|
|
Заев е последниот предавник |
Александар Џеповски
Заев е последниот предавник. После него не смее да има ни една секунда било каков предавник.
Па Македонци драги, вакви како Зајко веќе има илјадници години кои се појавуваат и профитираат и никако семето предавничко да им се сотре. Што семка покварена беше тоа да не може да изчезне?
Колку и да сме биле ригорозни, тие пак воскрснуваат преку сјајот на златото.
Нашиот проблем со векови е што не знаеме да предвидуваме, спречуваме и искоренуваме вакви аномалии од талентирани изроднички гниди. Касно и многу погубно реагираме со изговор дека сме многу добар народ со меко срце.
Конечно, оваа игра на власт и опозиција во која се коли, беси и суди предходната власт во име на своето јас ... ни дава до знаење дека или не сме спремни како народ правилно да работиме и влаедееме или сме само гладни топуци да се наситиме додека сме на власт па после нека се тресе земјата, ич не ми чуе.
Затоа сме поделени на наши и ваши, непријатели до смрт. Не знаеме да разликуваме предавник од патриот и да застанете во име на вистината, па дури и ако ти е роден син или татко, да му кажеш тргни се на страна, само штета има од тебе земјата и околината и посебно луѓето околу тебе. Ние дури се мислиме и премудри очекувајќи да земеме и некое зрнце од предавничкиот колач на изродот.
ЗАТОА ГЛАВАТА ГОРЕ МАКЕДОНЕЦ, НЕ СПИ И НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ПОВЕЌЕ ПРЕДАВНИЦИ ДА ПОСТОЈАТ, МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРАШАЊЕ.
ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА - АМИН !!!
|