|
|
Премиерот Заев е вистински патолошки лажго |
Душан Ристевски - Македон СЛЕПЕЦ ГИ ВОДИ СЛЕПЦИТЕ ВО АМБИС Премиерот Заев е вистински патолошки лажго кој успеа за само една година да изнамалипулира политичари и јавност - секако во корист на Грција и НАТО, ОН и ЕУ. Изгуби на изборите, се јави со лажни претензии да ги задоволи апетитите на големо-Албанците и состави влада, во собранието за претседател постави екс-терорист и се впушти во хајка да се менува се што е Македонско и да го запечати „договорот“ со Атињаните за уништување на македонската нација, божем за некаков влез во Европа и Алијансата. Парламентот, воглавно составен од немакедонци кои сигурно добија големо мито за едногласно да се ратификува договорот на СРАМОТ, гласаа со АМИН. Патологијата се гледа повторно, манипулира со прашањето за референдумот: става три прашања (ЕУ, НАТО, ДОГОВОР) во едно, да не биде еднозначно само за да направи конфузија со ИЛИ – ИЛИ. Значи ги прави Македонците глупави. Да гласаш со ЗА (се уништуваш како нација), да гласаш со НЕ (ти прети дека ќе се уништеш како нација, божем немало иднина). Значи слепецот им ветува на другите слепци, кои се зад него и го следат, дека тој божем гледа каде оди, а веќе пред него има амбис од кој нема излез или враќање. Јамката која Заев ни ја стегнал околу вратот е видлива но луѓето се во дилема, дали да скокнат САМИТЕ или да бидат ТУРНАТИ за да се заврши чинот на бесењето. Знам - и Ѓаволот имал мајка. Доколку луѓето кои ќе гласаат со ЗА се толку глупави (како и водачот) и не гледаат какви се последиците за нашата нација, тогаш стварно сме биле глупава нација – па и не заслужуваме да имаме држава. |