворешна подршка се обидуваат да го сочуваат најсветото што го имаме, името на Македонија, дотогаш помалубројните но погласните, со надворешна подршка донесоа закон за двојазичност и потпишаа катастрофален договор со Грција за името на татковината.

Ставајќи го влезот во ЕУ и НАТО како приоритет пред сопствените корени, а сметајќи дека под нивниот чадор ќе ги заштитат личните интереси.

Модерните „јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го одува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна вера“.

Листајќи ги „Документите за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том II, 1981,  наидов на писмото на стариот Петко од 3 септември 1935 година испратено до редакцијата на Ризоспастис, списание на кумунистичката партија на Грција. Под наслов „Го наоѓаат правилниот пат“,   Македонецот, стариот Петко од Воден ќе напише:

„Го наоѓаат правилниот пат“

Еден ден падна во мои раце весникот „Македонско дело", орган на Внатрешната македонска организација (Обединета).

Го прочитав незаситно и размислив за минатите настани, за мојот злосторнички став спрема Македонците во 1893-1896 година. Во Македонија се создадоа вооружени групи чијашто цел беше ослободувањето и самоопределувањето на Македонија. Во тој период Бугарија испрати во Македонија комити. Една ноќ дојде во мојата куќа архикомитаџијата Апостол. терорист на Ениџевардарска околија, со 30 комити. Во почетокот ми се закани, а потоа ме убеди да станам комитаџија, откако ми вети 50 лири месечна плата и бесплатно школување на моите деца.

Војувавме против Турците, но војувавме и со припадниците на ВМРО. Со терор, со убиства и поткуп, успеавме да бидат уништени македонските групи. Ние тогаш деклариравме дека Македонија е бугарска и се бориме за нејзиното приклучување кон Бугарија. Тоа е голема грешка!

Сега разбирам што сторив. Сега кога Македонија ја поделија Бугарија, Србија и Грција, а Македонците, наоѓајќи се пред трите држави, исто секаде страдаат.

Сега ја разбрав мојата грешка и се ставам со сета моја старост под славното знаме на ВМРО (Обединета), којашто се бори за интересите на сите Македонци“.

Писмото на стариот Петко од Воден, објавено во „Ризоспастис“ во далечната 1934 година, можеби ќе ги освести сите оние кои примаат парични средства од разни странски фондации и заради лични интереси работат против интересите на сопствениот народ.

Можеби ова покајание на стариот Петко е крајно време сите заедно да застанеме во одбрана на виталните интереси на земјата и да престанеме да се делиме на антички и славомакедонци, на патриоти и предавници.

Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина. Никогаш не е касно, само заедно можеме да излеземе како победници.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.