|
|
МАКЕДОНИЈА е име на оваа наша библијска земја од памтивек, оваа земја е МАКЕДОНИЈА, БИЛА И ЌЕ БИДЕ! |
Манојил (Мане) Јаковлески Формирањето на Крушевската Република, нејзиното државотворно тежнение, е Аманет кој не обврзува, никогаш да не заборавиме кои сме и што сме и од каде сме. Аманет за верата, надежта, љубовта и за нашето Македонско постоење. Илинденското востание, што го организираше и изведе ВМРО, претставува историски настан без преседан – Гласна Македонска декларација развеана низ Европа и светот - за слобода, за рамноправност, за демократија. Аманетот на првиот Илинден конечно беше исполнет со вториот, победоносен Илинден тогаш како дел од големата светска слободарска коалиција, кога на 2 август 1944 година, беше формирана македонската држава. На 8 септември, 1991-та година, на третиот Илинден, македонските граѓани, на Референдум се изјаснија за суверена и самостојна Република Македонија, со јасна одлучност, својствена на породот Илинденски, таа да се гради врз европските принципи на слободен пазар и владеење на правото. Богоугодно е да се сака својот род и таа љубов да се споделува со другите! Оти тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство ни за другиот! Затоа да не заборавиме: ние сме МАКЕДОНЦИ по род, култура, историја и традиција! Од род сме древен! МАКЕДОНИЈА е земја библијска! Ние немаме проблем со своето име. Би имале кога би се сомневале во него, во себе, во нашиот идентитет. МАКЕДОНИЈА е име на оваа наша библијска земја од памтивек, оваа земја е МАКЕДОНИЈА, БИЛА И ЌЕ БИДЕ! Во земјата и во странство, на очиглед на општествената јавност, се шират невистини дека Македонците се за промена на уставното име за да влезат во ЕУ и НАТО, односно дека ќе има позитивен исход на референдумот на Зоран Заев и неговата СДС за промена на името. Основната тенденција на овие лаги се насочени против идејата за обнова на македонското заедништво кое е против промена на уставното име и идентитетот на македонскиот народ. Македонците не сакаат членство во ЕУ и НАТО ако е, објавениот ненароден и неуставен референдум за промена на името на Република Македонија и на нашето историско национално име македонка, македонец,... Бог да ја благослови библијска Македонија! Амин! |