|
|
МАКЕДОНИЈО! Моја мила татковино, немој да се откажуваш |
Ламбе АрнаудовВМРО, чувај ми ја Македонија!Бевте шестмина величествени, ја потресовте империјата распространета на три континенти. На нашата страдна Македонија дотогаш, со векови заробена во темната катакомба на тиранијата, им ги подаривте светлината, убавината, озонот и водата, основните елементи на слободата и нè уверивте дека и ние ќе живееме слободни како сите други народи. Вие бевте нашите учители и просветители, кои го препознаа и нам ни го посочија непријателот, чија полтика секогаш оди заедно со злото, предавствата, кодошлокот, заговорите, лагите и пусти пари, пусти останале. Искрено како што им доликува на вистински синови на својот народ, ни кажавте дека успесите ќе ни ја зајакнуваат радоста, ама чесно нè предупредивте на повремени порази и нè научивте да ја ублажиме тагата и да ја трансформираме во уште поголема верба во нашата борба за постигнување на конечно поставените цели. Направивте организација, беспрекорно функционална, поорганизирана од многу европски држави, препознатлива по својата бескрајна верба, по големината на вистинското добро, што го правиме со љубов за својот народ и татковина и ни поттикнавте силна и праведна интуиција кон сите оние кои масовно ви се приклучивме, недвосмислено убедени, дека сме го одбрале вистинскиот пат во одбрана на човековите права и слободи на сите европски поробени народи. За дванаесет саати бевте способни да мобилизирате стотици илјади елитни војници. Се боревте храбро и одважно, непрашувајќи за кого, само да се добие слободата и на крај секогаш бевте по правило изиграни од оние за чии интереси ги извојувавте победите. ВМРО, заради сите овие високодостигнати дострели и вредности, чесност и лојалност, сите го сакаа на своја страна. Сите го почитуваа, го бараа, преговараа и беа среќни ако го имаа за сојузник. ВМРО, мирно и достоинствено на сите им одговараше: “Нашиот единствен сојузник е нашиот народ. Ако народот наш го сакате искрено за ваш сојузник, тогаш и ВМРО ќе го имате сојузник на сојузниците.“ Познато е, големите сојузи и алијанси почиваат и опстојуваат на начелото на неправедноста кон малите народи, и ако некој се обиде да ги заштити своите интереси кои природно му припаѓаат, поставуваат ултиматум кој гласи: И ти си во право, и ти си право, ама ќе биде јас како што ќе кажам, и затоа ако не си со нас неправедните, ти вистинскиот праведник, си против нас и те прогласуваат за најнеправедник. ВМРО вековно опстојува врз трите свои основни принципи од кои никогаш нема да се откаже. Заради овие свети боженствени човечки принципи постојано беше принуден да го брани сопствениот народ во војни – локални, балкански, светски – го одржуваше духот на македонизмот, на македонските патриоти, поеднакво и кога беа масакрирани од крвниците на караѓорѓевиќи и уште поголеми крвници југокомунисти. Маките и страдањата да не ги набројувам, познати ви се на сите, не го поколебаа ВМРО да го сочува духот и со уште поголема жестокотст да ја продолжи борбата и да го исполни поставеното ветување пред својот народ за остварување на вековниот сон и созадавање на суверена, самостојна, независна и демократска држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Држава за длабок наклон заради положените стотици илјади млади животи, заради истрајноста, вербата и праведноста, и најмногу заради почитување, негување, градење и одржување на своите национални обележја и вредности: држава, народ, име, јазик, идентитет, историја и посебност. Големината на Македонија стократно се зголемува и заради тоа што сето ова го постигнува никогаш на штета и сметка на друг народ или народност. Македонскиот народ е народ кој никогаш не покажал ни грам непријателство или нетрпеливост кон други народи или малцинства ниту некогаш загрозил човечки права и слободи. Се прашувам. Тогаш зошто? Зошто направивте ваква досега во историјата невидена и единствена коалиција, најмодерно военотехнички, технолошки и политички обединета, со повеќе од една милијарда луѓе против мојата татковина, која едвај има население колку што вие имате генерали, адмирали и маршали, за војска не сакам ни да помислам. Каде ви е принципот, на кој ви почива консензусот за прекумерена употреба на сила кон послабиот? Не сум видел досега понерамноправна борба, каде што милиони луѓе напаѓаат еден човек. Нерамноправноста се зголемува по геометриска прогресија, кога