|
|
ТАТКОВИНАТА |
Ја сонувам и во песните ја споменувам, со мислите патувам и во сонојте ја посетувам. Душата ми плачи и срцето ми се мачи, ке овенам, како лист ќе се исушам, ќе изгорам, пепел ќе се сторам ако почекам, ако не се вратам. Сега се запалив и ништо неможи даме запри, желбата мие голема кесе вратам во мојата земја, во моето родно место. Пред силата ке застанам и со голи раце кесе бранам. Ке зборувам за вистината, ке раскажувам за неправдината, нека се слушни по целиот свет за земјата наша што ни ја зедоа, што ни ја окупираа, што ни ја распарчија и од браќа и сестри што не одделија. Окупаторите не мачеа, не асимилираа, не тераа, и без наша желба, без наше сакание, без никакво право имињата ни ги изменаа. Ни ги изменаа имињата на градовите и селата, на планините, на реките, на езерата, ги изменаа и на гробиштата. Ни го забранија јазикот, песните, ората, ни ги изгореа книгите, ни ги затворија школите и црквите. Ќе пишувам за да остани, да не се заборави, да не се повтори за нас децата од 48ма од мајките што не оделија, што не истераа, што не испадија, што не откорнаа од родните огништа и од сите Македонски соништа. Ќе споменам и за тие што пред време изумреа, за тие што не се родија, за тие што не се вратија и во тугина што изгореа. Ќе му кажувам на помладите, на нашите и на туѓите за Македонските комити како јауначки се бореа и како херојски за слобода гинеа. Ќе му кажувам да знаат колку народ зајгина, колку крв се пролеа, колку солзи се истурија и колку мајки во црно се облекоа. Како се бројат бомбите, куршумите, градите издупени, луѓето ранети и убиени, џандарите наточени што сечеа глави човечки? Како ќе се простат убиствата на вампирот Каравангелис, на Павло Мелас и на други на грците што му беа слуги. Ако човек помисли за нашиот народ, несреќен, нефтесен, за маките што ги истрга. За еден залак леб си работаше, земјата си ја копаше, со пот и солзи си ја вадеше, со мртви тела си ја ранеше. Таа земја пуста, проклета со крв ја пролеа, сега друг му го бери плодот, сега друг се радва сонеа. Колку песни се испеани за неа, и колку се заборавени, зајгинати и колку украдени? Колку приказни се искажани од стари баби и колку не се испечатени? Колку камениа се искршени, по патишта, по калдерми, по куки и племни се кладени? Колку плитари се направени со вода и пот измесени? Колку куќи, колку цркви, колку градови и села со Македонски раце се изградени? Колку силно треба да врескаме светот да не чуе; зошто се мачиме и зошто плачиме? Колку тивко, колку благо треба даму зборуваме? Европа да разбери дека и ние сме луѓе родени од мајки, дека и ние имаме право да живееме, човечки права да си бараме. Уште колку крв ќе треба да пролееме? Уште колку жртви ќе треба да дадеме окупаторите да разберат дека и ние постоиме и ќе постоиме како посебен народ од другите со своја држава, со јазик, историја и култура. Македонската нација е жив организам со длабоки корениа, Македонската крв во жилите расти и се плоди. Вистината не се покрива, вистината е тука со нас и затоа сме силни. Лагите и пропагандите на грчкиот шовинизам се празни зборови, со времето ќе се заборават, ќе загинат, ќе изчезнат. Македонија е една на Балканот, секогаш беше наша и секогаш ќе биде наша, од кога угрева сонцето до кога зајдува, во нокта, во дениата Македонија ние земјата. |