Среда, 25 Јули 2018   
Се заоструваат односите меѓу Атина и сојузниците Анкара и Москва

svekrva-nova
Свекрва

Спогодбата меѓу Скопје и Атина, со која премиерот Зоран Заев се согласува Македонија да се преименува во Република Северна Македонија за севкупна употреба, ги возбуди духовите не само во земјата, туку и во регионот.

Во земјава, Македонците не се согласуваат со промена на името, а во регионот поради оваа спогодба се заоструваат односите меѓу Атина и сојузниците Анкара и Москва. Наводно, грчката влада имала докази дека Русите се обидувале да го попречат договорот меѓу Скопје и Атина за Македонија да не стане членка на НАТО.

Слично обвинување доаѓа и од Зоран Заев, кој заедно со Атина ја предупредиле ЕУ и САД, дека Русите сега се мобилизираат за да спречат успешно спроведување на референдумот кој се предвидува да се одржи есенва во Македонија.

Се напаѓаат Турција и Русија, при што со последната дојде до протерување на дипломати, а никој не ги гледа анкетите според кој повеќе од 74 проценти од Македонците се против промена на името.

Тоа значи дека актуелната власт насилно, како што се’ досега и прави заедно со Албанските партии, ќе го спроведе и ќе ги кривотвори резултатите за Македонија да стане обезличена и понижена, безимена и безидетитетска членка на НАТО. Инаку, зошто и е потребно референдумско прашање кое е три во едно:

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?.

Ако се разложи на трите дела, јасно е дека Македонците сакаат нивната земја да стане членка на:

1. НАТО

2. и ЕУ,

3. но не со променето име во Република Северна Македонија. Грција, ЕУ и НАТО, немаат право тоа да го бараат од македонскиот народ чија татковина е Македонија.

Спогодбата што Заев ја потпишал нема легитимитет, бидејќи не само што сето тоа се прави надвор од Уставот и законите, туку и без оправдани аргументи.

Познато е дека Грција има историски претензии врз Македонија, заради некогашното владеење на Византија над македонските области.

Но, денешна Грција не може целосно да се поистоветува со Византија, како што, на пример, Европската Унија не може да се изедначува по секоја цена само со една од нациите, коишто влегуваат во неа (на пример германската или француската).

Исто така, грчкиот јазик тогаш преовладувал во Византија, како што денес, англискиот јазик преовладуваа во ЕУ, НАТО и ОН. Освен тоа, грчко население не живеело во Македонија, со исклучок на приморските градови.

Во минатото, Византија владееше со простор, којшто допираше до Унгарија, Јадранско Море, Кавказ и Крим. Во тој случај денешните Грци, освен врз Македонија би требало да претендираат на сите овие земји. Тогаш, не треба да не чудат и реакциите на Анкара и Москва, на она што се случува на Балканот.

Ако се тргне од историските спомени, под власта на Рим денес треба да биде ставена скоро цела Европа, заедно со Англија, како и цела Северна Африка и Блискиот Исток, бидејќи во далечното минато тие со векови биле под власта на римското царство. Тоа се, секако, наивни и смешни претензии. Меѓутоа, со нив некои земји прават сериозна политика, а Грците до ден-денес продолжуваат да играат политики коишто напоменуваат за некогашното византиско државно и црковно владеење со земјите до долниот тек на реката Дунав.

Грчките аспирации кон Македонија, макар само врз нејзиниот јужен дел, одсекогаш имаа сосем слаба национална потпора. Уште од времето на Византија, па се до грчката граѓанска војна, бројот на грчкото население беше повеќекратно помал од оној на македонскиот народ.

Во целата земја нивниот број никогаш не бил поголем од десет-единаесет проценти. Грчката теза беше дека сите што се православни, се Грци. Не само македонскиот народ туку и останатите христијански народи на Балканот беа прогласени за Елини што зборуваат на други јазици. По оваа логика требаше и сите Руси, дури до Сибир, да бидат прогласени за Грци. Тоа е исто како да се прогласат сите католици низ целиот свет за Италијанци, бидејќи првобитниот католички центар се создаде во Италија, како што првиот центар на православието бил во рацете на грчкиот клир околу Цариградската патријаршија.

Во текот на пет векови под Турција, во ниту еден момент, Портата не била заинтересирана да ја поддржува славјанската национална кауза на штета на Грците, туку принципот бил спротивен – преку дадените од султанот, уште при паѓањето на Цариград, привилегии на грчката патријаршија, грчкото духовенство векови наред непречено работело за денационализација на славјанскиот народ, Власите, Албанците и др. И сепак, Турците петстотини години наред чесно го означувале во своите архиви славјанското население во Маквдонија.

По Првата светска војна, од грчка страна се оперира со бројот на доведените од Мала Азија и населени во Македонија Грци, караманлии, Ерменци,... Меѓутоа, се испушта од предвид фактот дека голем број Македонци биле принудени од грчкиот режим да ја напуштат Македонија, и дека нивната желба да се вратат во татковината никогаш не згаснала.

Мораме да истакнеме дека сите грчки влади континуирано до денес работеа за прогонување на целокупното македонско население од Јужна Македонија. Скоро без прекин се приложуваат во секојдневниот живот најразлични методи за прогонување на Македонците, а мислата за нивното потполно искоренување од родните им места станала опсесија за грчките власти.

Ако тоа порано се правеше во Егејскиот дел на Македонија, со новата спогодба која Заев ја потпиша сега на Грција и се отвара патот тоа да го прави и во Република Македонија.

Но, ваквиот начин на „разрешување“ на македонското прашање е најнесреќен. Тој само ќе ги изостри уште повеќе непријателствата и страстите. Сите причини за недоразбирањата околу Македонија, а и претензиите на соседите кон неа, ќе останат.

Со ваквото решение ќе се прогласи за виновен оној што страда, обесправениот.

Всушност, македонското население под грчка власт е изложено на страдања. Би требало да се преземат мерки за враќање на неговите права. Требаше грчката држава да го приложи во практиката договорот за заштита на малцинствата, а големите сили да се заинтересираат дали тој навистина се применува. Но, наместо да одговараат за својата докажана виновност, грчките влади заговараат искоренување на Македонците од нивните родни огништа не само во Егејскиот дел на Македонија, туку во сите три дела на поделена Македонија.

Новиот поредок во светот на Грците им изгледа погоден, да продолжат со истата бесправност што тие ја озакониле во својата држава. Меѓутоа, не треба да се иселува месното македонско население од Македонија, туку обратно – прогонетите од родните огништа Македонци, треба да се вратат во своите родни места и треба да се крене гласот на Македонецот, но и да се бојкотира секаков референдум за промена на името на земјата, зошто дури тогаш македонскиот народ ќе го снема од картата на светот.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.