се знае дека нападот е вперен против ВМРО, која единствена застана во одбрана на татковината, народот, името, идентитетот, историјата и посебноста, во одбрана на досега најнеоправданата нација на светот, македонската. Не ми треба одговор! Не ви верувам! Лажговци сте со тапија! Вие сте веќе историја. Сè уште ја пишувате победнички. Но таа не е ниту вистинска, ниту конечна. Штета ќе има секако. ВМРО нема да ја предизвика. Сами на себе си ја направија. Сите предавници ќе ги стигне казната и тоа онаа најтешката, самоказна. Презрените коцкари, измамници, кои грубо влегоа во партијата покер и во која како влог во потот го поставија сопствениот народ, името во сур, а јазикот во ресур, ќе бидат отфрлени од сите дури и од своите најблиски. Оставете ги сами да се дават во својата пропадната совест. Ќе има и дополнителна штета. Македонија ќе се изложи на буџетски трошоци од хумани причини. Ќе мора да отвори голем број психијатриски прифатилишта и таму да ги собере за да не шетаат избезумени, обезглавени и презрени по улици и да бидат предмет на потсмевање на нивните браќа, сестри, граѓани и пријатели, затоа што во незапирливиот налет на психолошка пореметеност или нескротлива лакомост по пари сакаа да го уништат својот народ до вечно исчезнување. Нема бегање. Дојдено е времето за тоа. Видовте како поминаа предавниците во Крушево, ама тоа е само почеток. Предавниците да се сокријат и во рогот од биволот, народот ќе ги пронајде. Тие се најгреота и не занимавајте се со нив! МАКЕДОНИЈА НЕУНИШТЛИВА. Неуништлива е затоа што го има ВМРО и ГОСПОД. Охридскиот Светец и Чудотоворец Свети Наум, кога после сите направени добрини на земскиот свет, преминал кај Господ, Господ се нашол во голема невоља. Тогаш владеле честити времиња. Рајот бил преполн, а пред рајските порти многу праведници, меѓу нив и Свети Наум. Тогаш Господ му рекол: Науме, за тебе немам место во Рајот. Затоа еве ти тебе Рај на Земјата, еве ти ја Македонија. Ако не ми верувате, проверете ги границите на епархијата со која раководел епископот Свети Наум, ќе видите дека се совпаѓаат со етничко-географска Македонија. А Рајот е вечен. Малку е познато, дека во Рајот престојуваат најголемите предавници, за да ја доживеат најголемата казна. Таму нема кого да предаваат и најмногу се измачуваат, повеќе дури и од оние кои горат во вечниот оган на вистинскиот пекол. Господа Американаци, ние Македонците, како и вие и вашите сојузници се крштеваме во Црква, не на референдум. Не многу одамна, во 1860 година, завојувавте вие против вие, заради задоцнета банална глупост. За укинување на ропството, кое цивилизираниот свет го укина пред повеќе од илјада години. Се боревте северњаци против јужњаци. Победивте вие северњаците. Зошто тогаш не се крстивте Северни Соединети Американски Држави, за да не ги загрозувате територијата, јазикот, идентитетот и името на Јужните Соединети Американски Држави? Затоа што сте исти. Во 1865 година постигнавте мир и можевте ова да го направите за да служи за пример, како што сега нè учите нас. Продолжувате во ист стил и после стопедесетитри години. Имате над сто милиони афро-американци, имате уште стотина милиони латино-американци. Зошто на афро-американците не им дадете Афро-американска држава, афро-американски идентитет, афро-американски јазик? Зошто на латино-американците не им дадете Латино-американска држава, латино-американски идентитет, латино-американски јазик? И со тоа да ги одбраните вашите загрозени највисоки државни и национални интереси, како впрочем што е Грција загрозена од нас Македонците. Имате и Кинези, и муслимани, а да не зборувам за италијанците кои го донесоа најубавото во Америка, не сакам да споменам како погрдно ги нарекувате. Сè е јасно. Неправедни сте. Ама сте силни. Но не заборавајте, не сте најсилни. Најсилен е најправедниот. Добро го познавате. ТОЈ е ОНОЈ, кој вие лицемерно го заменивте со вашиот нов бог доларот и го иконизиравте на вашите зелени светилишта каде се поклонувате. Ама вистинската Божја сила е тајна, невидима и непобедлива. ВМРО немој да потфрлиш сега! Сега е твоето време! Зошто? Затоа што си ВМРО и си најсилна и најмудра кога е најтешко. МАКЕДОНИЈО! Моја мила татковино, немој да се откажуваш. Нека не те залажуваат душманите и слабаците. И најмалите инсекти имаат во себе многу повеличенствени, поефикасни одбранбени механизми и вредности, со кои ги победуваат најмоќните насилници. |